Утре да речат: ако референдумот помине, од нареден ден сите на работа во Немачка и Европа, без бирократски процедури и работни визи, македонскиот пасош еднаков со Европскиот... на 30ти има редици, колони од народ да се создадат уште рано рано пред гласачките места за референдумот.
Она што сакам да кажам е дека времето на продавање магла помина. Ветувања од 500 евра плата веќе не бркаат работа. Народот бара нешто конкретно, не се задоволува со ветувања по билборди за нешто што би се десило во некоја далечна недефинирана иднина...
Поентата е што не постојат јасни гаранции за ништо во моментов.
Дури и изјавите на Европските политичари на тема "членство во ЕУ" се крајно претпазливи, во стилот "можда ќе влезете некад-никад, ќе видеме, вие само излезете на референдум па отом потом"
Во тој стил беше и изјавата на Меркел а и на сите нејзини предходници.
Нашиот народ за да гласа е научен за својот глас да бара и добива нешто за возврат од партиите, врз основ: личен бенефит. Така го научија и СДСМ и ВМРО низ годините.
Референдумот не нуди нешто конкретно за ниту една страна, ништо опипливо, во смисол партиско вработување...
Не постои доволен мотив за да се гласа воопшто. Членството во ЕУ на сите му е јасно дека не е конкретизирано и нема да се случи во блиска иднина. Главниот мотив ЕУ пасошот отсуствува во моментов. За рестото, кој ти знае што е ЕУ и НАТО и кои се придобивките од членството таму.
Тие само 3% го прочитале договорот со Грција, во суштина и поим немаат за што ќе гласаат.