Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 август 2010
Мислења
39.224
Поени од реакции
113.095
Него да ве прашам, реторичко прашање, гледам овде сте повеќе ЗА да пропадне договоров со Грција. Свесни сме сите дека без дог со Грчка ќе бидеме у 99% од случаите надвор од ЕУ (за НАТО не ни треба да расправаме сите сме против) ? Свесни сме дека секој евентуален нареден дог со Грција ќе биде мин како овој или полош? Свесни сме дека ќе им го накршиме на Грција со ова и сиот притисок шо го имаа до сега ќе го пребацат на нас и ќе се вадат на нас, а они неможат ни да не смислат, и кај нив граѓаните не се ни 36% ЗА овој договор ?
И? Тоа значи дека треба да се поништам сам себе како Македонец и да прифатам да го испушам секој можен кур надвор од границите на Македонија? Верувам дека сите овде што дебатираме и не сме за прифаќање на преспанскиот договор сме за Македонија да влезе во НАТО и ЕУ но под нормални околности, не со овакви криминални и скандалозни договори. Да беше прашањето само надворешната употреба на името тогаш верувам дека 70-80 % ќе гласаа ЗА денес, а и јас веројатно, ама вака со триста кретенски амандмани врз кои се фрла кал на цела наша историја и општо на нас како народ искрено НЕ ФАЛА, ме боли кур и за ЕУ и за НАТО и за било што.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Види за нив ова и не е така лошо ако пропадне договоров и сме ван ЕУ/ НАТО ...ќе си ја тераат конфедерацијата, ќе речат вие не блокирате и прц
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.252
Поени од реакции
26.100
Види за нив ова и не е така лошо ако пропадне договоров и сме ван ЕУ/ НАТО ...ќе си ја тераат конфедерацијата, ќе речат вие не блокирате и прц
Пак ти продолжуваш... Како ќе речат вие не блокиравте, кога кај самите Албанци немаше 50+% излезност? И во албанските градови пропадна референдумов. Така да, одморете со глупавиве приказни.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.850
Поени од реакции
82.975
Ќе бидам изненаден ако триумфализмов испадне оправдан и не го протнат договорот поинаку.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
И? Тоа значи дека треба да се поништам сам себе како Македонец и да прифатам да го испушам секој можен кур надвор од границите на Македонија? Верувам дека сите овде што дебатираме и не сме за прифаќање на преспанскиот договор сме за Македонија да влезе во НАТО и ЕУ но под нормални околности, не со овакви криминални и скандалозни договори. Да беше прашањето само надворешната употреба на името тогаш верувам дека 70-80 % ќе гласаа ЗА денес, а и јас веројатно, ама вака со триста кретенски амандмани врз кои се фрла кал на цела наша историја и општо на нас како народ искрено НЕ ФАЛА, ме боли кур и за ЕУ и за НАТО и за било што.
Види брат буда вика убиј ги Егото у себе, глеј да живееш шо е можно подобро тука и сега :D незз и ја сум против тоа да некој со сила ми кажуе што да правам, како да се викам и слично, ама еве чаре ? Да бидам Антички Македонец со дупнат џеп, Бугар у Немачка ? Сакам тука да останам и да терам, ама без економска предиспозиција знаеш колку ќе останеме овде за 30 год од сеа и да остане баш вака ко шо е сеа со стандардов? а еве кажи како би дошле инаку без дог. со Грчка и без ЕУ до 600/700 евра плата ?Дур тогаш ќе немора нас да не прашуваат друг ќе ни одлучи у наше име :)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.518
Него да ве прашам, реторичко прашање, гледам овде сте повеќе ЗА да пропадне договоров со Грција. Свесни сме сите дека без дог со Грчка ќе бидеме у 99% од случаите надвор од ЕУ (за НАТО не ни треба да расправаме сите сме против) ? Свесни сме дека секој евентуален нареден дог со Грција ќе биде мин како овој или полош? Свесни сме дека ќе им го накршиме на Грција со ова и сиот притисок шо го имаа до сега ќе го пребацат на нас и ќе се вадат на нас, а они неможат ни да не смислат, и кај нив граѓаните не се ни 36% ЗА овој договор ? Свесни сме дека алтернатива ќе треба да се бара ван ЕУ еве се предлага ЕЕА со Русија, ама ќе не кошта конфедерација на Македонија, пошто албанциве се на повик од Бејли? Свесни сме дека стандаров (не дека ќе ни биде за 10 год од сеа кога евентуално би влегле у ЕУ х2 или х3 од сеа) ќе ни биде ист, ќе ни стагнира, ќе ни бидат џеповиве празни ко до сега со по 200/300/400 евра месечно ( од кои пола и више за основно сметки, јадење, пиење), додека комишииве бар (не праам муабет за тие нагоре господата) ќе не минат и одминат и ќе ни се смеат и сожалуваат, ко ние нив своевремено? Свесни сме дека државава без кредитите и "парите на САД и ЕУ" (ако запнеме, ги одјебеме и им свртим грб) ќе ни стане до толку нефункционална или во контра случај мн мн народ, (можда и некои од нас) ќе треба да останат надвор од работа- на улица, кратејќи ја државната администрација за да се ослободи "товарот" бидејќи пари се помалку ќе има државата ? Свесни сме дека меѓу другото ние неутралните влагаме несакајќи у битката ВМРО-СДСМ и пак ќе останеме ние покусо, а они ќе си делат тендери, ќе си возат џипови, ќе имаат по три стана, а ние под ќирија ќе идеме да тераме коа ќе сакаме да се осамостоиме?
И ред др работи што сеа можда не ни се вртат низ глава, али ако не успее договоров ќе ни дојдат на глава.
На крај краева боље ќе беше уопште да не се постигнеше договоров, одколку сега вака Ние да го отфрлиме и да им ја препуштиме играва на Грција, и фино лепо да си се сами насамариме за век и векови... незз за вас али мислам дека сме шух-шех у моментов, а ако изиграме до крај лошо и мат за брзо време. Незз кои ни се реалните потези у моментов. Значи РЕАЛНИ потези за добро на цела држава. А ако глеаме поединечно, се знае реални потези очекувани на граѓаниве на државава се знаат :) внка и за 20/30 год ни милион народ ќе не има...
Многу е едноставно побратиме.
Ние прво треба да си ја сработиме нашата работа. Да ги исполниме условите за влез во ЕУ пред се заради нас самите, а потоа заради влез во било каква унија.Кога тоа ќе се случи, тогаш ќе преговараме за договор со гејците. И во таков случај ќе извадиме подобар договор од овој. Со исполнети услови и реални две години до влез во ЕУ самите западњаци има да ги притиснат јужниве да прифатат договор. Да си зачуваме идентитет, јазик итн. и да си останиме РМ , а тие нека не нарекуваат како сакаат. Има со 90% на референдум да помини.
Ама до тогаш имаме премногу работа. Ни име ни презиме не ни помага да смениме ако не се решат најбитните работи
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Нема везе си имате Вие свој став, пеки, го поштувам... ја имам друго мислење ради реалната состојба на терен, т.е. у државава каква е, и каква би можела да биде... дај боже вие да испаднете у право, то је :)[DOUBLEPOST=1538352330][/DOUBLEPOST]
Пак ти продолжуваш... Како ќе речат вие не блокиравте, кога кај самите Албанци немаше 50+% излезност? И во албанските градови пропадна референдумов. Така да, одморете со глупавиве приказни.
Глупави се сега, нека не пројде договоров, ќе станат од глупави -горливи... не ги знаеме ние сеа, ќе се праиме на Тошо. у мин случај ако влечеме потег кон Русија, они и да нејќат ( пошто еве викаш и они бојкотирале) САД ќе им нагласат или ќе ни "увезат" (ако они нејќат) "демократи" кои ќе неможат повеќе да бидат приглушени од мнозинството Македонци и ќе си изиграат држава ко Косово на наш терен, ќе си лапнат база од САД, ќе со спиат мирно, а ние пак на потешкиот начин отпосле ќе треба тек па и нив да ги признаваме (ко Срвиве -Косово) на целава мука со Грциве, па за да влеземе у ЕУ ...
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.190
Поени од реакции
4.164
Кога тоа ќе се случи, тогаш ќе преговараме за договор со гејците. И во таков случај ќе извадиме подобар договор од овој.
Да бидеме реални, многу тешко дека нешто подобро од ова ќе издејствуваме. 27 години тапкаме во место. Појаки се од нас, имаат појако лоби, ќе го јадеме ние, само прашање колку. Оној Николовски од ВМРО јаде гомна. Ќе издејствувале они подобар договор. Десет години беа на власт, ништо не издејствуваа. Сега они ќе направеле подобар договор?! Како?! Ако се смени во Грција власт, дојде тој Мицотакис, ние до ваков приближен договор нема шанси да дојдеме пак во следниве 10 години. Плус притисок ќе имаме од надвор, и што ќе прави ВМРО? Во потензична ситуација каде сите од надвор викаат дека они (ВМРО) избегнувале сериозно да седнат и да преговараат со години, во таква ситуација ќе издејствуваат подобар договор со националист на грчка страна што отворено вика дека ни јазик, ни националност нема да ти даде? Ма, немој. Странциве отворено ни кажаа, прифатете го овој компромис, без ова ништо не правите. Тој французот отворено си кажа - договорот е едностран и не е фер, ама тоа е тоа.

Јас не бев да гласам денес и сум против промена од принцип дека не може некој да ми ги негира основните човекови права за кои ЕУ и ООН викаат дека се залагаат. Сепак, мора да бидеме свесни дека има одредена реалност и не може да бегаме од неа. Гајле им е нив за човекови права. Џабе ако си во право, кога никој не ти признава дека си во право и немаш никаква моќ. Така, дај да не се залажуваме дека ќе правиме подобри договори или ќе не признаат уште држави, па ќе издејствуваме нешто во ООН. На крај, нема да го добиеме тоа што го сакаме, ќе направиме огромен компромис и тоа е тоа. Дај да се договориме сите што ќе биде тоа и да го проголтаме, зошто тоа е нашата реалност.
 
Член од
19 април 2012
Мислења
429
Поени од реакции
681
Свесни сме дека стандаров (не дека ќе ни биде за 10 год од сеа кога евентуално би влегле у ЕУ х2 или х3 од сеа) ќе ни биде ист, ќе ни стагнира, ќе ни бидат џеповиве празни ко до сега со по 200/300/400 евра месечно ( од кои пола и више за основно сметки, јадење, пиење), додека комишииве бар (не праам муабет за тие нагоре господата) ќе не минат и одминат и ќе ни се смеат и сожалуваат, ко ние нив своевремено? Свесни сме дека државава без кредитите и "парите на САД и ЕУ" (ако запнеме, ги одјебеме и им свртим грб) ќе ни стане до толку нефункционална или во контра случај мн мн народ, (можда и некои од нас) ќе треба да останат надвор од работа- на улица, кратејќи ја државната администрација за да се ослободи "товарот" бидејќи пари се помалку ќе има државата ? Свесни сме дека меѓу другото ние неутралните влагаме несакајќи у битката ВМРО-СДСМ и пак ќе останеме ние покусо, а они ќе си делат тендери, ќе си возат џипови, ќе имаат по три стана, а ние под ќирија ќе идеме да тераме коа ќе сакаме да се осамостоиме?
За ова само ќе пишам, иако веќе претходно имам пишано, но ЕУ и НАТО не треба да служат за нашите корумпирани политичари(и граѓани) како изговор за да не се фатат и да работат како што треба за да стандардот и квалитетот на животот бидат подобрени. Дали утре ќе влезевме во ЕУ или после 10-15 години, ако политичката "елита" остане иста и менталитетот на луѓето е ист, тогаш влезот во ЕУ нема да направи радикални промени кои ни се потребни.
Државна администрација е и така веќе товар за државата(и гласачко тело на дугме), така што постепено отпуштање е добредојдено според мене, бидејќи квалитетот и онака е ужасен што го нудат, како и се многу арогантни во своето однесување; отприлика 180000 вработени во администрација (фала СДС/ДПНЕ/ДУИ за тоа) на 2 милиона и кусур народ е многу.

Така што, за да почнеме да се движиме напред, треба да се средиме како народ, прво треба интегритетот и моралните вредности да се вратат кај обичните луѓе за потоа да излезат покадарни и со интегритет и морални вредности политичари, потоа политичарите треба да се справат со мафијата и да се искорени голем дел од сферата на нивното влијание, институциите да се средат и да бидат професионални и ефективни, здравството да се среди, да се почитува редот и да не се влегува преку ред и со врски, да се намалат даноците за фирмите(прегледај како Сингапур и Хонг Конг ги имаат едни од најдобрите даночни модели), инвестиција во образованието каде што теоријата би била поткрепана со практична примена(многу поголем успех), подобри услови за отворање на фирма, субвенции за електрични возила, академија за научни истражувања која ќе работи на развој и иновации и која ќе овозможи на креирање на кадар кој ќе пласира продукти на интернационалниот пазар, креаирање на строга контрола на квалитет, каде што производите што ќе ги извезуваме ќе бидат со висок квалитет(погледни Јапонија како се справува со тоа во 1960те години).

Има толку многу работи што треба самите ние да ги превземеме, а не да чекаме некој друг да не извади од сите гомнарии. За се што ни се случува, ние сме криви, не ЕУ, не САД, не НАТО, не Русија не било кој, туку ние самите, а ако ние самите не направиме промени и бидеме проактивни, тогаш џабе се ЕУ, НАТО, Русија или било која и да е стратешка определба.
Доста е веќе од политичари кои ништо не превземаат и не работат, доста е од луѓе кои немаат никаков морален компас и интегритет, доста е од луѓе кои чекаат нешто да им се сервираа без да се потрудат самите да превземат акција и да ја подобрат ситуацијата во која се наоѓаат.

-----------

Овие се ненормални веќе, права диктатура:
Линк:
Димитров: Се бројат само гласовите на оние кои гласаат, пратениците да ја послушаат народната волја

Сега останува да се послуша таа народна волја од страна на пратениците во Собранието, согласно програмата на опозицијата каде впрочем се зборува за мнозинство гласови од тие кои гласале. Им должиме на граѓаните иднина! И ќе ја обезбедиме, вака или така!

Како и овие кои велат дека референдумот е успешен, а не е, нити пак го имаат потребното мнозинство.
Линк:
Опозицијата и Иванов потврдија дека се опортунисти и кусогледи националисти
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.518
Да бидеме реални, многу тешко дека нешто подобро од ова ќе издејствуваме. 27 години тапкаме во место. Појаки се од нас, имаат појако лоби, ќе го јадеме ние, само прашање колку. Оној Николовски од ВМРО јаде гомна. Ќе издејствувале они подобар договор. Десет години беа на власт, ништо не издејствуваа. Сега они ќе направеле подобар договор?! Како?! Ако се смени во Грција власт, дојде тој Мицотакис, ние до ваков приближен договор нема шанси да дојдеме пак во следниве 10 години. Плус притисок ќе имаме од надвор, и што ќе прави ВМРО? Во потензична ситуација каде сите од надвор викаат дека они (ВМРО) избегнувале сериозно да седнат и да преговараат со години, во таква ситуација ќе издејствуваат подобар договор со националист на грчка страна што отворено вика дека ни јазик, ни националност нема да ти даде? Ма, немој. Странциве отворено ни кажаа, прифатете го овој компромис, без ова ништо не правите. Тој французот отворено си кажа - договорот е едностран и не е фер, ама тоа е тоа.

Јас не бев да гласам денес и сум против промена од принцип дека не може некој да ми ги негира основните човекови права за кои ЕУ и ООН викаат дека се залагаат. Сепак, мора да бидеме свесни дека има одредена реалност и не може да бегаме од неа. Гајле им е нив за човекови права. Џабе ако си во право, кога никој не ти признава дека си во право и немаш никаква моќ. Така, дај да не се залажуваме дека ќе правиме подобри договори или ќе не признаат уште држави, па ќе издејствуваме нешто во ООН. На крај, нема да го добиеме тоа што го сакаме, ќе направиме огромен компромис и тоа е тоа. Дај да се договориме сите што ќе биде тоа и да го проголтаме, зошто тоа е нашата реалност.
Прво ние да си го сработиме нашето домашно па потоа ќе видиме за договор. Тоа последно треба да се решава. А со средена држава спремна за ЕУ ќе има и притисок кон гејовиве да прифатат подобар договор. Можеби дотогаш и начинот на гласање ќе се промени во самата ЕУ. Крај краева и исти ваков договор да е, тоа последно треба да се решава. Сега не е време за тоа
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.252
Поени од реакции
26.100
Нема везе си имате Вие свој став, пеки, го поштувам... ја имам друго мислење ради реалната состојба на терен, т.е. у државава каква е, и каква би можела да биде... дај боже вие да испаднете у право, то је :)[DOUBLEPOST=1538352330][/DOUBLEPOST]

Глупави се сега, нека не пројде договоров, ќе станат од глупави -горливи... не ги знаеме ние сеа, ќе се праиме на Тошо. у мин случај ако влечеме потег кон Русија, они и да нејќат ( пошто еве викаш и они бојкотирале) САД ќе им нагласат или ќе ни "увезат" (ако они нејќат) "демократи" кои ќе неможат повеќе да бидат приглушени од мнозинството Македонци и ќе си изиграат држава ко Косово на наш терен, ќе си лапнат база од САД, ќе со спиат мирно, а ние пак на потешкиот начин отпосле ќе треба тек па и нив да ги признаваме (ко Срвиве -Косово) на целава мука со Грциве, па за да влеземе у ЕУ ...
Да, зошто слабата излезност на Албанците денес беше случајна и не беше нарачана. Еднаш се на копче, еднаш не се. Плашењето со Албанци после ова денес заврши. Нивната излезност беше тотално иста како кај Македонците.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.190
Поени од реакции
4.164
Има толку многу работи што треба самите ние да ги превземеме, а не да чекаме некој друг да не извади од сите гомнарии. За се што ни се случува, ние сме криви, не ЕУ, не САД, не НАТО, не Русија не било кој, туку ние самите, а ако ние самите не направиме промени и бидеме проактивни, тогаш џабе се ЕУ, НАТО, Русија или било која и да е стратешка определба.
Така е, апсолутно се сложувам.

Ама ,години си поминуваат, ние не се менуваме. Непотизам, партии, врски, корпуција си владеат. Многу луѓе и не сакаат да се смени нешто, зошто им одговараат овие работи. Полесно можат да се вработат вака, ако не се потпираат на сопствените квалитети, туку мама, тато, од штаб некој може да издејствува нешто. За работа, за бизнис, за административни проблеми. Тука е битно дали имаш некој - "да ти среди работа." Ете, власти се менуваат, праксите си остануваат. Никој не прави некој суштински исчекор, ние не правиме промени во тоа како функционираме и на кое ниво ни е свеста.

Може треба да оставиме некој моќник да проба да ни извади од гомнава и да ни кажува што треба да правиме, зошто нас, сами, не ни иде.
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Свесни сме дека алтернатива ќе треба да се бара ван ЕУ еве се предлага ЕЕА со Русија, ама ќе не кошта конфедерација на Македонија, пошто албанциве се на повик од Бејли?.
Со оглед на ситуацијата во регионот, тоа би значело крупен регионален конфликт. Тоа не им одовара ни на албанците(а и го немаат тој капацитет), ниту на ЕУ/САД. Одтука партнерство со Русија и ЕЕА е реална опција.
Уште повеќе немаме многу избор. Или се самоукинуваме и влегуваме во Нато, после 15 години евентуално во Еу, дотогаш со таков договор и вакви политичари може и безкрвно да се федерализираме, или Русија и гарантиран идентитет и територијална целост.[DOUBLEPOST=1538355004][/DOUBLEPOST]
Да, зошто слабата излезност на Албанците денес беше случајна и не беше нарачана. Еднаш се на копче, еднаш не се. Плашењето со Албанци после ова денес заврши. Нивната излезност беше тотално иста како кај Македонците.
Исселеноста кај нив е значително повисока. Села во западна Македонија кои на попис имаат по над 5000 жители пусти, едно чисто Македонско село во истата област со на попис двјоно помалку население е значително по-оживено. Практични впечатоци. Не е до не излезеноста на албанците, а до нивниот мал реален број, во однос на последниот попис.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.190
Поени од реакции
4.164
или Русија и гарантиран идентитет и територијална целост.
Правиме сојуз со Русија, и ни воведат визен режим. Пошто нели, руси не можат да патуваат низ Европа и Северна Америка без визи. Кажи им на млади тука дека има шанси за до Грција дека ќе треба да вадат визи и дека нема да можат да летаат кога ќе им текне со Wizz Air до Париз, Барселона и сл. Да видиме колку ќе гласаат - за.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.292
Поени од реакции
21.353
Види брат буда вика убиј ги Егото у себе, глеј да живееш шо е можно подобро тука и сега :D незз и ја сум против тоа да некој со сила ми кажуе што да правам, како да се викам и слично, ама еве чаре ? Да бидам Антички Македонец со дупнат џеп, Бугар у Немачка ? Сакам тука да останам и да терам, ама без економска предиспозиција знаеш колку ќе останеме овде за 30 год од сеа и да остане баш вака ко шо е сеа со стандардов? а еве кажи како би дошле инаку без дог. со Грчка и без ЕУ до 600/700 евра плата ?Дур тогаш ќе немора нас да не прашуваат друг ќе ни одлучи у наше име :)
Биди спокоен, пропаднат референдум не значи дека никогаш нема да влеземе во ЕУ. И да успееше референдумот, во ЕУ би имале прилика да влеземе за едно 10-15 години минимум. Мајчиното млеко ќе го проплукаме додека влеземе таму.

ЕУ беше вметната во наративот како мамка за малоумни, за да има за што да тераат пропаганда, во спротивно немаше ни 600.000 да гласаат на референдумов. Успешен референдум и договор со Грција не значи сигурен влез во ЕУ.

600-700 евра плата може да имаш кога ќе вложиш приближно ист труд во едукација и надградување на своите знаења и вештини како тие што земаат 600-700 евра плата моментално, а не се партиски ботови.

Голема е веројатноста дека ако сега си антички македонец со дупнат џеб, тогаш да бидеш северџан со дупнат џеб. :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom