Него да ве прашам, реторичко прашање, гледам овде сте повеќе ЗА да пропадне договоров со Грција. Свесни сме сите дека без дог со Грчка ќе бидеме у 99% од случаите надвор од ЕУ (за НАТО не ни треба да расправаме сите сме против) ? Свесни сме дека секој евентуален нареден дог со Грција ќе биде мин како овој или полош? Свесни сме дека ќе им го накршиме на Грција со ова и сиот притисок шо го имаа до сега ќе го пребацат на нас и ќе се вадат на нас, а они неможат ни да не смислат, и кај нив граѓаните не се ни 36% ЗА овој договор ? Свесни сме дека алтернатива ќе треба да се бара ван ЕУ еве се предлага ЕЕА со Русија, ама ќе не кошта конфедерација на Македонија, пошто албанциве се на повик од Бејли? Свесни сме дека стандаров (не дека ќе ни биде за 10 год од сеа кога евентуално би влегле у ЕУ х2 или х3 од сеа) ќе ни биде ист, ќе ни стагнира, ќе ни бидат џеповиве празни ко до сега со по 200/300/400 евра месечно ( од кои пола и више за основно сметки, јадење, пиење), додека комишииве бар (не праам муабет за тие нагоре господата) ќе не минат и одминат и ќе ни се смеат и сожалуваат, ко ние нив своевремено? Свесни сме дека државава без кредитите и "парите на САД и ЕУ" (ако запнеме, ги одјебеме и им свртим грб) ќе ни стане до толку нефункционална или во контра случај мн мн народ, (можда и некои од нас) ќе треба да останат надвор од работа- на улица, кратејќи ја државната администрација за да се ослободи "товарот" бидејќи пари се помалку ќе има државата ? Свесни сме дека меѓу другото ние неутралните влагаме несакајќи у битката ВМРО-СДСМ и пак ќе останеме ние покусо, а они ќе си делат тендери, ќе си возат џипови, ќе имаат по три стана, а ние под ќирија ќе идеме да тераме коа ќе сакаме да се осамостоиме?
И ред др работи што сеа можда не ни се вртат низ глава, али ако не успее договоров ќе ни дојдат на глава.
На крај краева боље ќе беше уопште да не се постигнеше договоров, одколку сега вака Ние да го отфрлиме и да им ја препуштиме играва на Грција, и фино лепо да си се сами насамариме за век и векови... незз за вас али мислам дека сме шух-шех у моментов, а ако изиграме до крај лошо и мат за брзо време. Незз кои ни се реалните потези у моментов. Значи РЕАЛНИ потези за добро на цела држава. А ако глеаме поединечно, се знае реални потези очекувани на граѓаниве на државава се знаат

внка и за 20/30 год ни милион народ ќе не има...