Премногу фама се дигна за Водно, а пола планина е веќе перде направена, што од предходната, што од оваа власт (иако јас лично ги поддржувам овие што протестираат таму)... Али никој не кажа што им прави копитоно Фатмир Дехари на Кичевчани, поточно на жителите од кичевскине села, сака да направи депонија во едно од најчистите средини во Западна Македонија. Депонијата планира да ја направи во Суво Поле, а штета од таа депонија ќе имаат селаните од Цер, Мало и Големо Црско, Прострање, Велмевци, Брезово, Кладник, и мал дел на Демир Хисар... тука го ставаме и Железнец од кој извира Црна Река.
Имале средба селаниве со Фатмир пред недела-две и иако не било донесено никакво решение, сепак им било ветено на жителите дека ќе направат уште една средба... И сега после два-три дена од тој состанок дојде глас до селаните дека копитоно од градоначалник пратил багер за да прави депонија во Суво Поле, и овие се собрале на протест, па му пропаднал планот од зад грб да почне да копа на тоа место. Сега за сега ситуацијата е статус кво, али знаејќи го Суртукот што е на чело на градот, овде ова нема да заврши.
Една
статија за тоа зошто НЕ СМЕЕ да има депонија во тој предел од земјата, и кои ќе бидат последиците ако успее Фатмирко во планот.
Местото на кое се планира да се прави депонија.
Едно Општество...