Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Иначе пропадна референдумот и баравте продолжување на реформите и процесите, ево, сеа нека не се ваѓа Грујо, негласам и затоа ме затвараат, те загвараат пошо си заслужил.
 
ако имат заработка, ако нема што ќе вратат ??
ете на времето Циле беше осуден за масовно невраќање на Тајванските кредити, пробадна и банката, а тој лично од тоа немаше ни денарче ... и после го ослободија
исто така и Бучко беше замешан во предметот тенковски делови, се нанесе штета надржавата мислам околу пола милион евра а тој лично не зема од тоаа ништо ( други беа во зделките со деловите и претопувањето)
ТУКУ кога сме околу нашето кривосудство, денес имаше дека Груевски може да поднесе жалба на пресудата од Апелација до Врховен суд, АМА тоа НЕ го одлага лежењето затвор..
А КАКО за Бучковски истата работа го одложи лежењето затвор ?????
Да не има во Уставот некоја клаузула дека политичар на СДСМ не може по дефаулт да лежи затвор ??
А за политичар на Дуи изгледа има член дека НЕ МОЖЕ ни да биде осуден, па наместо Аљи и ортакот негов сведокот Богоевски кој сведочеше на суд во УСА за аферата Т-Хоме беше осуден...
Неможеш да поднесеш жалба до Врховен суд туку само вонреден правен лек. Може да побараш одлагање на извршувањето на санкцијата за одреден период поради одредени причини а таква причина не е поднесен вонреден правен лек до врховниот суд.
 
Неможеш да поднесеш жалба до Врховен суд туку само вонреден правен лек. Може да побараш одлагање на извршувањето на санкцијата за одреден период поради одредени причини а таква причина не е поднесен вонреден правен лек до врховниот суд.
колку што се знае од правосилната пресуда на бучковски до одлуката на Врховен да се врати предметот на првостепен суд помина 4-5 години , немаше во јавноста на основ на што НЕ Е упатен на издржување на казната...
2,
Ајде зашто овој од Ново Село, кој пред 3 години е осуден на условна казна, сега по нова правосилна пресуда не не се упаќа во затвор, туку Кривичен Совет ќе решава :mad:
 
Мхм, преценувај го ти пак македонскиот народ, така и за дпмне викаа па после 200 бомби 450 000 имаа на избори, кога ќе се пушти пропагандата на максимум, плус административците кога ќе свиткаат опашка, зашто ипак избори се во прашање, а не референдум, ќе праиме муабет дали пак нема да победат. Не убедливо ко на локални, ама ќе тепаат, овој тим на дпмне предводен од мицко теорија нема да парира на она со кое располагаат тие што се на власт.
Нит пак сметам дека имаат шанси од друга страна сдсм да догураат до тој фамозен број од 81 со дуи, мада кај нас све е можно, освен мицко да дое на власт, тоа у ниеден универзум нема да се деси. После бомбите, паднати медиуми ( цело мпм умре ), подршка од запад, па пак сдсм не успеаа повеќе да земат кај македонците, дојдоа на власт на начинот на кој што дојдоа, небо и земја разлика локалните со парламентарните, така да не терајте со вакви експертизи за народ ко нашиот, само ќе се разочарате, дополнително.
Самото тоа што ќе бидат избори, кај што искачаш и си гласаш тајно, бетер бродолом ќе им се деси.
На Референдумов можеа да те контролираат, се знае ако не искочиш, го јадеш. И пак не му искочија.
Први избори кај што ќе идат сами, без предизборни коалиции со Дуи, губат. Страшна разочараност има, и од ветување за вработување, и од се.
Кога сме кај македонскиот народ. Му наметнаа територијална 2004та така? Што им се деси у 2006та од Вмро кое беше бетер од ова денес, во кое член со член неќеше да се види, и се тепаа кај ќе стигнат.
Сега да им наметнат ново име, и ќе го гласаат веслачов? Еве памти го постов, ако тепа на кои било следни избори кај што ќе оди без предизборна коалиција, те частам шо сакаш :)
 
Овој документ @Ѓорѓи Н. во word му го среди.
Што ти е програмер, веднаш се гледа квалитетна изработка.
Не е соодветно за темава, но би сакал да знаеш дека програмерството нема врска со користење на Word и други апликации. И користењето на Фејсбук нема врска. Друга е работа што програмерите заради познавање на компјутерите, особено во 90-те години, кога ти си мислел дека е тоа вселенски брод, се „вични“ и во користење на апликации. Денес е тоа „превазиѓена“ работа и цел свет ги има компјутерите во секојдневниот живот. Дури и џаболебарите од типот на филозофи и слично. И играњето на игри нема врска со програмерството, и работа со меилови, графика, итн, итн... Точно е дека многу често во апликациите кои ги изработуваат програмерите се вклучени Word, меил... итн..
Се извинувам што во нессодветна тема ова го пишувам, но тука и беше почнато ова, а и ќе научат вашите ценети форумџии некои работи.
 
Ако крадел Гујо нека лежи, ама што украл??? Ај нека докажат
И Мендела лежеше апс… сега расте гневот
сега треба фино лепо Грујо од Затвор да биде кандидат на дпмне, како што беше за Јанша...
 
Самото тоа што ќе бидат избори, кај што искачаш и си гласаш тајно, бетер бродолом ќе им се деси.
На Референдумов можеа да те контролираат, се знае ако не искочиш, го јадеш. И пак не му искочија.
Први избори кај што ќе идат сами, без предизборни коалиции со Дуи, губат. Страшна разочараност има, и од ветување за вработување, и од се.
Кога сме кај македонскиот народ. Му наметнаа територијална 2004та така? Што им се деси у 2006та од Вмро кое беше бетер од ова денес, во кое член со член неќеше да се види, и се тепаа кај ќе стигнат.
Сега да им наметнат ново име, и ќе го гласаат веслачов? Еве памти го постов, ако тепа на кои било следни избори кај што ќе оди без предизборна коалиција, те частам шо сакаш :)
Ќе оди со некаква коалиција, формална или не. И напретходните одеше, и на локалните ептен. А сетете се како викаше дека со криминалци како ДУИ никако коалиција, дури и по цена на власт. А што испадна... знаеме. Настрана што ветуваше и оставка ако изгуби на избори.
 
Не е соодветно за темава, но би сакал да знаеш дека програмерството нема врска со користење на Word и други апликации.

Не знам како да ти заблагодарам на оваа информација. Веднаш се гледа дека си учен човек и дека се разбираш во компјутери. А што се тоа апликации? Тоа е кога ќе аплицираш за некоја работа, или нешто друго значи? :unsure:
 
Темава е интересна работа, пред неколку месеци за Локални Избори, сите против ВМРО (додуше само едни исти фаци), сега сите против СДСМ, додуше малку поинакви фаци (јузери)...Ни Грујо ни Зајко ни Мицко ни Шмицко не ми значат ништо. Фаците се менуваат партиите останува, не е преголема разлика меѓу двете Големи ама мене ми е јасна од секогаш.
 
ТУКУ кога сме околу нашето кривосудство, денес имаше дека Груевски може..
Има една работа, да потсетам. Не се сеќавам на датумите, но 2 дена пред пресудата на Груевски во Основен Суд, имаше (ослободителна) пресуда за Заев (евро црква, евро мене). За Груевски и на Апелационен Суд (денес) помина, после жалбата, а жалбата за Заев (од страна на Обвинителството) никој не ја ни спомнува, не е ни почната. А, ќе повторам, пресудата за неговиот случај беше 2 дена пред онаа за Груевски.
 
Иначе пропадна референдумот и баравте продолжување на реформите и процесите, ево, сеа нека не се ваѓа Грујо, негласам и затоа ме затвараат, те загвараат пошо си заслужил.
Постапкиве будат дебели сомнежи дали заслужил. Многу повеќе ми изгледа на лов, на политички судења.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom