Заврши референдумот ова е најголемиот пораз и понижување што го доживеала една политичка опција кај нас во целокупната историја на Македонија.
Прво Струмица и струмичко со најмасовен бојкот, две од топ три општини кои бојкотираа се струмички општини, во Струмица Заев освоил повеќе гласови како кандидат за градоначалник против Бонева отколку што денес имаше вкупно излезени гласачи, што значи едно, доживеаа инфаркт онаму каде што најмалку се очекувале , во Струмица и струмичко.
Ова е историска победа на народот бидејќи тој нема да биде оцрнет и зацрнет при промената на името, посебно нашите генерации, ако го сменат името во собрание од 81 пратеник, тие што ќе гласат ќе бидат изучувани како најголеми предавници размни на Квинслинг, а посебно тие што ќе бидат петоколонашите од ДПМНЕ.
На негово место не оставка, туку ќе заминам од државата и нема да се вратам од срам повеќе, ама да сум јас али не сум, има многу за пишување ама налетот на емоции е појак па ќе престанам тука.
Како и да е нивната арогантност и потценување на сопствениот народ скапо ќе ги чини, никој што го потценил својот народ не поминал славно, па и тие. Преку ноќ европсктие струмичани и струмички села , сега ги колнат, преку ноќ станаа селачки, ама тоа тие.