На секои две години се пушта муабет дека ако не помине тој и тој закон нема да не има. Од нашата независнот па до денес се нешто расчистуваме со минатото во име на некаква си подобра иднина која никако да дојде.
27 години се збори тој муабет, ако не влеземе во НАТО кој знае дали ќе ја дочекаме наредната година. Па се изнагледавме теории на заговор по тоа емисиите на Васко Ефтов во некоја си зимска вечер ко хорор приказна за мали деца пред спиење дека од напролет се спрема пролетна офанзива, нов конфликт, распад на држава, тајни служби...к*р се тресе во ладна вода.
Еве и сега истите приказни. Западниот фактор цела деценија во девеесеттите потроши да не скоцка по ваква мерка и сеа ќе си праи од готово вересија, ќе праи нови војни и дестабилизации. Во нивни интерес е ние овде, сите вукојебини од Западен Балкан да одржаваме статус кво, и тоа многу успешно го прават со инсталирање на вакви марионетски влади, попут нашава. Тоа им е проверен рецепт, создај контолиран пожар и одржавај го во рамки на границите на областа во која што имаш интерес. Од време на време ќе се појават ликови ко Грујо кои што опиени од моќ си го забораваат местото па се дешаваат работи на какви што бевме сведоци две и кусур години. Тоа им е нешто као хард ресет, праат нова инсталација и фураат по старо.
Плус во моментов на овие простори живее таква амфорна маса народ неспособна да иницира никакви промени, по што квалитетните луѓе, оние со мозок одамна си го фатија патот од тука. Така во моментов се останати ликови ко сендвич племето кои што изминатава деценија достигнаа критична бројка, доволна за добивање на избори. Остатокот кој што сеуште вирее тука и на плеќи ја крепи државата, плаќа даноци и претставува реален сектор кој што сеуште нешто создава и е на пат да замине од тука во текот на нареднава деценија...е тогаш ќе следи вистинскиот распад.
Во државен сектор сеуште работат ликови што се пред пензија, некои и ги враќаат од пензија по што овие новиве абер немаат од ништо, на еден вработен уште тројца се шлепаат врз негов грб. Образованието продуцира неквалитетен кадар без никакви вештини, и нормално дека на секој од нив сон ќе му биде да работи во јавна администрација, оти во приватен сектор никој не те чува за да фаќаш прашина на некое биро таму.
И сумирајќи го сето ова и истовремено правејќи споредба со поракиве кои се испраќаат во очи референдумов, како после тоа наводно ќе сме процутеле ѓоа пупка, како што милува да каже еден наш актуелен политичар во неговата некотролирана употреба на стилски изразни средства, епитети, компарации, хиперболи...кога држи говор. Ако човек знае да собере два и два треба да му биде јасно што навистина не чека.