Фан клуб: Милан

Саше?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Калабрија еднаш ќе направи асистенција и ќе го поништат голот.[emoji28]
Сусо еден добар центаршут, после наредни сто ќе бидат во рацете на голманот. Неискористени шанси и можеа да водат со 2-3 разлика и ќе биде тешко ако не дадат уште еден гол до 70 минута.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Онаа десна страна од одбранана тешки дебили, незнаеш кој е поголе кретен од оние двајца срамота..
 
Го заслужија ова.
Сусо најголем посерко, а напад кој што не знае да искористи контра со играч повеќе и тоа 3 на 2 никогаш да не победи. Да беше друг тренер после вакви два натпревари каде има водство, а успева да изгуби 4 бода заслужува отказ. Игуаин не може да даде толку голови колку што можат да примат.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
У 2018 година да незнаеш да поставиш базичен и едноставен контранапад, па да му ебем мајката.

Ја мислим дека у Чешка треќа лига Витковице у21 имаат подобар контранапад од нас.

Гатузо не смее до утре да биде више тренер на тимов.

Дај дур е уште Конте слободен и дур има време да се спаси нешто од сезонава
 
Овие господ знае на тренинг што тренираат, една ебана контра не искористија. Излагаат неколку пати 3 на 2 и се губат начисто да не се отавара муабет деа се утепаа од промашување добри шанси! Гатузо си научи 3 измени стандардни да прави и тоа е тоа и секој пат ги промашува тотално. Сум сумарум исти курац како лани, ништо не им е сменето од оној лузерски менталитет, само Игуаин вреди нешто и се леда класа во него.
 
Време е да се извади ханзапласот што би рекле по Америките и да му се даде отказ на Гатузо. Лош експремент испадна, како и сите од Алегри навака и не треба да се повторува грешката и да му се даде повеќе време од што треба.
Да не можеш да затвориш две скоро добиени утакмици од кои за првата со Каљари си имал две недели да ја спремиш е неопростиво.
Подобро е сега да се даде отказот и да се ангажира Конте. макар за милиарда евра, него да се подлажуваме со по една победа на три кола до март, кога неминовно ќе го добие отказот, а сезоната ќе биде отидена.
 
Незнам веќе, апла губење на време е да се гледа Милан. Супер е да се сака клубот и се тоа, али секоја недела по 90-180 минути за кинење живци е огромен луксуз.
 
Што побрзо го избркаат Гатузо толку подобро. Ако чекаат да се подобри ќе изгубиме уште еден куп бодови и на крај пак 6ти.
Очекувам и сам да си даде отказ доколку следно коло киксне со Емполи.
Ми се смачи веќе у пм, иста слика секоја сезона, иста мизерија, нервози итн. :popce:
 
Ве читам и вие као и некои кај нас у фан клуб очајно го барате конте на само 5 одиграни кола.
Што мислите дека конте е магионичар?
Дека од абате кеси бакајоко калабрија бонавентура и компанија може да направи сидорф,пирло,кака,кафу и сл?
Тие се играчите,толку е капацитетот...
И второ многу битно прашање - што би барал конте во милан?Со што би го привлекол милан конте?
Според мене мењање тренер у септември месец = промашена сезона комплет.
Истото го дискутиравме и кај нас у фан клуб коа не посра сасуоло,да не ме сфати некој дека го потценувам милан или провоцирам или штокурзнам [emoji4]

Sent from my SM-G955F using Tapatalk
 
Кога Боатенг почна да личи на играч, тогаш може да биде играч од секој.

Тренери како Џампаоло и Де Зерби летото беа достапни за разлика од Конте кој тешко може да го привлечеш. Не дека се класа тие двајца, ама знаат како со нападот, а и вториот е Гвардиола за сиромашни.

Минатата сезона кога дојдоа на -5 бода од ЛШ и на ист ваков начин губеа бодови од Удинезе, Торино и слични екипи, е во тој момент требаше да се бара нов тренер и да не се дава шанса да започне нова сезона. Не дека е касно септември, ама нема ништо достапно. Конте ако сакаше ќе прифатеше пред да почне сезоната.

Оваа сезона грешки на нападот > грешки на одбрана

Иначе Aталанта денес го направи она што нашите го направија против Рома, две погодени измени и гол, а да имаа уште малку време ќе направеа пресврт.
Бонавентура мораше да остане во игра, а да излезе Кесие кој изгледаше уморно, ама изгледа измените автоматски му се наместени.

Бакајоко-Бонавентура
Кастиљехо-Хакан
Лаксалт-Родригез

И наместо Хакан требаше еден од Лаксалт или Кастиљехо порано да влезе, а не во 85 минута.
 
Менување на тренер ако и само ако е можно некој ко Конте да се земе. Инаку ти на почеток на сезона да го менуваш Гатузо за некој као Де Зерби, Џампаоло и слични кои којзнае дали некад биле и дали ќе бидат тренери е глупост од епски размери. Мислам дека Рома ќе ја напраи таа глупост. Ди Франческо со некој као Паоло Соуса, безвеза скроз.

Јас гледам некои тренерски грешки на Гатузо во овие почетни кола, ама се уште не сум за менување на тренер. Прво, затоа што не мислам дека целосно проблемот е кај него, а второ затоа што нема задоволително решение као негова алтернатива. Тренери од Конте калибар скоро е немогуче да договориш во овој момент од сезоната.

Добро рече Леонардо. Лузерскиот менталитет кој неколку сезони е присутен кај Милан е најголем проблем. Не е крив Гатузо што Џакомо не знае што да праи со топката коа влече контра, ниту што Сусо играчот за мал фудбал не знае да отвори контра и да нападне простор. Не е крив ни што Калабрија е глуперда со која никад не си начисто каде ќе се појави, а кога ќе заспие.

Контра напад се вежба на тренинг да, ама за течна контра треба да имаш и играчи кои брзо размишљаат, кои се непредвидливи, кои знаат да трчаат, да напданат простор, да додаат. Ние неаме такви. Бонавентура има увек потез појше и предолго чува топка. Сусо е еднодимензионален и знае само 2 ствари да напраи со топката, Кеси се уште мисли дека игра за Аталанта и дека на 2-1, треба да се пикнеш кај корнер знаменце и да чуваш резултат и нема потреба од трет гол.

Милан беше технички подобар и од Рома и од Каљари и од Аталанта. Разликата е што против Рома имаа самодоверба и тргнаа да победат, без пичкосување, а против Каљари и вчера се уплашија да не изгубат и се начукаа на своја половина. Во главата им е проблемот, Гатузо и Малдини пред се, мора на тоа да работат. Као што рече Кеси пред некој ден, сите треба да го имаат менталитетот на Игуаин.

Мислам дека ќе се среди тоа, поготово после една добра серија резултати, па и после изјавиве на Леонардо, Гатузо и Малдини дека се понашаат као лузери и слично. Само се надевам дека нема да биде доцна, откако превише бодови ќе бидат изгубени.
 
Минатата сезона со скоро цел нов тим имаа подобар старт и повеќе поени од сега, ама Монтела ваков таков.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Минатата сезона со скоро цел нов тим имаа подобар старт и повеќе поени од сега, ама Монтела ваков таков.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk

Со тоа што лани тргнавме со Кротоне и Каљари (дома), па Лацио не утепа начисто во Рим, па игравме со Спал и Удинезе (дома), а сезонава од 4 кола во 3 играме со тимови кои лани завршија во Европа. Не е оправдување, ама чисто да се има предвид.
 
Со тоа што лани тргнавме со Кротоне и Каљари (дома), па Лацио не утепа начисто во Рим, па игравме со Спал и Удинезе (дома), а сезонава од 4 кола во 3 играме со тимови кои лани завршија во Европа. Не е оправдување, ама чисто да се има предвид.
Сите тие тимови оваа сезона се многу послаби од минатата. Рома има најлоша одбрана, а Аталанта два натпревари не можеше гол да постигне.
Да земеа 3 бода со Каљари ќе се оправдаше некако ова реми со Аталанта.

Иначе сме единствена екипа која секој натпревар има примено гол.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Многу едноставно е да се каже дека е до менталитетот.
Јас бев многу за да му се даде шанса на гатузо, реални да бидеме заслужи човекот, не ради тоа што е легенда туку океј се покажа со оглед на тоа во каква ситуација и положба го презеде клубот.
Проблемот во милан е повеќестран од едноставно подведување под "менталитетот на играчите". За сите срања, најголема одговорност има токму гатузо и управата.
Милан игра ненормално спор фудбал, неефикасен, застарен. Веќе години наназад, ми се чини од Михајлович наваму. Организирано, од голман да се почне при што прелесно губиме топка после висок пресинг. Скоро и да не видов класична контра од милан па можеби години наназад. Може неколку пати во сезона ќе излезе некој гол после полуконтра. Оваквата игра се покажа крајно неефикасно и мора да се запостави.
Никогаш не притискаме високо да поставиме пресинг и да спречиме противникот да пренесе топка, едноставно прелесно ја препуштаме контролата на противникот.
Не играме течно, брзи пасови и не форсираме високо темпо. Стрпливо, полека, лагано цепаме. И затоа на крај се пренесе таа лежерност и на терен.
Индиректно, поради ваквата игра се јавува друг проблем - физичката спремност и стамина на играчите.
Имаме идеални играчи кои можат да форсираат далеку побрз продор на топка посебно крила и везњаци, ама залудно е тоа кога предолго играме спор и срање фудбал.
Трет проблем е што мислам дека новите играчи МОРА побрзо и подобро да се интегрираат, за што тренерот највеќе треба да понесе одговорност.
Да форсираш цело време исти 11 (освен игуаин сите играа лани) при што во летото си напраил трансфери е залудно. Има доста играчи кои можат и заслужуваат да играат прва постава, посебно по левата страна.
Не викам дека ради тоа што некој е купен за 30 милиони по автоматизам треба да игра, ама дека има доста играчи од клупа кои заслужуваат повеќе шанса и простор - ќе се согласите.

Калабрија со тоа ноџињата чепкалки кога го видам. Пластично дете. Мекушар. Нека игра боље мусачо таму најсериозно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom