Во оваа прилика ќе споменам само две кои, според мене, не се доволни елаборирани:Тоа нема врска со спорот за името. Тоа има врска со нас, со нашата приватизација, со нашите ТАТ, Окта и ЕСМ, со нашите надувани администрации, наместени тендери...
Многу држави(Словенија и Италија, Полска и Германија, Германија и Франција...) имаат тековни и вековни спорови. Не е тоа оправдување нити па решение е разнебитување.
Харадинај и неговиот вилает се директна последица на Милошевиќ и статусот на Србија поради Милошевиќ, значи пак ќе треба со Милошевиќ да помуабети. И шо Путин? Украина му е руина, се троши во Сирија, Иран пак лапа санкции, Северна Кореја му ја превземаат...Путин не ти е добар пример.
1. За жал, во овие 27 години ние покажавме дека немаме сопствен капацитет да спроведеме квалитетни реформи во општеството без сериозен притисок и мониторинг од надвор. И за тоа чувствувам и голема лична одговорност. Со други зборови, ако сакаме средена и уредена држава, процесот на наше интегрирање во НАТО и пред се во ЕУ и исполнувањето на зададените норми и стандарди низ тој процес е, ако не целосна гаранција тогаш сигурно нашата најдобра шанса и можност за остварување на таа цел.
2. Добрите меѓуетнички односи се клуч за стабилноста и предуслов за се друго во Република Македонија. Евентуалната подолготрајна наша бесперспективност на планот на Евро-атлантските интеграции, наспроти успесите на овој план кои ги прават и ќе ги прават нашите соседи, порано или подоцна ќе претставува потенцијален ризик за нашата внатрешна стабилност. Тој ризик мора благовремено да го елиминираме.
Еве бранко убаво кажа: Без некој да не води за оглавата ние 30 години не покажавме капацитет да се оправиме, со процесите за влез во еу и нато ке не турат во ред. Без некој шваба да не туре во ред ние ке си ги мењаме груевци и заевци уште 100 години и ке останеме дупка.