Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Од кого да учите ??? Тоа ревизија по историја што ти диктира Татарите и гејците??? Не не не јас нема да прифаќам историски лаги диктирани од страна истото како 50години под српска управа и диктирани со историски лаги за нас Македонците, а за еунтаназија не се секирај допрва ќе ти дојде како што е по планот на ЕУ и НАТО

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
SuperPane olabaj malce, najdobri shansi da ne projde ovoj ponizhuvachki odkument e bojkot/apstinencija, da nema cenzus, isto kako shto napravija vo 2004. Poentata mi beshe deka trebashe konkreten stav po sekoja cena, sakash da bidesh lider, vodi. Tie raznoglasie, sekoj voden od lichnite interesi, dali ima golemi ili mali shansi da odgovara za toa sho pravel.

Ne samo sho ne napuchija yunanistancite, tuku so toa sho seushte ne znaeme za shto konkretno glasame i ZMRO dozvoli seushte apstraktno da se tretira vo javnosta toj ponizhuvachki dokument, bez pososhuvanje na ustavnite izmeni i se sho popatno doagja so toa i ne nateraa da go lapneme za kapar pred da ne nadenat.

Kolku da ja preziram prethodnata vlast so siot apashluk i pizdarii sho gi napravi ova ne mozam da dozvolam da go prifatam. I mislam deka mnoiznstvoto etnichki makedonci go delat istiot stav.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Не се откажавме од ова.
Се откажавме. Државата треба да се вика Република Северна Македонија, ти да бидеш Македонец/граѓанин на Република Северна Македонија а јазикот да ти биде Македонски* - *дел од јужнословенската група на јазици.
Кога Заев, тоа најглупаво магаре, ја правдаше таа коса црта одма до "Македонец", викаше дека тука не живееле само Македонци, туку и Албанци, Турци, Роми... па не би било во ред да бидат изоставени од крајното решение у договорот. Тие Албанци, Турци, Роми и понатаму ќе се пишуваат Албанци, Турци и Роми сегде, а косата црта, ѕвездичките и смајлињата ќе ни останат само нас. Ако ти си граѓанин на РСМ, а другите си ги задржуваат националностите и би било навредливо за нив да им се додаваат дообјаснувања на нивната националност, тогаш само ти си товарен со обврската да ја ставаш таа коса црта. Само ти си товарен да дообјаснуваш каков ти е јазикот и во која група јазици припаѓа. Само ти менуваш основно обележје на твојот идентитет(а богами и државно уредување, викаш дека само ти живееш во република со граѓанско уредување, оти само ти се пишуваш граѓанин на РСМ, додека албанецот и турчинот немаат таква обврска). Ни име, ни јазик, ни националност не ни се идентични по договорот у однос на тоа какви биле пред договорот.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Ни име, ни јазик, ни националност не ни се идентични по договорот у однос на тоа какви биле пред договорот.
Точно е (скоро се) ова што си го пишал и за тоа како сме ние у поебана ситуација од другите националности и за друго. Но, националноста и јазикот исти се. Само има дообјаснување. А ако ти дообјаснувањето го сметаш како нешто што ја менува националноста/јазкот, тогаш за тебе тоа не е така.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.433
Поени од реакции
7.145
Ау со последново видео што кружи по тв го пробија дното. Скопиле снимки од бегалците од Косово, војната 2001,атентатот на Киро, атентатот на Борис, Куманово, Смилковско езеро, протести од приватизацијата најверојатно и понови, па од мигрантите на граница и како капак на се деца мали искористени. Добро бре има ли некој да реагира у вукојебинава. Ебено сакаат да го преплашат народот. Ебено се злоупотребуваат туѓи несреќи, се злоупотребуваат деца у политичка кампања. Овие па лопурдиве од ДПМНЕ ми искачаат и кажуваат демек имале сознанија за што и како ќе се менувало, ќе било многу непријатно за граѓаните ама муда немаат да кажат што знаат. Глумат некои патриоти, а покрај тоа тоа што го соголеа народот до гола кожа изминативе години, ќе искочат ко попчиња сите да креваат излезност. Ако тоа не успее сигурно у собрание ќе си ја завршат работата.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
ако ти дообјаснувањето го сметаш како нешто што ја менува националноста/јазкот, тогаш за тебе тоа не е така.
Не. Ти објаснуваш/дообјаснуваш на некој шо не знае, не разбрал убаво. Тука зборуваме за ерга омнес и уставни измени, внатрешни, од Устав па надоле, значи ние сами на себе треба да си дообјаснуваме кои сме.
Еве сликовите. У преамбула стои дека " Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници, кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ...". Ова нема, не може да биде вака. Мора да биде, на пример: "Македонскиот народ/граѓаните на Република Северна Македонија, како и...". Се останува исто за другиве, они си остануваат како дел од народи, ние стануваме некој хибрид. Ова мораш да го налепиш у преамбула кога веќе си се обврзал сам на себе да си дерогираш националност и унитарност со некој граѓански призвук на твојот идентитет. Затоа никој не зборува од комуњариве за уставните промени, какви ќе бидат, што ќе се менува. Затоа кога ќе им постават прашање на таа тема, хистеризираат и зборуваат за бомби, Грујо и лански снегови. Оти се ќе се менува шо е идентитетско обележје. Оти од се се откажаа.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Да се надоврзам за една работа која што по мене неоправдано се изоставува, е во сенка и е директно поврзана со идентитетските прашања, тоа се комисиите за утврдување на историските факти кои што допрва треба да се формираат а се дел од двата договори, и овој со Грција и тој предходниот за добрососедство со Бугарија.

Ако формулацијата "македонец/граѓанин на република северна македонија" ја дава формата и простор за двојна интерпретација на националноста, едни велат оти го зајакнува идентитетот а за други дека е дебакл. Комисиите ќе треба дополнително да го поткопаат и да стават до знаење дека после стапувањето на сила на овој договор ние стануваме вештачка држава со вештачки идентитет, како што впрочем и звучи формулацијата. Никаде во светот нема вакво нешто, дообјаснување за нечија националност, ова е чист преседан.

Комисиите кои што накнадно треба да се формираат, и со Бугарија и со Грција имаат за цел да го потврдат ваквиот преседан, да му дадат значење. И двата договори не се еднаш за секогаш дадени во ваква форма, немаат за цел да решат ништо, туку во спротивност, да го продлабочат проблемот. Ние со овој договор си накалемивме врз грбот уште низа други кои што допрва ќе испливаат на површина.

Ова се опасни договори кои што имаат за цел од нас да исползуваат согласност пред меѓународните правни институции, со наш потпис давање на легитимитет во правна смисла да се преговара за промена на нашиот идентитет. И не само тоа, туку и реструктуирање на државата и поништување на референдумот за независност од 91 година. Овој референдум кој што ќе следи е реприза на тој од 91 во режија на нашите соседи. Она што тогаш го испуштија да го направат бидејќи се најдоја затечени од тогашните околности, сега преку наша согласност имаат шанса да го исправат.

Народот нема поим за што во суштина гласа, независно дали гласа ЗА или ПРОТИВ. Да беше едноставно само промена на име, тогаш ќе беше друга приказна, но ова е нешто далеку покомлицирано. Опасно е да се излезе и гласа за нешто што во целост не го разбирате. Не е работата само во имањето став и во исполнување на некаква демократска должност. Референдумот е за прашања кои што се јасни, црно-бели. Договорот со Грција не внесува во една сива зона на нејаснотии, ова е стапица во која што ако паднеме тешко дека некогаш ќе се извлечеме.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.834
Поени од реакции
2.928

Точно така опасно е затоа најдобра опција е БОЈКОТ за тоа се известени во ЕУ,НАТО и Венецијанска комисија

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
EE кој не тераше да се задолжуваме до даске?? Кој ти дава пари тој кажува. Милијарди им должиме на западот и уште сакаме да не не тртат, Епа ќе не тртат и ќе прашуваме уште колку има за тргење. Додуша и да не должиш ќе ти го сместат ако решат ене пример Венецуела сега читав дека ќе се вмешаат и таму директно.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не. Ти објаснуваш/дообјаснуваш на некој шо не знае, не разбрал убаво. Тука зборуваме за ерга омнес и уставни измени, внатрешни, од Устав па надоле, значи ние сами на себе треба да си дообјаснуваме кои сме.
Еве сликовите. У преамбула стои дека " Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници, кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ...". Ова нема, не може да биде вака. Мора да биде, на пример: "Македонскиот народ/граѓаните на Република Северна Македонија, како и...". Се останува исто за другиве, они си остануваат како дел од народи, ние стануваме некој хибрид. Ова мораш да го налепиш у преамбула кога веќе си се обврзал сам на себе да си дерогираш националност и унитарност со некој граѓански призвук на твојот идентитет. Затоа никој не зборува од комуњариве за уставните промени, какви ќе бидат, што ќе се менува. Затоа кога ќе им постават прашање на таа тема, хистеризираат и зборуваат за бомби, Грујо и лански снегови. Оти се ќе се менува шо е идентитетско обележје. Оти од се се откажаа.
100% нема тоа да биде измената у Преамбулата.
Мешате баби и жаби. И на Албанецот/Турчинот/Ромот/што и да е со македонско државјанство во пасош/лична карта ќе му пишува „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“.
Мешате националност со етникум.
Националност/нација е концепт врзан со постоењето на државата, а етникум е поврзано со народот.
Така да, на Албанецот и сега кај националност му пишува „македонско“, а во иднина би му пишувало „македонско/граѓанин на...“.
Затоа нема поента тоа да биде измената во Преамбулата.

Точно е (скоро се) ова што си го пишал и за тоа како сме ние у поебана ситуација од другите националности и за друго. Но, националноста и јазикот исти се. Само има дообјаснување. А ако ти дообјаснувањето го сметаш како нешто што ја менува националноста/јазкот, тогаш за тебе тоа не е така.
Покрај тоа со историјата што го пишал и @Joe Dalton а што е преидиотски зошто политика нема место во историја, друга крајно спорна работа, што според мене е клучното за „зацврстување“ на нашиот идентитет е двојното значење на зборот „македонец/македонски“.
Празни муабети се тоа дека баш на тој начин сме го „зацврстиле“ идентитетот, зошто преведено на правнички јазик, немаш правна сигурност кога го користиш македонци, кога го користиме ние значи едно, коа го користат грците значи друго.

Еве зошто Берик ко шо глеам е ЗА договоров, баш ме интересира што мисли, кој термин во официјална комуникација ќе го употреби Грција за да каже „македонски народ/македонци“ ?
Очигледно нема да може да каже македонци, зошто кога го употребуваат они тој збор означува хеленска култура, а не македонски народ ?
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Лелеј,дaли знaaт нoвoпечените сендвичи штo ги чекa,aкo нa пример гoмнoнo Мицкoвски гo пoвикa членствoтo и oфицијaлнo дa излезaт нa глaсaње,a дa се oглушaт и дa бoјкoтирaaт?Кoј ке им ги гледa гревoвите кoлку ги исмејувaa,сендвичи,тврдoкoрни,мaдињaтa нa Грујo a ке испaдне oбрaтнo декa е....Имa пoдржувaчите нa Зaев golden shower дo крaј нa живoт дa јaдaт
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
100% нема тоа да биде измената у Преамбулата.
Мешате баби и жаби. И на Албанецот/Турчинот/Ромот/што и да е со македонско државјанство во пасош/лична карта ќе му пишува „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“.
Мешате националност со етникум.
Националност/нација е концепт врзан со постоењето на државата, а етникум е поврзано со народот.
Така да, на Албанецот и сега кај националност му пишува „македонско“, а во иднина би му пишувало „македонско/граѓанин на...“.
Затоа нема поента тоа да биде измената во Преамбулата.
Ама замка е, затоа шо у договорот стои дека секогаш кога ќе ги користиме називите Mакедонец, македонски јазик, тоа мора да се дообјасни дека нема врска со македонците во Грција и хеленското наследство тантара пантара... Тоа мораш да го објасниш некако, без притоа сам да лупаш фусноти во Уставен документ. Кое практично решение би го одбрал ти, ако веќе "Македонски народ" согласно договорот не може да стои без дополнително објаснување за каков тоа народ се мисли, а да не ставиш фуснота?

Значи, пази:

1. Страните прифаќаат дека нивното односно разбирање на термините „Македонија“ и „македонски“ се однесува на различен историски контекст и културно наследство.
2. Во однос на Првата страна, овие термини ја означуваат не само областа и народот во северниот регион на Првата страна, туку и нивните одлики, како и елинската цивилизација, историја, култура и наследството на тој регион од антиката до денешен ден.
3. Во однос на Втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура, и наследство кои се особено различни од оние кои се наведени во членот 7, став (2)

Првата страна нема шо да дообјаснува, затоа шо целиот континуитет на терминот го присвојува. Затоа е и наведено кај нив, а не е кај нас. Кај нас таа попара ќе се срка у комисии, пред уставните измени. Тука е опасен делот "особено различни".
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Не. Ти објаснуваш/дообјаснуваш на некој шо не знае, не разбрал убаво. Тука зборуваме за ерга омнес и уставни измени, внатрешни, од Устав па надоле, значи ние сами на себе треба да си дообјаснуваме кои сме.
Еве сликовите. У преамбула стои дека " Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници, кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ...". Ова нема, не може да биде вака. Мора да биде, на пример: "Македонскиот народ/граѓаните на Република Северна Македонија, како и...". Се останува исто за другиве, они си остануваат како дел од народи, ние стануваме некој хибрид. Ова мораш да го налепиш у преамбула кога веќе си се обврзал сам на себе да си дерогираш националност и унитарност со некој граѓански призвук на твојот идентитет. Затоа никој не зборува од комуњариве за уставните промени, какви ќе бидат, што ќе се менува. Затоа кога ќе им постават прашање на таа тема, хистеризираат и зборуваат за бомби, Грујо и лански снегови. Оти се ќе се менува шо е идентитетско обележје. Оти од се се откажаа.
Некако не ми се верува дека така би стоело у преамбула. (и покрај тоа што правно ваљда така произлегува дека треба да биде)
Али ако бидне така, тогаш лошо би било.

Но, никој не ги прашал до сега после договоров, дали така ќе стои у преамбула?
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Некако не ми се верува дека така би стоело у преамбула. (и покрај тоа што правно ваљда така произлегува дека треба да биде)
Али ако бидне така, тогаш лошо би било.

Но, никој не ги прашал до сега после договоров, дали така ќе стои у преамбула?
Ги прашуваат како ќе стои(оти договорот налага покрај членови, да се менува и преамбула). Не кажуваат. Дефокусираат. Некои(Заев) викаат дека тоа после референдум ќе било соопштено, а некои други (Шеќеринска, во една емисија) дека многу побитно било тоа шо ДПМНЕ немало став за референдумот и требало на таа најбитна на свет работа да се фокусираме, а не на глупости.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Ги прашуваат како ќе стои(оти договорот налага покрај членови, да се менува и преамбула). Не кажуваат. Дефокусираат. Некои(Заев) викаат дека тоа после референдум ќе било соопштено, а некои други (Шеќеринска, во една емисија) дека многу побитно било тоа шо ДПМНЕ немало став за референдумот и требало на таа најбитна на свет работа да се фокусираме, а не на глупости.
Јака ти душа што си нашол да се раправаш со токмаци. :cuc:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom