Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Ситуацијава е за никаде. Ако Заев ги амнестира сите што лаеше дека ќе си лежат за да добие поддршка во парламент, тогаш не ни треба ЕУ. Што ќе ти е ЕУ кога ќе нема никој никаква одговорност во земјава. Така да само нека продолжат со ова темпо и така сега и на ВМРО и на СДСМ 90% од подджувачите им се 60+ години а во иднина нека си ги укинат тие младинските организации и нека ги прекрстат во Унија на Стари Сили и ССМ - Социјал демократска старина на Македонија. Живо пиле под 40 години нема да остане без разлика на референдуми и преговори. Младината бега од крадење од неправда од корупција тоа е тоа...
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.720
Поени од реакции
17.096
Ситуацијава е за никаде. Ако Заев ги амнестира сите што лаеше дека ќе си лежат за да добие поддршка во парламент, тогаш не ни треба ЕУ. Што ќе ти е ЕУ кога ќе нема никој никаква одговорност во земјава. Така да само нека продолжат со ова темпо и така сега и на ВМРО и на СДСМ 90% од подджувачите им се 60+ години а во иднина нека си ги укинат тие младинските организации и нека ги прекрстат во Унија на Стари Сили и ССМ - Социјал демократска старина на Македонија. Живо пиле под 40 години нема да остане без разлика на референдуми и преговори. Младината бега од крадење од неправда од корупција тоа е тоа...
Џабе го збориш ова другар или нема да бегаат од партијата младите од страв дека ке ги отпуштат или нема да бегаат бидејќи им е сосема исперен мозокот (за жал). Но и јас би сакал ниеден млад под 30 години да е у некоја партија, па да видиме дали тогаш ке се освестат, ако имаат свест
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.234
Поени од реакции
15.292
Po sve izgleda zapadot ke amnestira izbori bez opozicija....ili so niv ama pod " nivni" uslovi
Rabotata mora da ja završat
 
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
Голема заслуга за неуспешноста на референдумов има Мицко, ваков таков никаков изигра математички прецизно ( може на несакање или по грешка али не е ни битно). Знаејки дека и така нема некој кој знае каков авторитет ни меѓу членството во ВМРО ниту надвор од него едноставно го пушти народот да пресуди. Ако тој по некоја случајност повикаше или се залеташе да биде лидер на бојкотот ( а тоа и беше желбата на СДССМ) целата кампања ќе се играше против него, Грујо, ВМРО , фамилијата и не знам што, све само не само за главната причина референдумов, ништо чудно луѓе што апстинираа а не го сакаат ВМРО ( а имаше многу такви) да излезеа да гласаат. Вака народот се насочи против директните идиоти кој не доведоа во ваква ситуација, во некој друг случај ништо чудно народниот бојкот да фатеше погрешни патеки, затоа и беше налудначавото барање на идиотиве да се изјасни Мицко што ќе прави.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.139
Поени од реакции
3.903
Искрено, таа загатка ме збунува и не можам никако да ја дешифрирам. Имам само една верзија која е премногу апокалиптична, сулуда и параноична и е премногу off limits за да држи вода. Оти другата алтернатива е дека оркиве станале коректни, совесни и еманципирани граѓани, односно варијанта што Азриел ја потегна како можен потенцијален тренд. А тоа ми е дури и поневеројатно од првава, сулудава верзија.
Мислам дека голем дел од Албанското население е заминато во странство, Швајцарија, Италија... Ние се жалиме дека младината ни заминала но мислам дека иселувањето од албанските средини е со многу поголем интензитет. Затоа и неможеше да се направи пописот, затоа албанскиот блок политички партии бараа пописот да се одржи во време на летните одмори кога иселениците доаѓаат овде на одмор. Има села кои надворешно изгледаат како Беверли Хилс, со супер куќи, базени..... но ако влезеш ке сватиш дека на секои 3-4 куќи има присутен по еден - двајца старци, дека се тоа куќи на нивните деца кои се во странство. Но од друга страна и иселувањето од македонските средини низ годиниве зема се поголем замав, посебно во источниот дел имаме места, како Виница на пример, кои исто така се испразнија.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.234
Поени од реакции
15.292
Нема начин да го направат тоа. Тоа што Ван Хојте си блада, тоа се само негови лични желби.
Ili Mvro( so M) ke bidi statista i žrtveno jagne na izbori.....ili ke ima izbori i bez niv
Evrobirokratite i toa ke go opradvdaat

Ako ne uspee vo megjuvreme operacijata "pazarenje pratenik"
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.388
Поени од реакции
17.607
Ili Mvro( so M) ke bidi statista i žrtveno jagne na izbori.....ili ke ima izbori i bez niv
Evrobirokratite i toa ke go opradvdaat

Ako ne uspee vo megjuvreme operacijata "pazarenje pratenik"
Тоа би било со амин на Мицко, односно ако Заев реши без пржинска влада да организира избори и ДПМНЕ се решат на бојкот. Ама такво самоубиство не верувам дека би си направиле.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.477
Поени од реакции
5.532
Што е сега, сите сме биле вмровци ако сме се радувале на пропаднатиот референдум? :)

Вакви муабети тука се правеа и пред 2 години непосредно пред да падне Грујо од власт, сите биле комуњара... додуша тие што беа комуњара после менувањето на власта си заминаа, и повторно се вратија пред референдумот, сега барем лесно се забележуваат, али нејсе... поентата ми беше дека пред да падне Груки вака гракаа неговите следбеници, а сега гракате вие навидум "европските граѓани" кои можат да ве купат за сендвич, и да ви продадат приказна за терористите и војната која и следи на земјава (copy-paste тактика на Грујо)


Едноставно помирете се, референдумот не успеа ради тоа што кампањата им беше насилно водена, Гебелсова пропаганда се тераше, истата застарена стратегија водеа како и 2004 (патем се важи тој референдум? незнам стварно, молам за одговор :unsure: ), договорот што го потпишаа во Преспа е капитулантски за нас (ЕБАН ФАКТ!!!), криењето за менувањето на амандманите, самото прашање на референдумот е потценувачко па дури и за лица со потпросечна интелегенција (ЕУ и НАТО го вметнале бре :facepalm: ), па и на самиот ден на референдумот очигледно беше полнењето кутии, фамилијарно гласање, влечење за уши (Грујова тактика), поткупување на гласачи (ова важи претежно за ромската популација во земјава)

И сега со сиот ум викате "ЕЕЕЕ VMR-Ofci edni, ne sakate da prosperira zemjava!!1!1" Дајте ви се молам, нели бевте европски граѓани, од каде сега вакви малоумни мислења?
Грујо го симнаа со пенкало, а моментално народот со лежење дома и правење ајвар му даде предупредување, или поточно жолт каротн на Заев и компанија за тоа што ги чека во иднина ако продолжат да го игнорираат населението. И гледам дека не им иде памет, нема да ја почитуваат волјата на МНОЗИНСТВОТО (уште еднаш повторувам: МНОЗИНСТВОТО) народ што НАМЕРНО НЕ излезе на референдумот. Видовме дека нит Меркел, нит Хан, нит Столтенберг и Макрон не помагаат ако го навлечеш гневот на народот. Али уште еднаш покажуваат дека се вазалска власт, директно водена под палката на една палата што се наоѓа таму горе... на Скопското Кале.

Не луѓе, не ја барајте неуспешнуста на референдумот во народот, туку во тие што ја водат државава последниве 2 години. Не мора да се резилите за проклети сендвичи и да покажвате со прст кон некого кој има свое мислење, и размислува слободно без некој да му подметнува сендвич или продава приказни за распад на државата. Не си правете лошо само за вас, туку и за вашите пастири што ве водат...

Вината кај Бихачка, не кај народот ;)
Уба анализа ама кажи сега решение на ситуацијава во која сме и што понатаму. 27 години сме во лимбо, треба да продолжиме пак вака? Не можам да го разберам народов, 12 години седевме во место не ни чинеше, сега сака некој да не однеси во ЕУ и НАТО пак не чини. Уште еднаш европа нема да ни посвети толку внимание и со промена на власта во Грција тешко дека некогаш ќе се стигни до некаков договор.
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.691
Поени од реакции
28.165
Уба анализа ама кажи сега решение на ситуацијава во која сме и што понатаму. 27 години сме во лимбо, треба да продолжиме пак вака? Не можам да го разберам народов, 12 години седевме во место не ни чинеше, сега сака некој да не однеси во ЕУ и НАТО пак не чини. Уште еднаш европа нема да ни посвети толку внимание и со промена на власта во Грција тешко дека некогаш ќе се стигни до некаков договор.
Пoследен пaт-И тие штo не глaсaa се зa ЕУ и Нaтo.Не се глaсaше зa влез,туку зa прегoвoри пoчетни вo дoгледнo време без oдреден дaтум.Еве убaвo сoстaвенo oд дечкoвo [DOUBLEPOST=1538465370][/DOUBLEPOST]
Патот до НАТО и ЕУ не води преку договорот, бидејќи во договорот нема датум за влез туку дека Грција нема да го спречува влезот, ама тие сојузи имаат над 20 членки што може да кочат.
Патот до НАТО и ЕУ води преку средување на државата, преку спречување на корупција и криминал.
А тоа никогаш нема да се среди, бидејќи Македонче ко Македонче за да дојде на власт ќе вика оваа влада е корумпирана има криминал итн, ко ќе дојде на власт тој ќе прави криминал, ама другото Македонче ќе го вика истото.
И нормално ЕУ ќе рече мора да средите со корупција и криминал за да влезете во ЕУ.
Сега јасно ти е зошто нема никогаш да влеземе во ЕУ ???????
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.971
Поени од реакции
18.716
Голема заслуга за неуспешноста на референдумов има Мицко, ваков таков никаков изигра математички прецизно ( може на несакање или по грешка али не е ни битно). Знаејки дека и така нема некој кој знае каков авторитет ни меѓу членството во ВМРО ниту надвор од него едноставно го пушти народот да пресуди. Ако тој по некоја случајност повикаше или се залеташе да биде лидер на бојкотот ( а тоа и беше желбата на СДССМ) целата кампања ќе се играше против него, Грујо, ВМРО , фамилијата и не знам што, све само не само за главната причина референдумов, ништо чудно луѓе што апстинираа а не го сакаат ВМРО ( а имаше многу такви) да излезеа да гласаат. Вака народот се насочи против директните идиоти кој не доведоа во ваква ситуација, во некој друг случај ништо чудно народниот бојкот да фатеше погрешни патеки, затоа и беше налудначавото барање на идиотиве да се изјасни Мицко што ќе прави.
Голем багаж влечат позади себе и со кој образ они ќе предводеа нешто вакво удавени до гуша во криминали? Може не помогнаа директно како партија, ама со самото тоа што се тргнаа движењето доби народен карактер наместо партиски (и бојкотираа и луѓе кои немаат врска со ДПМНЕ)... Ако они се приклучеа во екот на кампањата веднаш ќе им го извадеа прљавиот веш и ќе го дискредитираа движењето, односно дека крајната цел на бојкотирам е ослободувањето од обвиненија на личности од нивната партија, а не израз на вољата на народот против некаков наметнат договор. За успешноста на бојкотирам по мене најголема заслуга си имаат левица и Апасиев, момакот нема емисија/тв шоу а да не ги искина у поим.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.093
Поени од реакции
16.219
Ili Mvro( so M) ke bidi statista i žrtveno jagne na izbori.....ili ke ima izbori i bez niv
Evrobirokratite i toa ke go opradvdaat
Ako ne uspee vo megjuvreme operacijata "pazarenje pratenik"
тие од 27ми ќе ги испазарат беспари, ама треба плус други... ако идат на купување ќе има реакции и од другите мкд пратеници кој треба џабе да ја изгласаат Преспа... нив ќе им ветат фрее корупција со амин на ЕУ
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.240
Поени од реакции
26.094
Прво - Тетово, Дебар, Чаир имаат поголема излезност од Штип, Прилеп, Паланка. Кај ги глеаш бројките, веројатно сам не знаеш.
Второ, што сакаш да кажеш? Бејли не одобрил полнење кутии? Под кои нормални околности објасни ми, излезноста во 17:00 е 520к, а во 19:00 е 670к. Сакаш да ми кажеш дека 150 иљади чекале последни два саати да идат да гласаат?
Тие средини кои ги наведе, Тетово, Гостивар, Чаир, имаат доста население кое е македонско. Набљудувачите кои беа поставувани, мораше да бидат од тоа избирачко место, па така во избирачко место што е мултиетничко, си имаше македонец набљудувач, и пунењето не можеше да оди до таа мера. Во избирачки места во Сарај, Липково итн. кај што немаш македонец, полнењето идеше до екстремно високи граници.

Ова е за тебе нормално? Во албанска средина, каде секој втор е во Швицарска?

Прегледај го приврзокот 197537

Или ова е нормално?

Прегледај го приврзокот 197538
Колку е повисока, на ниво на статистичка грешка?

Од другиот муабет се гледа дека избори си видел само преку ТВ. Имало набљудувач Македонец во Врапчиште, Форино, Зајас или Боговиње и тој супермен ќе спречел полнење кутии...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Не е проблемот со германскиот пасош зш кога го земаш, не ги пишуваш сите роднини бугарски поданици ама до утре да ти се црта нема да разбереш.

Чим го спомнуваш Охрид во БГ конотација се гледа дека длабоко е инсталирана бугарштината во тебе така да прикаските за горд Македонец на пазар продавај ги :)))))
Од што разбира и во МКД повеќе зборува на бугарски, отколку на македонски јазик. :icon_lol:
Бугарски 100% разбирам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom