- Член од
- 4 ноември 2017
- Мислења
- 2.199
- Поени од реакции
- 4.171
Јас сакав да кажам дека пример, чим Војводиќ, на кој ова му е трета сезона во Вардар, игра само во СЕХА и наша лига, а веќе двајца тренери не му даваат шанса во ЛШ, тогаш тука има некој сомнеж за неговиот квалитет. Реално ако тоа стане и случај со Киселев тогаш имаме проблем, зошто пола екипа технички не ни игра ЛШ. Ние на вчерашниот натпревар, имавме 4 играчи кои не излегоа од игра. Значи само на 3 позиции ротиравме. Од клупа ни влегоа три играчи цел натпревар, Каралаш, Чупиќ и Карачиќ.Логиката на Парондо засега е да ги одмара главните играчи целосно во СЕХА. Таму добиваат шанса и Кисељев и Оцвирк и Војводиќ, да не речам со втора постава игра во СЕХА моментално Вардар. Само не знам колку ваквиот начин на ротација реално ќе им помогне на играчите. 40+20 минути во една недела пример е далеку поздрава варијанта од 60+0 иако вкупно играат исто.
Мислам, во состав ги имавме овие натпревари, Оцврик, Војводиќ, Недановски, Поповски, Мишевски, Кизиќ. Играчи кои скоро имаат нула шанси да влезат во битен натпревар од ЛШ. Киселев одигра 10 мин против Монтпелје и даде мислам 1 гол. Ама, ние ефективно играме со 10 играчи. Тоа што Столе и Горобок не играат многу не хендикепира. Ако Киселев не добива минутажа, тогаш кога ќе играме со некој јак, Кристопанс ќе треба да игра 60 мин, како што стално игра Дибиров.
Ај, сеа ќе имаме нов голман, па на таа позиција ќе може малку Милосављев да се одмори.