- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.464
- Поени од реакции
- 5.881
За тебе и за тие кои мислат како тебе :Ајде момче затоа што гледам дека си глупо да ти ги објаснам веселите математики кои што ги тераш.
Од вкупно тогаш 1.780.000 гласачи, искочиле 968.000 или 54%. Со самото ова изборите се легитимни затоа што е остварен цензуот од 50%+1 гласач. Од овие 968.000, Иванов добива 535.000, а неговиот конкурент Пендаровски добива 398.000 гласови. Со самото ова Иванов е легитимен претседател на Република Македонија, дали ти си го сакал ова или не. Кога станува збор за референдумот, излезеност од 35% е еднакво на неуспешност без разлика на исходот.
Иванов во 2009та стана претседател на начин што освои само 453.000 гласови.
Излезени на гласање беа 764.000 граѓани односно 42,6%.
Значи Иванов со 453.000 гласови, претседател, со полни права и должности. Иванов со 453.000 гласа (при 42,6% излезеност), врховен командант.
Иванов со 453.000 гласа може да не потпишува закони.
Иванов со 453.000 гласа може да не му го даде мандатот за составување на влада на коалицијата која има околу себе над 600.000 гласачи. (можел значи и во првиот негов мандат да го направи тоа што го направи во вториот со Заев)
453.000 гласови на Иванов при 42.6% излезеност посилни него 610.00 гласови ЗА во еден консултативен референдум.
Да добро прочита : Консултативен.
Одлуката сепак ќе се донесе во собрание со 2/3.
Што повторно е повеќе него гласовите на Иванов и повеќе од гласовите на референдум.
Друго ќе беше доколку вие што бевте против договорот со Грција, излезевте на референдум и вадевте 620.000 гласови против.
Моментално има најмалку 3 групации :
1. Го подржуваат договорот пошто мислат дека државата ќе излезе од немирните води.
2. Не го подржуваат договорот и мислат дека се загрозува македонскиот народ.
3. Не им е гајле за државата колку што им е за партијата, доколку Грујо повикуваше на референдум ќе излезеа и ќе гласаа ЗА договорот со Грција кој го постигнал Грујо ( Горна Р.Македонија - Скопје или некој друг што бил на маса).
Немаше излезност од 50% заради овие третите, не заради вторите.
Тоа го знаеме и ние глупаците и вие паметните, и токму затоа случајот проаѓа во собрание.