Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Инфото кое е од другар, зет, кумашин итн. (максимум втора рака) е сеуште не познато, не актуелно, не потврдено итн и додека да се напише сторија/статија поминува некое време.

Постои едно нешто што се вика инсајдер, цел свет функционира така незнам што се правите будали со сила.
Инсајдерот кога пренесе информација, тоа е до мала група, најчесто политичка партија. Таа информација останува во мал круг, а јавноста ја дознава преку некој медиум, дури и ако е шпекулација. А истите медиуми се следат истовремено низ целиот свет, преку интернет и преку сателиските ТВ и радио мрежи.
Може да имаат „брзи“ информации одредени луѓе во политиката и слично, но 99,99% имаат информација приближно иста и овде и надвор. Секако, овде информациите ги примаш секако, а во странство само ако ги следиш, бараш, се интересираш.. Овде сите зборуваат, коментираат.. за нив, во странство само сонародници ако ти се во близина.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726

Види, муабетот е кој прв ќе дознае а не брзината со која се шири информацијата и презентира пред аудиториумот.

Пример; сум слушнал дека во некое X училиште немаат платено парно т.е. немаат греење од близок.
Учениците пренесуваат дома, нивните родители по колеги/комшии итн и додека да видиш за еден ден цел град знае, ради радио милева а додека да се објави и потврди веродостојноста за да некој во дијаспората дознае некој ваков банален проблем минува време. За посериозни работи да не зборувам башка, кликбејт и фејк вестите се еден поголем дел така да - нема теоретски шанси некој од дијаспора да е поинформиран од тукашните.

Ние сме секогаш поблиску до примарниот извор.

п.с. да не забораваме дека се селектираат, цензурираат или блокираат информации ама уста на кафе/ракија тешко дека ќе ја блокира некој.
 
Да, секако.
Муабетот е дека денес оние наши во странство што се интересираат, што се посветени (а мислам дека доста има такви) и се интелектуалци луѓе, не заостануваат многу зад нас, барем за глобалните работи. Немаме кој знае каква предност ако знаеме побрзо за 1-2 час
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Во член 8 став 5 од Договорот со Грција пишува:
"..Комитетот ќе разгледа и доколку утврди дека е соодветно, ќе изврши ревизија на кои било учебници и помошни наставни материјали како што се карти, историски атласи, наставни упатства кои се користат во секоја од Страните, во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. За оваа цел, Комитет ќе дефинира конкретни временски рамки за да се обезбеди дека во секоја од Страните ниту еден учебник или помошен наставен материјал што се користи во годината по потпишувањето на оваа спогодба не содржи какви било иредентистички/ревизионистички упатувања. Комитетот, исто така, ќе ги проучи и новите изданија на учебниците и помошните наставни материјали, како што е предвидено во овој член..."
#СоДругиЗборови, се менува македонската историја темелно во учебниците, идните генерации ќе учат нова вештачка историја за вештачка држава. Старите учебници и помошни материјали стануваат ѓубре, а милиони и милиони се потребни за изработка на нови, од џебот на граѓаните.Колку ќе се оптерети буџетот на Република Македонија? Како во светот третираат една вештачка творба?
#ФактиЗаДоговорот
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Да, секако.
Муабетот е дека денес оние наши во странство што се интересираат, што се посветени (а мислам дека доста има такви) и се интелектуалци луѓе, не заостануваат многу зад нас, барем за глобалните работи. Немаме кој знае каква предност ако знаеме побрзо за 1-2 час
Предност 2 месеци - минимум.
Не си шетан по чаршија во помал град изгледа.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550

Да, да, ќе отворат Курир или Република и одма се ќе дознаат како е навистина. Факт е дека појма немаат што навистина се случува тука.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.393
Поени од реакции
11.869
По демократска влада немало.За кур не ги бидува.Мушички не изедоа а тие ЕУ ќе не носеле.Море море глуп народ македонски цццц.
 
Н

невидливио

Гостин
Апропо дијаспората...

Настрана митовите и стереотипите од порано.
Имам доста голема почит према луѓе кои последниве години работаат во Германија, Австрија, Швицарска и Скандинавија. Имам имано бајаги конктакти со луѓе од таму, што странци што нивни домашни. Има нешто во тие држави, некоја енергија, некој поинаков кислород што би се рекло. Нивниот менталитет е поинаков, да не навлегувам во детали, но ми се чини дека се поголеми оптимисти, гледаат решенија, ништо не им е проблем, а и доста поработливи се во просек. поангажирани, позаинтересирани. Една поинаква култура владее таму ми се чини...

Она што ме фасцинира е умешноста на тие држави да дури и од џаболебари да направат солидни работници. Од луѓе со сомнително образование од Балканот да направат вистински професионалци во неколку години искуство таму. Тоа е едноставно фасцинантно. Ние, а и цел Балкан, не можеме да искористиме вистински генијалци, они и од парче скршена иверка знаат да направат уметничко дело.

Така да... Митовите за дијаспората можеме да си ги ставиме некаде да фаќаат прашина, исто како што оние во Австралија ги претицаа нашите дедовци со пензии, така и овие денешниве дијаспорци во многу ги држави престигнуваат своите браќа во матичните држави. Не само во пари него на севкупен план, како личности...
Да не зборувам дека В4 државите се отидени далеку понапред и се доближуваат до нивото на западот.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Предност 2 месеци - минимум.
Не си шетан по чаршија во помал град изгледа.
Е сум.. Јас сум скопски гастарбајтер. :)
Муабетот ми е дека се доволно информирани. Многу поразлично од пред 20+ години. Зборуваме за „бидување“ во тек со настаните и состојбите во државата. Не за ситници. Има и овде луѓе кои по цел ден си слушаат музика на Аннтена5 или слично и слабо знаат суштински што се случува.[DOUBLEPOST=1536153926][/DOUBLEPOST]
Да, да, ќе отворат Курир или Република и одма се ќе дознаат како е навистина. Факт е дека појма немаат што навистина се случува тука.
Комуницираат и со своите блиски, на скајп, вибер, меил...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
По трет пат, што ти пишува во пасош? Ако не сакаш да одговориш, само пиши дека не сакаш, да не го повторувам прашањето цело време.

Treta srekja:
Dobro shto go postavuvash prashanjeto, da vi se razjasnat nekoi raboti vo vrska so nacionalnost, nacionalen identitet ili pripadnost.

Vo germanskiot pasosh stoi : "Staatsangehörigkeit" angliskata verzija e "Nationality". Terminot Staatsangehörigkeit vo makedonski prevod bi bil pripadnost kon drzhavata na konkretnata persona, " DEUTSCH". Znaci sekoj koj go ima pasoshot e drzhavjanin na BRD i so toa gi uzhiva pravata no i obvrskite kon doticnata drzhava i tolku. Nikoj ne se zamara so nacionalen identitet i sl. Vprocem kaj germancite imash Schwaben, Franken, Sorben (Luzhnachki Srbi ili Istocni Sloveni) itn. Site se Germanci ne samo po nacionalnost tuku i po identitet i nikoj ne komentira voopshto na taa tema dali e pogolem Germanec ili sl. gluposti.

Za terminot "Gast-arbeiter" mu pripgja na edno vreme pred 20-30 godini koga pechalbarite se iseluvale vo edni sosema drugi okolnosti. Denes vo globaliziran svet so takvi termini-smeshno zvuchi. Nekoj zaminal vo Shvedska na specijalizacija-hirurg, 2-3 god ne e vo MK, i toj e po taa logika gastarbeiter, znachi nema vrska. Makedonci vo MK i Makedonci nadvor od MK e najsoodveten termin !
Благодарам на објаснувањето. Значи со добивање на германски пасош, ти си германец.

Најјак аргумент е тоа демек идајте Македонија овде да се борите итн. Значи ретко кој останува во Македонија од патриотски причини односно да ја штити и да се бори за Македонија исто така при одселувањето ретко кој го има тоа на ум или таа дилема. Ама да за да ја утепаш дискусијата е често користен аргумент.

Gesendet von meinem SM-G950F mit Tapatalk
Не е тоа најјак аргумент ама е еден од аргументите кои се на страна на оние кои останале во државава. Дали сме останале поради патриотски причини, дали поради тоа што сме неспособни да отидеме или не сакаме поради семејство, на крајот од денот ние сме останале. Вие сте отишле поради ваши причини и се' тоа е во ред, супер за вас. Трагично е кога ти, кој што си отишол ги судиш моите постапки и рассудуваш моите размислувања а не си дел од државава со години, некои со децении а некои и со поколенија се немаат вратено.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
5.486
Е ај сега

Лик број 1. Има бугарски пасош веќе 3 години, жена му е исто во завршна процедура за Бг пасош, работи во државна фирма со плата од 34K денари, полага за А2 германски - Кука како во државата ништо не функционира, не му стасуваат пари и дека ќе мора да си го фаќа џадето ама сепак смета дека договорот е капитулантски и не ни се потребни ЕУ и НАТО под такви услови. Затоа #Бојкотира.

Лик број 2. Нема бугарски пасош. Верен е, крева кредит свадба на направи. Работи во приватна фирма 9 сати 6 дена во неделата со плата од 14000ден.- Кука како во државата ништо не чини ама гледа дека нема други алтернативи и со сила сакаат да ни ја протнат државава во тоа НАТО по цена на промена на идентитет. Си вика што имам да изгубам, кој ми се алтернативите и онака животот ми е срање може да биде само боље од ова. Затоа Гласам #За Европска Македонија

Лик број 1 -Вмровец, успешен човек, патриот.
Лик број 2 -Сдсмовец, пропалица, предавник.

Ликовите не се од Научно-фантастична книга.
Ликовите се реални јадат леб од Жито-лукс и дишат ПМ10 честички.
 
напиј се апче, не ти е арно
 
Бојкотирам и вртам солидна сума на пари јас, многу пари за македонски услови :icon_lol:, можам симултано да преведувам од англиски на македонски, и слушам по три аудиокниги неделно на англиски па ти пресметај по колку книги ми идат годишно. Од секаква тематика, можам и понатаму да билдам его ама доста е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom