Убаво, значи политиките на САД и ЕУ се за промена на нашето уставно име. А ерес е да си против тоа. Колку недостоинствено. Знам дека не сме никаква сила, ама сепак некое достоинство може да се има.
Нема достоинство. Има само взаемна подршка и интереси.
Македонија моментално е туркана до фундаментално решение од нејзините најголеми "пријатели". Ако ние се залагаме за Европски правни, културни и политички норми тогаш мора да го почитуваме нивниот кредибилитет и нивниот став спрема тие прашања.
Отфрлање на решението со името претставува отфрлање на европските аспирации за оваа земја - без решение на името нема прогрес за оваа земја.
Доколку сакајќи да го заштитиме непризнатиот идентитет одлучиме да се дистанцираме од Европа тогаш ајде да бараме други алтернативни решенија.
Меѓутоа кој се алтернативите? Македонија е географски стационирана во Европа. опколена со членки на НАТО сојузот и членки на ЕУ. Незнам како би граделе заеднички трговски и политички врски со Русија, Кина, Саудиска Арабија, Индија или која и друга моќна земја која би застанала во наша одбрана.
За крај треба да ви биде јасно дека Договорот помеѓу Македонија и Грција е дефиниран со јасни клаузули од двете страни и тие позиции постигнати за двете земји се дефинитивни точки од кој тешко дека некој ќе ги помести во иднина. Поготово не Грција би се согласила Македонија да добие поповолни позиции од сега постоечките и како такви не се минливи кај мнозинството на грци.
Значи:
Отфрлање на Договорт = Отрфлање на Европските аспирации.
Алтернативни решенија - Нема
Дури и после 20год да се распадне ЕУ и НАТО, Грција секогаш ќе ги има за пријатели Германија, Франција, Британија и Македонија ќе продолжи да биде кочена од поедини земји.
Македонија пак од друга страна ќе нема никого. Подложна на внатрешни немири и надворешни притисоци.