Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Белки Република Македонија (Скопје).

Ама пак, побоље е Северна, нели. Твојата стара желба за „орга омнес“.
Според што заклучи дека Ерга Оменс ми е стара желба?
Најверојатно си имал причина за таков заклучок и сигурен сум, нема да ти биде тешко да посочиш некој мој пост што укажува на тоа дека моја стара желба било Ерга Оменс.

Република Македонија (Скопје) е прилично полошо решение од Република Северна Македонија. Ако тоа некој не го сфаќа, негов проблем.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Знаеш никој не сака сервилен човек гледа на него нешто пониско поневредно од себе, така сме представени ние македонците моментално од малоумни политичари. Доколку заземеме цврст став сите ќе не почитуваат, ќе не молат за во ЕУ :icon_lol:. Не баш ама можи споредба со некоја јака женска ти го дига курот и ти трчаш по нејзе и таа те игнирорира, кога ќе оладиш, и ќе речиш заеби, таа има да трча по тебе ќе и фали твојата валидација. Не знам колку можи да ја разберете оваа споредба и колку компатибилана со вашата реалност, ама ние сме реално дискриминирани. А основно човеково право да не те дискриминираат.


 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Зборот на Заев не вреди ни 1 мин. Човекот е светски рекордер во менување на мислењето (да не речам лажење) во политиката. Ваков политичар не верувам да имало, ниту да има.
Кога сме кај политичари светски рекордери во менување мислење и контрадикторни изјави, бидејќи си флагрантно неинформиран, би ти препорачал да си направиш една ретроспектива на изјавите на американскиот претседател. Доналд Трамп е сега претседател таму. Знам дека вака на прва нема да поверуваш, ама можеш да провериш на интернет. Прашај некој помлад да ти објасни како тоа се прави.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Според што заклучи дека Ерга Оменс ми е стара желба?
Најверојатно си имал причина за таков заклучок и сигурен сум, нема да ти биде тешко да посочиш некој мој пост што укажува на тоа дека моја стара желба било Ерга Оменс.

Република Македонија (Скопје) е прилично полошо решение од Република Северна Македонија. Ако тоа некој не го сфаќа, негов проблем.
Јак заклучок дека Северна било побоље. Република Македонија (Скопје) е „речиси“ непроменето име. За надворешна употреба зборувам.
ОК, можеби ерга омнес не ти е стара желба, ама сега ја поддржуваш таа работа. Си за Северна, си за ерга омнес, си за Тесалоники, си за граѓанин на Северна Македонија... Еволуција е тоа. На човекот му требале 150,000 години да се исправи на 2 нозе, кај нас се доволни 10 години за еволуција и прифаќање на грчите барања.[DOUBLEPOST=1536834849][/DOUBLEPOST]
Кога сме кај политичари светски рекордери во менување мислење и контрадикторни изјави, бидејќи си флагрантно неинформиран, би ти препорачал да си направиш една ретроспектива на изјавите на американскиот претседател. Доналд Трамп е сега претседател таму. Знам дека вака на прва нема да поверуваш, ама можеш да провериш на интернет. Прашај некој помлад да ти објасни како тоа се прави.
Убаво, се бориш за својот водач во менување на мислењата. Ете, ако има некој во светот што повеќе менувал мислења од Зоки, му се извинувам на Зоки за навредата. Можеби не е на прво место, ама секако има одличен пласман. Во врвот е.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Јак заклучок дека Северна било побоље. Република Македонија (Скопје) е „речиси“ непроменето име. За надворешна употреба зборувам.
ОК, можеби ерга омнес не ти е стара желба, ама сега ја поддржуваш таа работа. Си за Северна, си за ерга омнес, си за Тесалоники, си за граѓанин на Северна Македонија... Еволуција е тоа. На човекот му требале 150,000 години да се исправи на 2 нозе, кај нас се доволни 10 години за еволуција и прифаќање на грчите барања.
Ако под ова подразбираш дека сум за договорот, тогаш - да, така е. (ако тој договор не внесе во НАТО побргу)
Јас би прифатил и некој друг договор кој би не внел во некоја друга безбедносна структура (на пример, со Русија и Кина), ама таков сега никој не ни нуди.[DOUBLEPOST=1536834971][/DOUBLEPOST]
Убаво, се бориш за својот водач во менување на мислењата. Ете, ако има некој во светот што повеќе менувал мислења од Зоки, му се извинувам на Зоки за навредата. Можеби не е на прво место, ама секако има одличен пласман. Во врвот е.
И Трамп и Зоки, не сум сигурен баш дали менуваат мислења или лажат.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.647
Поени од реакции
22.380
Според што заклучи дека Ерга Оменс ми е стара желба?
Најверојатно си имал причина за таков заклучок и сигурен сум, нема да ти биде тешко да посочиш некој мој пост што укажува на тоа дека моја стара желба било Ерга Оменс.

Република Македонија (Скопје) е прилично полошо решение од Република Северна Македонија. Ако тоа некој не го сфаќа, негов проблем.
Не е прашање Република Македонија (Скопје) или Република Северна Македонија туку пакетот е екстремно штетен. Промена на устав се прави а до пред Муртињо имавме заеднички став дека двојна формула е тоа што нудиме односно не менување на уставот. Дали Северна или Горна или (Скопје) во таков случај и не ќе беше толку битно. Цел проблем е поради промената на уставот и целокупниот пакет.

Gesendet von meinem SM-G950F mit Tapatalk
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Новата британска амбасадорка Галовеј разочарана што ВМРО-ДПМНЕ не повика на гласање на референдумот

Дали е таа свесна колку се разочаравме ние што Британија изгласа излегување од ЕУ?[DOUBLEPOST=1536836738][/DOUBLEPOST]
Ако под ова подразбираш дека сум за договорот, тогаш - да, така е. (ако тој договор не внесе во НАТО побргу)
Јас би прифатил и некој друг договор кој би не внел во некоја друга безбедносна структура (на пример, со Русија и Кина), ама таков сега никој не ни нуди..
Некои работи не заслужуваат одговор. Достоинството. Јас не прифаќам да сум дел од проституција.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.161
Поени од реакции
5.940
А ти што си многу паметен си за кецање на мајка ти за да роди уште паметни како тебе? И на сестра ти, може генот ке проработи па и таа ке роди нешто паметно како тебе. Еве за сестрати и јас гласам за. За мајка ти не, оти не сакам да го ставам таму од кај што си излегол ти ама оставам секој по сопствено убедување и совест да се определи дали ке и го опне.
Јас ти поставив прашање со формулација иста како прашањето на референдумот, кое што очекуваат да се одговори со "ДА" или "НЕ". Ти ми возврати со лични навреди и воопшто не ми одговори на прашањето (т.е. го бојкотираше прашањето).

Само ми ја потврди поентата дека ниедно тросмислено прашање не може да се одговори со "ДА" или "НЕ", затоа престани да се правиш паметен на форумов и да ни објаснуваш што значи ако гласаш "ДА", а што ако гласаш "НЕ".
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
прашањето не е ни двосмислено, ни тросмислено
едноставно тоа е условот за влез во нато и еу. без тоа нема ништо од евроатлантски интеграции
еу и сад сакаат да и учинат на грција да си го добие тоа што го бара три децении, а за возврат можеме да влеземе во нато и еу
тоа е се
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.433
Поени од реакции
4.356
Јас ти поставив прашање со формулација иста како прашањето на референдумот, кое што очекуваат да се одговори со "ДА" или "НЕ". Ти ми возврати со лични навреди и воопшто не ми одговори на прашањето (т.е. го бојкотираше прашањето).

Само ми ја потврди поентата дека ниедно тросмислено прашање не може да се одговори со "ДА" или "НЕ", затоа престани да се правиш паметен на форумов и да ни објаснуваш што значи ако гласаш "ДА", а што ако гласаш "НЕ".
Прашањето не е двосмислено. Дали си за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот? Можеш да гласаш ,,да,, што значи дека си за влез во еу и нато со прифаќање на договорот. Можеш да гласаш ,,против,, што значи дека си против влез во еу и нато со прифаќање на договорот. Гласот ,,против,, никако не значи дека си против влез во еу и нато туку само дека не го прифаќаш договорот како услов за влез.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.684
Поени од реакции
88.641
Ако успее референдумот, ај што ќе менуваме име и националмост, туку кога ќе го отворат тоа Уставот и кога ќе ни го турат скришно законот за јазиците (како што викаше Таљат), е дури тогаш ќе се чешаме.

Ама важно ќе немаме војни и делења :)[DOUBLEPOST=1536839382][/DOUBLEPOST]
Прашањето не е двосмислено


Јас би гласал под број 5, ама ја немам таа опција, затоа #Бојкотирам

Чао
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Не е прашање Република Македонија (Скопје) или Република Северна Македонија туку пакетот е екстремно штетен. Промена на устав се прави а до пред Муртињо имавме заеднички став дека двојна формула е тоа што нудиме односно не менување на уставот. Дали Северна или Горна или (Скопје) во таков случај и не ќе беше толку битно. Цел проблем е поради промената на уставот и целокупниот пакет.

Gesendet von meinem SM-G950F mit Tapatalk
А кога ќе се освестиш ти еве или кој и да е против формулава дека доколку би стоеле смао до промена на име за надворешна употреба, никогаш не би го смениле зошто никогаш Грција не би се согласила со тоа? Сфаќате дека Македонија како држава нит сега е, нит некогаш била во позиција да поставува услови? Болно е, тажно е и тешко да се прифати ама реалноста е таа. Што ќе кажеме „Грци, не ви даваме струја ако не не' признаете“? Бугари, џабе сте во Европа и НАТО, нема да ви даеме пченица и ќе умрете од глад? Албанци, нема да ви дааме пари за кредити? Па 5 фамилии нивни што се бават со црн бизнис можат да ни ја купат државата, со се' долгови. Неаме (англиски кажано) левериџ да би поставувале услови. Да, опција е да стоима и на наши црвени линии кои не допираат ништо во внатрешноста на државата, да си тераме по свое и веројатно за некое време појаките од нас соседи да не поробат. Не велам дека со договоров ќе се средат сите проблеми, не знам ни дали еден ќе се среди и не знам дали ризикот на потпишување и промена на се' (не само името) е единствено решение или најрационално решение ама малку „закочете“ со тоа дека некој некогаш преговарал за промена на име само во билатерала со грчка и тоа било тоа, па било блиску до успех и договарање или што и да е. Мислам, ако сакате да живеете во фантазија дека некогаш ние сме имале ЗБОР во ова, во ред, ваше си е.
 
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
ДА ќе одговорев. Шо сакаш да кажиш, дека ќе издејствуваше Мицко подобар договор? Како што издејствува некој во минатите 27 години? Ова е шансата, сега и никогаш повеќе. Досега толку ЕУ и цел свет не се заангажирале за нас и нема да се случи ова повторно. Досега ниту една влада не сакаше да го реши прашањето оти беше поважно да си владеат на рајат и да не го иритираат народот. Кој ни гарантира дека следната гарнитура нема да не излори повторно како минатите 3 децении и ќе се занимава со краткорочно богатење. Проблемот со името требаше да биде решен досега, јас не мислам да губам овде уште 20 години со Бранко, Љупчо и Грујо политичари и ветувања за европа а никој не сака да си ги извалка рацете.
аха, значи прво се убаци како многу загрижен за државата во стилот "гласајте за инаку ќе се распадне државата, ќе има дестабилизација, прекројување граници, колери, чуми, земјотреси и т.н" за на крај да завршиш во стилот ме боли кур за државата "јас не мислам да губам овде уште 20 години со Бранко, Љупчо и Грујо политичари и ветувања за европа", не знам што си чекал и досега кога тоа ти бил планот, не мораше да не плашиш со временски неприлики.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom