Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Ајде момче затоа што гледам дека си глупо да ти ги објаснам веселите математики кои што ги тераш.
Од вкупно тогаш 1.780.000 гласачи, искочиле 968.000 или 54%. Со самото ова изборите се легитимни затоа што е остварен цензуот од 50%+1 гласач. Од овие 968.000, Иванов добива 535.000, а неговиот конкурент Пендаровски добива 398.000 гласови. Со самото ова Иванов е легитимен претседател на Република Македонија, дали ти си го сакал ова или не. Кога станува збор за референдумот, излезеност од 35% е еднакво на неуспешност без разлика на исходот.
За тебе и за тие кои мислат како тебе :

Иванов во 2009та стана претседател на начин што освои само 453.000 гласови.
Излезени на гласање беа 764.000 граѓани односно 42,6%.

Значи Иванов со 453.000 гласови, претседател, со полни права и должности. Иванов со 453.000 гласа (при 42,6% излезеност), врховен командант.
Иванов со 453.000 гласа може да не потпишува закони.
Иванов со 453.000 гласа може да не му го даде мандатот за составување на влада на коалицијата која има околу себе над 600.000 гласачи. (можел значи и во првиот негов мандат да го направи тоа што го направи во вториот со Заев)

453.000 гласови на Иванов при 42.6% излезеност посилни него 610.00 гласови ЗА во еден консултативен референдум.

Да добро прочита : Консултативен.

Одлуката сепак ќе се донесе во собрание со 2/3.
Што повторно е повеќе него гласовите на Иванов и повеќе од гласовите на референдум.

Друго ќе беше доколку вие што бевте против договорот со Грција, излезевте на референдум и вадевте 620.000 гласови против.

Моментално има најмалку 3 групации :

1. Го подржуваат договорот пошто мислат дека државата ќе излезе од немирните води.

2. Не го подржуваат договорот и мислат дека се загрозува македонскиот народ.

3. Не им е гајле за државата колку што им е за партијата, доколку Грујо повикуваше на референдум ќе излезеа и ќе гласаа ЗА договорот со Грција кој го постигнал Грујо ( Горна Р.Македонија - Скопје или некој друг што бил на маса).

Немаше излезност од 50% заради овие третите, не заради вторите.

Тоа го знаеме и ние глупаците и вие паметните, и токму затоа случајот проаѓа во собрание.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.996
Резултатите се повеќе од јасни, македонскиот народ не сака по секоја цена да влезе во ЕУ и во терористичкиот пакт. А и правилата на игра се многу јасни-промената на името води кон терористичкиот пакт и почекот на долги преговори со ЕУ кои можат и да траат и повеќе од 10 год. Прашањето е што ќе правиме ние таа деценија? Дали наредната власт ќе сака да ги продолжи тие преговори? Дали во Грција ќе има расположение Македонија да стане членка преку неактивирањето на ветото!? Многу коцки треба да се поклопат, меѓу другото во Грција да се имплементира овој договор, а таму власта има тесно мнозинство, а во Македонија нашата власт истото го нема за целосна ратификација на договорот. Ова се поени за опозицијата, но не и за ДПМНЕ која се приклучи на бојкотот пет до шест. Тоа е касно. Нејзината неодлучност и промената на ставот кој го пропагираа би требало да ги чини политички поени, но тешко дека истото ќе се случи, а уште потешко е во ваква ситуација истото и да се предвиди, може да се оди по некоја логика и одредени претпоставки кои не секогаш се покажуваат и како точни.

СДСМ се големи губитници, заедно со албанските партии кои нема да одат во коалиција во СДСМ за парламентарните избори. Прво на иста маса се Беса и ДУИ кои се во ривалитет. Албанците во Беса гледаа(т) спас од ДУИ и Ахмети и таа шанса Беса мора да ја искористи. И тука се маргиналните ДПА и Алијансата (има 40.000 гласови, но ја изгуби Струга која и беше упориште) кои се тотално уништени по локалните избори и ќе биде вистинско чудо ДПА да побие пратеник, а Алијансата може да добие најмногу 2. Во албанскиот блок ова би биле избори со доминација на ДУИ (скоро 2 децении власт си има свои предности), следени од Беса која е понова на политичката сцена но може да добие некој пратеник плус (пред се тука би ги пишал дел од гласовите на албанците кои ги дадоа за СДСМ). Второ, се гледа дека ДУИ сака да избегне избори поради тоа што имаат климаво мнозинство кое може лесно да се изгуби, но и можноста да изгубат некој пратеник, што беше и случај на претходните парламентарни. Сепак ДПМНЕ има најмалку 350.000 гласачи. Тоа е голема бројка. Ако се претстават како херои за спас на името, 100% ќе победат во македонсиот блок, проследени и со слабите резултати на новата власт. Можеби и ништо нема да се смени во Собранието, но овој блок во никој случај нема да добие 80 пратеници. Мислам дека во такви избори, ДПМНЕ само ќе добие некој пратеник плус.
Договор нема да има, затоа што ако не постигнат, ДПМНЕ ќе излезе како победник. Зошто? Едната причина веќе ја наведов- македонскиот народ ќе мисли дека го спасиле името, а втората е неуспехот на Заев кој си ја коцка политичката кариера со овој договор.

И нека си ги видат само своите пароли кои ги користеа како пропаганден материјал, па потоа дека го посочуваат прстот кон Русија. Русија не го направи ова, македонскиот народ го спушти палецот надолу за договорот и со самото тоа истиот мора да е мртов. Ако Заев се вадеше на народот, мора да верува во принципите и во своите зборови и да го стопира процесот и преговорите да ги започне од почеток. Затоа што и договорот да се усвои во Собрание, повторно е отворена опцијата за референдум, каде повторно ќе излезам и ќе гласам против овој договор. Мене би ми било срам да продолжам пусто да туркам нешто за кое сум побарал граѓанско изјаснување и истото паднало. Ако нема афирмација, нема потреба од одење со глава во ѕид. Но така функционира ЕУ, па затоа ќе мора да се приспособиме на новиот начин на носење на одлуките. :)
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.245
Поени од реакции
11.509
@Dardan-ia
Иванов е претседател по сите правила и прописи.
Референдумот пропадна по сите правила и прописи.
Биди поздравен,не можеш да не манипулираш нас.А тие што можат да се манипулираат со вакви глупости,веќе се изманипулирани.Така да само смешки ни правиш овде и ништо повеќе.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Дечки џабе го цитирате, сто години е на форумов, не можете да извлечете дискусија од него или пак скраја да е да му промените став за нешто, дојден е тука за пропаганда, како со робот да разговараш. Ставете го на игнор.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
9.399
Референдумот требаше да го отвори патот кон овој договор, но цензусот го затвори и тоа мора да им биде јасно на партиите од власта. Значи со закон и Устав неслучајно е уреден цензусот, а и реално нецела третина нема право да одлучува во име на останатите 2/3. Значи за закон и Устав се работи и тие треба да се над се. Тоа што во година ипол се демонстрира своеволие со тесно мнозинство непочитувајќи ништо правно во државава, не треба да стане пракса за се, поготово НЕ за најважното прашање на Македонија.

Сега сите полемики нема попис, нема толку жители во Македонија. Чекајте малку, право на глас имаат сите ДРЖАВЈАНИ на Македонија, а не граѓаните кои се со постојано живеалиште во Македонија. Значи на пример и фактичката состојба да е во Македонија да живеат 800 илјади жители, а да има 3 милиони ДРЖАВЈАНИ, тогаш ПРАВО НА ГЛАС имаат 3 милиони ДРЖАВЈАНИ, а не само тие 800 илјади кои живеат тука и што побрзо некои го разберат толку подобро.

Понатака, видливо е дека референдумот партиите на власт, а и нивните следбеници го толкуваат како да се носи политичка одлука, а не одлука која ја носи народот по тој референдум. Ги гледам споредуваат бројки од избори, а и нивните следбеници го следат истото. Тотален нон сенс, затоа што се работи за носење одлука, а не за давање поддршка на некоја политичка опција. Тотално 2 различни поими каде луѓе со демократски капацитет лесно го разбираат, а ние очигледно сме далеку од тоа.

И за крај, тие што не гласале биле незаинтересирани и го игнорирале прашањето, па затоа тие немале никакво право да коментираат околу одлуката (а се 2/3 од гласачите), а пак ти што гласале имале право да ја носат одлуката и покрај тоа што се само 1/3 од гласачите. Немојте ве молам. Затоа е и цензусот меѓудрогото поставен...Зошто не се запраша никој дека бојкотот покрај се може да биде и одлука на поединецот затоа што нема доверба во институциите, во власта, во самата организација на референдумот и дека неговиот глас може да биде изманипулиран. На референдумот имаше 606к кои се изјаснаа ЗА, а сите сме свесни дека околу 50к+ беа гласови со наполнети кутии. Ненормално полнење на кутии се случи во неделата после 15 часот. Да не спомнам за притисоци и уцени. Што ако имаше 590к кои би гласале ПРОТИВ? Нивната волја реално би била поголема од тие што гласале ЗА, но поради полнење кутии нивната волја би била изманипулирана. Затоа е и БОЈКОТОТ меѓу другото, но првенствено од недоверба кон институциите дека нивното право на глас ќе биде изманипулирано со цел власта да ја помине својата цел.
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Во секој случај, сите што се против договорот а бојкотираа најверојатно ќе извисат. За жал. Ама и не толку за жал пошто јасно беше дека цензусот нема да игра голема улога, зошто побогу инаку би бил референдумот консултативен? Заев во последното видео пред реферндумот во Крушево го кажа ова, буквално. Инаку ќе си го направеа задолжителен и фино лепо ќе си беа тотално ослободени од било каква одговорност. Всушност и 90% да имаше излезеност и од тие 99% да гласаа ЗА пак ќе се тераше на собрание и пак може ќе пропаднеше таму.
Таков си е законот, иако би рекол прилично застарена работа е тоа цензус да има. Далеку поголеми демократии немаат цензус пошо многу народ буквално не ги интересира да гласаат а одлука мора да падне, нема земјата во место да стои.
Како и да е, ако сте против молете се на пратеници само, баталете референдумот, сериозно.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.739
Поени од реакции
36.701
За тебе и за тие кои мислат како тебе :

Иванов во 2009та стана претседател на начин што освои само 453.000 гласови.
Излезени на гласање беа 764.000 граѓани односно 42,6%.

Значи Иванов со 453.000 гласови, претседател, со полни права и должности. Иванов со 453.000 гласа (при 42,6% излезеност), врховен командант.
Иванов со 453.000 гласа може да не потпишува закони.
Иванов со 453.000 гласа може да не му го даде мандатот за составување на влада на коалицијата која има околу себе над 600.000 гласачи. (можел значи и во првиот негов мандат да го направи тоа што го направи во вториот со Заев)

453.000 гласови на Иванов при 42.6% излезеност посилни него 610.00 гласови ЗА во еден консултативен референдум.

Да добро прочита : Консултативен.

Одлуката сепак ќе се донесе во собрание со 2/3.
Што повторно е повеќе него гласовите на Иванов и повеќе од гласовите на референдум.

Друго ќе беше доколку вие што бевте против договорот со Грција, излезевте на референдум и вадевте 620.000 гласови против.

Моментално има најмалку 3 групации :

1. Го подржуваат договорот пошто мислат дека државата ќе излезе од немирните води.

2. Не го подржуваат договорот и мислат дека се загрозува македонскиот народ.

3. Не им е гајле за државата колку што им е за партијата, доколку Грујо повикуваше на референдум ќе излезеа и ќе гласаа ЗА договорот со Грција кој го постигнал Грујо ( Горна Р.Македонија - Скопје или некој друг што бил на маса).

Немаше излезност од 50% заради овие третите, не заради вторите.

Тоа го знаеме и ние глупаците и вие паметните, и токму затоа случајот проаѓа во собрание.
Вчера ти одговорив на ова, ќутиш ко пичка.

Ебате телето.[DOUBLEPOST=1538502949][/DOUBLEPOST]
Во секој случај, сите што се против договорот а бојкотираа најверојатно ќе извисат. За жал. Ама и не толку за жал пошто јасно беше дека цензусот нема да игра голема улога, зошто побогу инаку би бил референдумот консултативен? Заев во последното видео пред реферндумот во Крушево го кажа ова, буквално. Инаку ќе си го направеа задолжителен и фино лепо ќе си беа тотално ослободени од било каква одговорност. Всушност и 90% да имаше излезеност и од тие 99% да гласаа ЗА пак ќе се тераше на собрание и пак може ќе пропаднеше таму.
Таков си е законот, иако би рекол прилично застарена работа е тоа цензус да има. Далеку поголеми демократии немаат цензус пошо многу народ буквално не ги интересира да гласаат а одлука мора да падне, нема земјата во место да стои.
Како и да е, ако сте против молете се на пратеници само, баталете референдумот, сериозно.
Цензус важи и за консултативен и за задолжителен референдум. Заев не е уставен толкувач.

Бујрум нека иде на избори сега. Таман после цело вреѓање и морализирање што го направија за тие што не излегоа на гласање, нека распише уште утре избори.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Бачев до пратениците на ВМРО ДПМНЕ: Нема да стигнете до граница

да, ама предавниците што ќе земат по 2 милки нема пешки да одат, туку со аероплан право на Кипар а парите ќе им ги дадат на кипарска сметка
Хаха а овој па што ќе им направи, ќе им го пушти Влахов Мицов со ноктот да ги коли.
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Цензус важи и за консултативен и за задолжителен референдум. Заев не е уставен толкувач.
А која е разликата тогаш, шо е поентата да постои консултативен референдум?
Ете референдумот не постигна цензус. И сега, забрането е по закон собранието да тера натаму? (Искрено стварно ме интересира, не сум го читал законот just логика.)
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.691
Поени од реакции
28.165
Еве oвoј слепецoт Бaчев јa пoтврдувa инфoрмaцијaтa штo се пушти пред неделa денa,пoстирaв зa тoa декa пo 2 милиoнa еврa пo прaтеник дaвaaт зa двoтретинскo мнoзинствo дa oбезбедaт.Истo тaкa се збoри декa Мијaлкoв и Грујo ке ги дaвaaт тие пaри oд тие штo ги утoпијa,a сo цел дa си јa купaт слoбoдaтa
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Пак Тачи се сили никој албанец немало да коалицира со вемеро. Ти ли најде да збориш бе "верен до гроб", утре да дувне друг ветер пак ќе пееш друга песна не се бламирај барем. И друга работа веќе кога заплашуваат со дестабилизации и распади никој неќе да спомне дека имам договор за стратешко партнерство со САД и Турција кои патем ни го гарантираат територијалниот суверенитет и интегритет.[DOUBLEPOST=1538503741][/DOUBLEPOST]
Еве oвoј слепецoт Бaчев јa пoтврдувa инфoрмaцијaтa штo се пушти пред неделa денa,пoстирaв зa тoa декa пo 2 милиoнa еврa пo прaтеник дaвaaт зa двoтретинскo мнoзинствo дa oбезбедaт.Истo тaкa се збoри декa Мијaлкoв и Грујo ке ги дaвaaт тие пaри oд тие штo ги утoпијa,a сo цел дa си јa купaт слoбoдaтa
Па еве очигледно е, одлуката за Грујчо заглави на апелација со недели.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.691
Поени од реакции
28.165
Акo пoмине у сoбрaние oвa штo се глaсaше,еден ден немa дa лежи рoбијa никoј,a Шекеринскa некa ви текне кaкo му се смее нa Зaев нa сите пресoви пoзaди грб,ке гo снaјде истoтo штo му велеше Апaсиев нa Бетмен-Друже те изрaбoтијa зa сите пaри
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Еве oвoј слепецoт Бaчев јa пoтврдувa инфoрмaцијaтa штo се пушти пред неделa денa,пoстирaв зa тoa декa пo 2 милиoнa еврa пo прaтеник дaвaaт зa двoтретинскo мнoзинствo дa oбезбедaт.Истo тaкa се збoри декa Мијaлкoв и Грујo ке ги дaвaaт тие пaри oд тие штo ги утoпијa,a сo цел дa си јa купaт слoбoдaтa
Многу е тоа, ги прецениле, Данев на пример и за 15 денари повеќе би се шитнал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom