Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде бе Шарени комуњарчиња утре со 3,1% раст на БДП вреди да се инвестира . . . Ебаве оптимисти кога без пари сакате пари да направите . . .

Кире Ултрас купи ли нешто?? тивок си ми во последно време ??? Па овој квантен скок од 3,1%, најмал во Европа, мора да се поздрави со некоја куповна трансакција . . .
https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/kvantiniot-skok-so-prelapnuvanje-na-golemiot-zab
Само немој Макстил жити се, кинези се таму, гледај некоја НАТО фирма :) . . .
И не ми кажа ??? Татко ти ги поврати парите од 2007 година со приемов во НАТО или уште е во минус ??

ЗЕДД брате, што вика КОД ?? Кој акции се просперитетни?? Да купувам Гранит и Бетон ??? Кога ќе се гради како што треба ??? Абе скопската обиколница промашена беше или не . . . колку години се градеше???

Дај да ја напумпаме берзава уште малку и како луѓе да влеземе во НАТО . . . . .
Абе уште некој 15-20% пред референдум не би било лошо за оптимизам . . . Без +15% ни чевли не облакам, а каму ли ливче да потполнам . . . Имајте усул, нек не фати и нас малку живот, а не само ќерката на Димитров и Цвета Ласкова . . .
Осеќам некој позитивни вибрации во последниве денови на мсе. . . СТБ и Макпетрол може ќе повлечат нога . . .
Абе Премиер ми го нема некое време ??? Да не го отпушти Хаџимишев, па се откажа од Форум . . . Слушам деновиве фамилијата ќе ја затворат, па бизнисот на раат успешно ќе го работат . . .

Ајде да се координираме, јас уште трпезариска маса да купам и ете ме пак на „BID“ . . . не е ваљда јас најголемиот песимист пак сам да ја спасувам берзата . . . Ебаго го ЦЕВИ за 13% ме обогати во никакво време . . .

п.с.
Бране к.р те боли тебе оваа Стопанска неможе да ја приземји ни НАТО армада, оде у васион :) . . . . Може федерфуфни не произведуваме ама дебата и магла имаме во изобилие . . . Уште малку и тебе живот ќе те фане ама немој да не си пишал . . .
 
Дали некој приметува дека 2 дена нема никаква трансакција со Гранит?
 
Дали некој знае кога Телеком треба да почне да ја исплаќа дивидендата? Не гледам никакво известување, а рокот за исплата мислам дека е до 30.09
 
Денес ќе помине предлог статутот на Тиквеш. Да видиме дали ќе има објаснување на фамозниот член оти очигледно им е тешко да одговорат на мејл.
 
Бране к.р те боли тебе оваа Стопанска неможе да ја приземји ни НАТО армада, оде у васион :) . . . . Може федерфуфни не произведуваме ама дебата и магла имаме во изобилие . . . Уште малку и тебе живот ќе те фане ама немој да не си пишал . . .

Мене живот ме фати уште пред некој месец, си се пофалив на време, ти слабо пратиш ситуација. ;)
Btw, СТБ гази накај 1150, на 1200 правам растовар, да биде поштен јамб у најава.
 
Кој може да ми даде издржан - релевантен коментар и логично објаснување за АД Фершпед, околу тргувањето (минимално) и пазарната вредност на акцијата со оглед на номиналната вредност (висока), бројот на издадени акции (малку), книговодствената вр. - коеф. добивка.

Особено ме чуди анемичноста во пазарната цена и обемот на тргување по фрапантните резултати од БУ, објавени во овогодинешниот шестомесечен извештај, цирка 260% раст. Очигледна е мистиката - загадочноста кај оваа компанија.

Свесен сум дека не-делењето на дивиденда влијае врз (не)атрактивноста на оваа акција, но имајќи ги во предвид сите наведени параметри, нешто не ја оправдува логиката за занемареноста и потценетоста на оваа компанија. Очекувам логичен издржан коментар во што е тајната на оваа дискрапанца. Поздрав

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Последно уредено:

Види пријателе, добра ти е намерата, ама соодветен исцрпен одговор е невозможен, пошто истиот би започнал со епското „Беше тоа далечната 199х година кога лицето ШН...“ за на крај да заврши со „... и се надеваме дека братоубиствената војна нема да има лош епилог, особено не по малите акционери“.

А во меѓувреме имаш: АД Европа, Штерјо штелува извештаи, Мијалков се настрвил на Фершпед,
Комерцијална..... во рандом редослед.

Само едно сум сигурен, не очекувај SPLIT кај оваа акција, тоа едноставно никогаш нема да се случи.
 
Кој може да ми даде издржан - релевантен коментар и логично објаснување за АД Фершпед, околу тргувањето (минимално) и пазарната вредност на акцијата со оглед на номиналната вредност (висока), бројот на издадени акции (малку), книговодствената вр. - коеф. добивка.

Особено ме чуди анемичноста во пазарната цена и обемот на тргување по фрапантните резултати од БУ, објавени во овогодинешниот шестомесечен извештај, цирка 260% раст. Очигледна е мистиката - загадочноста кај оваа компанија.

Свесен сум дека не-делењето на дивиденда влијае врз (не)атрактивноста на оваа акција, но имајќи ги во предвид сите наведени параметри, нешто не ја оправдува логиката за занемареноста и потценетоста на оваа компанија. Очекувам логичен издржан коментар во што е тајната на оваа дискрапанца. Поздрав

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
Добра адреса за одговор на твоите прашања е последниот ревидиран. Може да го погледнеш на линков

https://www.seinet.com.mk/FileServer.aspx?file=48540

Уште во мислењето на ревизорот се забележува резерва околу некои средства, конкретно залихи и побарувања, кои, доколку се коригираат, би ја намалиле книговодствената вредност за преку 567М ден.

Додај на тоа вложувања во домашни компании со дубиозна вредност (белешка 15) и позајмици кои не се ни објаснети каде се дадени и под кои услови, севкупно 830М ден, и доаѓаш дека букот баш не ја одразува реалната вредност.

Всушност ФЕРС е еден од класичните примери зошто маркет/бук на МСЕ не е релевантна мултипла.

Додај уште неповолна акционерска структура, тоа дека главните акционери ги множат малцинските со НУЛА, тоа дека си изнесуваат капитал преку разноразни позајмици како гореспоменатите, тоа дека дивиденда ќе дадат на Куково лето...ете затоа секој нормален инвеститор не би ја погледнал двапати оваа акција, ниту било која друга поврзана со тоа змиско дувло.

Има подобри опции, не се замарај (y)
 
Никој нема да ги рецка малите акцинери така е законот направен намерно.

Нека го сменат законот да може јавна понуда за сите акции да даде лице кое има најмалку 5% па да видиш како пепервка ке играат. Големиот АНДРЕЈ јосифовски со собрани полнимоштва да управува со 70% од акциите ги наполни гагите до врв ја крена цената од 16 на 47000 и почна да дели дивиденди и да прашува дали некој сака службите за хигиена на мпт да чистат по дома кај акционерите кога им треба.

Толку пари искрадоа од државата и поранешни јавни компании кои ги приватизираа да веке ми е сомнително дали има нешто останато во нив да се инвестира се е по доо доели распрчкано.
 
Добра адреса за одговор на твоите прашања е последниот ревидиран. Може да го погледнеш на линков

https://www.seinet.com.mk/FileServer.aspx?file=48540

Уште во мислењето на ревизорот се забележува резерва околу некои средства, конкретно залихи и побарувања, кои, доколку се коригираат, би ја намалиле книговодствената вредност за преку 567М ден.

Додај на тоа вложувања во домашни компании со дубиозна вредност (белешка 15) и позајмици кои не се ни објаснети каде се дадени и под кои услови, севкупно 830М ден, и доаѓаш дека букот баш не ја одразува реалната вредност.

Всушност ФЕРС е еден од класичните примери зошто маркет/бук на МСЕ не е релевантна мултипла.

Додај уште неповолна акционерска структура, тоа дека главните акционери ги множат малцинските со НУЛА, тоа дека си изнесуваат капитал преку разноразни позајмици како гореспоменатите, тоа дека дивиденда ќе дадат на Куково лето...ете затоа секој нормален инвеститор не би ја погледнал двапати оваа акција, ниту било која друга поврзана со тоа змиско дувло.

Има подобри опции, не се замарај (y)
Не за Фершпед ама за дел од групацијата го читав тоа и пишував пред одредено време https://forum.kajgana.com/index.php?posts/8430336
 
Благодарност и уважување на коментарите и укажувањата за АД Фершпед, за стекнување реална слика за истиот неодминлив е впечатокот дека кај оваа компанија праксата да се фингираат и фризираат извештаите односно реалните показатели, поприма хроничен синдром.

Се наметнува логично размислување кому и зошто му служи ова извитоперена слика во која се препознава бајаги сивило и заматеност и со оглед на котацијата на друштвото не е ли време и место одредена институција (чија кратенка се состои од 3 букви) да ја преиспита очигледната галиматија. Особено боде очи превисоката дискрапанца (260% +) на чувствителни показатели, каква е нивната улога освен лажирање и доведување до заблуда на потенцијалните инвеститори.

Со почит кон понатамошни издржани видувања и коментари со цел разбивање на маглата во тргувањето во овие благонадежни очекувања и стремежи за економски и финансиски прогрес во општеството. Ако некој некогаш помпезно изјави дека "берзата е огледало на економијата" крајно време е некој повикан да го забрише огледалото, како секоја фаца би го добила вистинскиот лик во истото.

Поздрав

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom