А да го споредеше сo ASYG 35 LLC, кој бтв е иста цена со Хансолот во Хидросет (иако доста поевтин во соседството)!?... Проработе ли кај тебе LLCE-to или сте само на LUCA, кој е несомнено врвен модел и веројатно си врши работа беспрекорно!? Но имаш ли мислење за помалиот (и послаб) брат на LUCA од семејството Fujitsu!? Не мислиш дека за 20тина кв е подобар избор LLCE од Хансол?... прашува Џио, за греење на дневна од 20 квадрати ако добро разбрав со PVC столарија!? Веројатно и 09ка од Fuji би му вршела работа, но не боли глава од 1kW повеќе, особено и поради тоа што како рече тој северна страна е (прилично ладна просторија)!?
Се согласувам дека при избор треба да се има во предвид и уреди од други произведувачи, во зависност од финансиската моќ. Моделот кој го споменуваш верувам дека би бил повеќе од доволен. Се работи за влезен модел на марката Fujitsu со редизејнирана внатрешна единица ( за разлика од моделот ASYG LLCB, LLCA, LLCC ).
За појаснување, јас само го дадов моето мислење за понудените модели и марки. Во понудата за избор не беше споменат Fujitsu, Mitsubishi, Daikin, Toshiba, Hitachi ....
Во однос на моделот Fujitsu LUCA можам да кажам дека сум задоволен барем овие претходни 4 сезони. Претстои 5-та сезона, се надевам дека успешно ќе си ја врши работа како и претходните 4 сезони. Штета што нема поголема конкуренција за да марката Fujitsu биде попристапна кај нас, како што е во Србија. И на крај се разбира ја препорачувам оваа марка, но трговецот мора да изнајде начин цената да биде поприфатлива, да се откаже од дел од профитот на сметка на обртот. Но за жал и покрај сугестиите и повиците, истиот се оглушува и продолжува по старо- кусогледо, само исклучиво својот интерес. Ех кога освен двајцата трговци кои го продаваат Fujitsu се појави и трет и четврти...... Затоа Грее полека-полека го освојува македонскиот пазар. Она што Fujitsu е за Србија, Грее е на пат да стане во Македонија ( се разбира доколку и тие не се полакомат и секако доколку најдат начин за олеснување на набавката на нивните клими како на пример промоции, бесплатна монтажа за некои модели, намалување на цени за некои модели, овозможување за набавка на кредит по поволни услови, бесплатен годишен сервис или по намалени цени и тн.)
Да не заборавам, како и порано што имам споменато поседувам уште еден Fujitsu модел ASYG 07 LMCA. Добра клима за помали простории ( детски соби, спални и сл). Задоволен сум и од овој модел. Но кога би правел споредба со Fujitsu ASYG 12 LUCA, LUCA е многу, многу посупериорен модел во секој поглед.[DOUBLEPOST=1538488178][/DOUBLEPOST]
Ти благодарам за информацијата се надевам дека ќе користи и на други заинтересирани.