Македонска фудбалска репрезентација

Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
Ристески нема техника ама за тоа е спор! Едино што е борбен ама за во прв состав не е ... Жута па и Ашкоски треба да се пробаат... Трајковски прави разлика кога игра... Нестор блед, може многу повеќе меѓутоа мислам дека го мачи и повреда... Вака добра средина и напад сме немале одамна, меѓутоа играта некако не е баш добра, ама добро е тоа што конечно има резултати... Поубаво се победи со лоша игра него киксови со многу шанси и добра игра... Би сакал да го издвојам и Николов, дечкото ќе биде ѕвериште,секогаш борбен.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Воопшто не е битно кој какво потекло има. Битно е дека конечно имаме репрезентација која изгледа сериозно и има резултати. Ваква шанса да одиме на ЕП тешко дека некогаш ќе имаме во скоро време. Гледаме дека реално сме една од најдобрите репрезентации во лига Д.

Што е најважно не подлегнаа на притисокот против Ерменија. Многу пати се случуваше кога ќе дојде важен меч целосно да ја утнеме. Уште од дете ги паметам поразите против Литванија што не коштаа бараж за СП. И таа генерација што ја водеше Хаџиевски играше добро и дисциплинирано, ама на крај паднаа на притисокот. Се надевам нема да им се случи тоа и на овие дечки.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Не е битно кој како игра, прво треба да ја пеат химната па после. Не знам со кој памет ги браните.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
Жута е боље опција од тебе сигурно,и ќе немаш нервози .....
Pred da citiras mislenje zemi procitaj go pa potoa zemi preprocitaj go use 200 pati.

Posle ova javi i se na profesorkata od sredno po mk za da ti go objasni toa so sakas da go citiras pa potoa zemi si edno den dva da razmislis za seto toa i dokolku imas neso pametno da kazes slobodno citiraj, a dokolku nemas u redu e, olabavi me, titulata najglup clen ti e zagarantirana.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.821
Поени од реакции
15.921
Не е битно кој како игра, прво треба да ја пеат химната па после. Не знам со кој памет ги браните.
ме заболе мене ако не ја пеат химната, се додека даваат максимум на теренот, тоа ќе е најмалце битно, не се прајте синиша михајловиќ.
на крајот се пласираме на ЕП и што ќе речиме ејј нема потреба да играме, пола репрезентација не ја пее химната.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ова е можеби најдобриот среден ред кој го имала репрезентацијава, одбранта била полоша, но нападов е еден од најлошите.

Никако да добиеме константен шпиц, сите се one season wonders. Нестороски е катастрофа веќе одамна, Трајковски е добар ама не е класичен гол играч, Тричковски игра топло-ладно, од Пандев тоа е и максимумот на тие години. Не ми го спомињајте само Јахович сеа.

Во оваа шалбајзерскава група ќе поминеме и вака рутински со 4 у одбрана, но мислам дека треба да се игра 3-5-2, тоа беше формацијата со која игравме добро против послините репрезетнации минатиот циклус.

Ристовски и Алиоски како офанзивни бекови е најдоброто можно моментално, а со тројца во одбраната ќе се крпат недостатоците кои таа ги има. Кирче ко стопер не е лош, Муслиу втор и третиот веројатно Велковски кога ќе фати форма (ако ја фати). Плус во таква формација може да играат и бекови ко Тошевски на десен стопер.

Средниот ред мора да биде сочинет од Спировски, Барди и еден од Николов или Адеми. Елсмас уште не е за стартер, ќе биде играчот од клупа кој би правел разлика. Напред Пандев со уште еден, односно со играчот кој ќе биде во најдобра форма во тој момент.

Лагано може да одиме до скор 6-0-0 во групава и со ваков напад, едноставно ќе е битно да се даде прв гол и после рутински да се чува, како на овие два меча.

Штета што ќе се пласираме на најглупото ЕП кое ќе се игра во 43217 различни земји и нема да ја осетиме правата еуфорија.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.162
Поени од реакции
18.521
ме заболе мене ако не ја пеат химната, се додека даваат максимум на теренот, тоа ќе е најмалце битно, не се прајте синиша михајловиќ.
на крајот се пласираме на ЕП и што ќе речиме ејј нема потреба да играме, пола репрезентација не ја пее химната.
Не е баш така.
 
Исто и мене ме заболе дали ја пеат или не, играта е најбитна. Вчера играа лошо а победија нешто што беше незамисливо пред неколку години. Сакав да видат тие кои јадат гомна за пеење колку смешно звучат.
Не е баш така.
Ај бе не замарај. Што не е баш така, на европско ќе не однесе добрата игра а не пеењето на химната. Зошто французите не ги плукаат оние кои не ја пеат химната? Химна па химна, гледај фудбал ебате.
 
Кој не ја пее химната кај Французите?Ако не сакаат да играат слободно нека си одат.Македонија им служи само за правење интернационална кариера.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.041
Поени од реакции
84.626
Инаку, после групнава фаза, ќе се игра по принцип на фајнл 4.

Ќе има една земја домаќин. Да се надеваме тоа ќе биде Македонија.

Принципот на тоа како ќе се игра во 1/2 финале е слично како во кошарка.

Најдобриот победник на група против најслабиот победник на група.
2nd best победник vs 3rd best победник

Што значи ако сакаме лесен противник во полуфиналето не ќе е лошо да билдаме гол разлика...ама то е.

Домаќинот на фајнл форот ќе биде одреден во Ноември 2019.
 
C

Castiel

Гостин
Доста со таа гол разлика. Божем Бразил сме гол разлика ќе сме билдале. Супер си играат си редат победи. Не е битно со колку разлика пошто на крај посекако ќе треба најаките да ги победиме ако не во полуфинале тогаш во финале. Супер си играат организирано доволно за да победат без претерано да се мачат. Нека продолжат само вака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom