Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Сеа ланс со бугарскиот пасош све ќе ви објасни со неговата дијареја-демагогија дека е сасвим ок да си прекрстуш осум генерации уназад и унапред у татари, ама "северна" не е кул...срам ми е шо се стаам у куп со вакви ликови.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Сеа ланс со бугарскиот пасош све ќе ви објасни со неговата дијареја-демагогија дека е сасвим ок да си прекрстуш осум генерации уназад и унапред у татари, ама "северна" не е кул...срам ми е шо се стаам у куп со вакви ликови.
Може стварно си е Бугарин човекот.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.433
Поени од реакции
4.356
Стварно не ми е јасно што после....Меркел од авион ќе фрла евра?
Тоа со Меркел никогаш и нема да ви биде јасно..... Друго прашав, шо ке ви биде после муабетот, дека Бејли донел мигранти да гласаат и затоа имало цензус?
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Последици од успешен референдум: менување на устав под грчки диктат и давање на легална алатка за блокирање во рацете на грците.
Последици од неуспешен референдум: зачувување на независноста и сувереноста и уставното име.
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Сеа ланс со бугарскиот пасош све ќе ви објасни со неговата дијареја-демагогија дека е сасвим ок да си прекрстуш осум генерации уназад и унапред у татари, ама "северна" не е кул...срам ми е шо се стаам у куп со вакви ликови.
Тој што си се декларирал за бугарин нека си е бугарин, јас никогаш нема да бидам. Муабетот е зошто за мојот идентитет да решаат автобусите од Косово и авионите од Швајцарија.[DOUBLEPOST=1537995203][/DOUBLEPOST]
Тоа со Меркел никогаш и нема да ви биде јасно..... Друго прашав, шо ке ви биде после муабетот, дека Бејли донел мигранти да гласаат и затоа имало цензус?
Што треба да ми биде јасно за Меркел?
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
На секои две години се пушта муабет дека ако не помине тој и тој закон нема да не има. Од нашата независнот па до денес се нешто расчистуваме со минатото во име на некаква си подобра иднина која никако да дојде.
27 години се збори тој муабет, ако не влеземе во НАТО кој знае дали ќе ја дочекаме наредната година. Па се изнагледавме теории на заговор по тоа емисиите на Васко Ефтов во некоја си зимска вечер ко хорор приказна за мали деца пред спиење дека од напролет се спрема пролетна офанзива, нов конфликт, распад на држава, тајни служби...к*р се тресе во ладна вода.

Еве и сега истите приказни. Западниот фактор цела деценија во девеесеттите потроши да не скоцка по ваква мерка и сеа ќе си праи од готово вересија, ќе праи нови војни и дестабилизации. Во нивни интерес е ние овде, сите вукојебини од Западен Балкан да одржаваме статус кво, и тоа многу успешно го прават со инсталирање на вакви марионетски влади, попут нашава. Тоа им е проверен рецепт, создај контолиран пожар и одржавај го во рамки на границите на областа во која што имаш интерес. Од време на време ќе се појават ликови ко Грујо кои што опиени од моќ си го забораваат местото па се дешаваат работи на какви што бевме сведоци две и кусур години. Тоа им е нешто као хард ресет, праат нова инсталација и фураат по старо.

Плус во моментов на овие простори живее таква амфорна маса народ неспособна да иницира никакви промени, по што квалитетните луѓе, оние со мозок одамна си го фатија патот од тука. Така во моментов се останати ликови ко сендвич племето кои што изминатава деценија достигнаа критична бројка, доволна за добивање на избори. Остатокот кој што сеуште вирее тука и на плеќи ја крепи државата, плаќа даноци и претставува реален сектор кој што сеуште нешто создава и е на пат да замине од тука во текот на нареднава деценија...е тогаш ќе следи вистинскиот распад.

Во државен сектор сеуште работат ликови што се пред пензија, некои и ги враќаат од пензија по што овие новиве абер немаат од ништо, на еден вработен уште тројца се шлепаат врз негов грб. Образованието продуцира неквалитетен кадар без никакви вештини, и нормално дека на секој од нив сон ќе му биде да работи во јавна администрација, оти во приватен сектор никој не те чува за да фаќаш прашина на некое биро таму.

И сумирајќи го сето ова и истовремено правејќи споредба со поракиве кои се испраќаат во очи референдумов, како после тоа наводно ќе сме процутеле ѓоа пупка, како што милува да каже еден наш актуелен политичар во неговата некотролирана употреба на стилски изразни средства, епитети, компарации, хиперболи...кога држи говор. Ако човек знае да собере два и два треба да му биде јасно што навистина не чека.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.433
Поени од реакции
4.356
Сами нема да се сетат, Љупче Златев ќе им каже таква информација, добиена од некои тајни служби и разузнавачи, Мирка и Каракамишева ќе ја потврдат, а потоа овие ке ја верглаат.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Последици од успешен референдум: менување на устав под грчки диктат и давање на легална алатка за блокирање во рацете на грците.
Последици од неуспешен референдум: зачувување на независноста и сувереноста и уставното име.
А ти што се интересираш толку за името и за нацијата? Ти се откажа доброволно од РМ
Бркај си таму бугарски пасош, тие што се засегнати ќе си берат гајлето.
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Сами нема да се сетат, Љупче Златев ќе им каже таква информација, добиена од некои тајни служби и разузнавачи, Мирка и Каракамишева ќе ја потврдат, а потоа овие ке ја верглаат.
Што ако помине референдумот, ќе ми одговориш ли еднаш без да верглаш?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom