Македонска берза

Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Од одговорот се гледа дека немаш практични познавања како функционираат странските инвестиции во економските зони во Македонија. Нивниот придонес врз Македнската економија и индирекно на профитот на компаниите кои котират на берзата е:
- изградба на објектот (ниеден објект во зоните не е граден од Бетон и Гранит);
- плата на вработените (влиае на личната потрошувачка и на стабилните потрошувачки кредити што ги даваат банките);
- комунални услуги, одржување на опремата, услуги за храна и превоз на вработените.
Не е малку, но тие 3-4% од БДП колку според тебе влиаат врз домашната економија не се пресудни и Македонската економија не темели на нив.
И да, премалку добиваме за вложеното во зоните. Само Ван Хул соработува нешто повеќе со наши компании. Доволно ко за тема за Македонска Берза.
Во Македонија има некаде околу 730.000 вработени . . .
Околу 200.000 работат во администрација, елем, јп . . .
Околу 200.000 трговија, услуги и кафани . . .
И не повеќе од 350 илјади дирекно во индустриско производство . . .
Од нив 1/10 односно 35.000 работници работат во СДИ кои се далеку попродуктивни отколку домашната индустријата . . . И уште 10.000 вработени како логистика . . .
Сигурно влијаат околу 10-15% . . .
Колку за информација . . . Бетон ја градеше Техникал текстајл во Штип . . . Пред да тврдиш нешто, провери . . .

https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=34997
https://makfax.com.mk/ekonomija/makedonija/germanska-kompanija-ke-gradi-fabrika-vo-stip/

А еве колку СДИ влијаат врз економијата на Србија . . . . . Да не мислиш дека ПКБ, ФАП, Бор и Мајдампек го креираат овој раст . . .??

https://www.kurir.rs/vesti/biznis/3112631/sjajne-vesti-za-srpsku-ekonomiju-srbija-treca-u-evropi-po-rastu-bdp-u-drugom-kvartalu-povecan-za-48-odsto
https://www.srbijadanas.com/biz/vesti/neverovatan-uspeh-srpske-ekonomije-bdp-ostvario-rast-od-48-odsto-srbija-treca-u-evropi-2018-08-31

Србија и Вучич учеа од Груевски и компанија, а денес се заебаваат во Македонија . .
Ако сакаш ќе ти постирам некоја изјава од Вучич кој највеќе му крадел инвестиции . . .
Повторувам . . . Ние срушивме добар систем . . . Систем кој носеше резултат . . .
Систем кој влијаше на растот на банкарските кредити (посебно потрошувачки и стамбени), за денес ние да се насладуваме на мрсни дивиденди од СТБ и НЛБ . . . . .
Така да Странските Дирекни Инвестиции ите како влијајат на МСЕ . . . . .
Види кои кредити највеќе пораснаа изминатите години . . . ???

Затоа и сега имаме бедни НУЛА,1 раст на БДП . . .

p.s.
Што би рекле некој владини војници . . . Боле за берза си цар, ни донесе доста пари, ама за економија си тарабука . . . . Демек така се прават пари на берза, без познавање на економија . . .
За разлика од нив Јас се трудам реално да ги гледам работите . . . и затоа ми оди . . .
Џабе ќе им направиш пари, ама ако им го критикуваш лидерот, партијата ти си им крвен непријател . . . Јас само толкувам бројки ништо повеќе . . .
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Карпош не е ликвидна и не ми е на радар, ја имам елиминирано како можност за инвестирање. Но ако некој знае нешто повеќе слободно нека пише. Во право си, подобро за Карпош муабет од ДСИ и вработувања.
Секако дека ликвидноста е еден од најважните фактори, особено кај МСЕ.
Во фудбалот не ги делат фудбалерите на млади и стари, туку на добри и лоши.
Така да и тука компаниите ги делам во компании што работат добро и компании што не работат добро.
Со добро работење, ќе се појават приходите, со приходите ќе се појават и профитите, со профитите ќе порасне и цената на акциите, а со повисока цена на акциите ќе се појави и ликвидноста. Тоа е тој магичен круг, кој ќе биде позитивен, само ако компанијата добро работи.
 
Карпош не е скапа, не работи лошо, но не е некоја прилика сега за сега . . .
Екстремно неликвидна, ако немаш на кого да ја продадеш џабе ти е добро да работи.
Можеш да ја имаш во портфолио, но не да ти е над 7-8% од портфолио . . . све над тоа стануваш премногу зависен . .
Биди спремен да крвариш долги години, еден ден може да се исплати . . . а може и не . . . Битно е ризикот да го контролираш, а не он тебе . . .

Види ја СТБ . . . јас ја чекав од 2009 до 2016, но ако не почнеа да делат дивиденда ќе беше слабо ликвидна и не повеќе од 600 денари . . . Една одлука ја направи најпопуларна на мсе . . . За малку ќе искрвавев . . .
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
На оваа цена би зел значителна количина ако се појави на продажба.
 
Член од
26 јули 2014
Мислења
95
Поени од реакции
103
Во Македонија има некаде околу 730.000 вработени . . .
Околу 200.000 работат во администрација, елем, јп . . .
Околу 200.000 трговија, услуги и кафани . . .
И не повеќе од 350 илјади дирекно во индустриско производство . . .
Од нив 1/10 односно 35.000 работници работат во СДИ кои се далеку попродуктивни отколку домашната индустријата . . . И уште 10.000 вработени како логистика . . .
Сигурно влијаат околу 10-15% . . .
Колку за информација . . . Бетон ја градеше Техникал текстајл во Штип . . . Пред да тврдиш нешто, провери . . .

https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=34997
https://makfax.com.mk/ekonomija/makedonija/germanska-kompanija-ke-gradi-fabrika-vo-stip/

А еве колку СДИ влијаат врз економијата на Србија . . . . . Да не мислиш дека ПКБ, ФАП, Бор и Мајдампек го креираат овој раст . . .??

https://www.kurir.rs/vesti/biznis/3112631/sjajne-vesti-za-srpsku-ekonomiju-srbija-treca-u-evropi-po-rastu-bdp-u-drugom-kvartalu-povecan-za-48-odsto
https://www.srbijadanas.com/biz/vesti/neverovatan-uspeh-srpske-ekonomije-bdp-ostvario-rast-od-48-odsto-srbija-treca-u-evropi-2018-08-31

Србија и Вучич учеа од Груевски и компанија, а денес се заебаваат во Македонија . .
Ако сакаш ќе ти постирам некоја изјава од Вучич кој највеќе му крадел инвестиции . . .
Повторувам . . . Ние срушивме добар систем . . . Систем кој носеше резултат . . .
Систем кој влијаше на растот на банкарските кредити (посебно потрошувачки и стамбени), за денес ние да се насладуваме на мрсни дивиденди од СТБ и НЛБ . . . . .
Така да Странските Дирекни Инвестиции ите како влијајат на МСЕ . . . . .
Види кои кредити највеќе пораснаа изминатите години . . . ???

Затоа и сега имаме бедни НУЛА,1 раст на БДП . . .

p.s.
Што би рекле некој владини војници . . . Боле за берза си цар, ни донесе доста пари, ама за економија си тарабука . . . . Демек така се прават пари на берза, без познавање на економија . . .
За разлика од нив Јас се трудам реално да ги гледам работите . . . и затоа ми оди . . .
Џабе ќе им направиш пари, ама ако им го критикуваш лидерот, партијата ти си им крвен непријател . . . Јас само толкувам бројки ништо повеќе . . .
Соработката на СДИ со Македонската економија е многу лоша и тоа е факт кој на сите ни е јасен. Може да збориме и за структурата на СДИ од кои пола се плетачи на кабли со просечна плата од ЕУР 250.
Ако сакаш Србија да ти е пример може е добро да спомнеш дека имаат СДИ која произведува кола. Во договорот со Фиат србите наметнаа околу 70% од компонентите вградени во колата да се произведуваат во Србија. Ова во економијата се вика ефект на мултипликација и тоа го нема кај нашите СДИ кои своите компоненти ги набавуваат од странство. Дали има кривец за ова и кој е може да се дискутира на долго и широко.
Затоа кога ќе се збори за извоз од СДИ од 2,2 милијарди евра треба да се каже колкав им е увозот во истиот период , за анализата да биде комплетна. Тоа ти е исто ако анализираш акција од Тетекс и викаш чим дава дивиденда прави супер џемпери, а не кажуваш колкав им е приходот од дивиденда.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Дека економските политики на претходната влада беа добри кажуваат сите релевантни економски институции во светот. Кој не верува нека провери Doing Business, Heritage Index, Fraser Institute...И од лично искуство, скоро да не знам човек кој не живее двојно подобро отколку 2006та

Дали можело подобро, да секогаш може. Ама сигурно беше подобар пристап отколку делење државни грантови на сопствените фирми, ко што е случај сега.

Мал коментар околу ГРНТ. Испаѓа дека најсилен удар од ниските капитални претрпе токму ГРНТ. Што и не е за изненадување имајќи предвид дека се најголемата градежна и инжењерска фирма во земјава. Малку изненадува што воопшто не го смалиле бројот на вработени. Тоа ми е единствена точка на оптимизам дека можеби очекуваат работите да тргнат на подобро. Скоро бев за Охрид и гледам дека сите објекти по патот се добро одржани и со запалени светла, значи има надеж.

Друга работа што ме бендиса е што фирмата распродава недвижности кои не се оптимално искористени, и од таму ќе инкасира доста кеш и по некоја капитална добивка. Всушност, сегашниот ФИ многу ме потсеќа на оној на ТЕТЕ: слаба оперативна добивка и јака финансиска. Што не ми е баш по вкус, ама можам да го толерирам на кратки стази
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Соработката на СДИ со Македонската економија е многу лоша и тоа е факт кој на сите ни е јасен. Може да збориме и за структурата на СДИ од кои пола се плетачи на кабли со просечна плата од ЕУР 250.
Ако сакаш Србија да ти е пример може е добро да спомнеш дека имаат СДИ која произведува кола. Во договорот со Фиат србите наметнаа околу 70% од компонентите вградени во колата да се произведуваат во Србија. Ова во економијата се вика ефект на мултипликација и тоа го нема кај нашите СДИ кои своите компоненти ги набавуваат од странство. Дали има кривец за ова и кој е може да се дискутира на долго и широко.
Затоа кога ќе се збори за извоз од СДИ од 2,2 милијарди евра треба да се каже колкав им е увозот во истиот период , за анализата да биде комплетна. Тоа ти е исто ако анализираш акција од Тетекс и викаш чим дава дивиденда прави супер џемпери, а не кажуваш колкав им е приходот од дивиденда.
Ќе си измислиш бројки . . . ќе си креираш приказна . . . и демек е Вистина . . .
Затоа нас и не не бива . . . Зашто премногу лажеме, импровизираме и филозофираме, а не учиме и не работиме . . . .
Како бе друже дозна дека 70% од компонентите во Фиат треба да се домашни делови кога договорот на Србија со Фиат е државна тајна . . .
Единствено што се знае е дека платија 9000 евра по работник субвенција, ова се знае бидејќи исплатија од буџет . . . Ако можеш просветлиме кои авто делови се произведуваа во Србија за да ги вгради Фиат (освен гуми и можеби каросерија) . . .
Србија произведуваше коли и во Југославија, таа фабрика ја купи Фиат, а не дека беше гринфилд инвестиција . . . Затоа и таму влезе Фиат, а не во Македонија.

3 поста пишуваш и сите три се базирани на лаги . . . Премногу лаги
1. дека СДИ креираат 2% од БДП.
2. Дека Бетон и Гранит не изградиле ниту една фабрика во зоните.
3. Дека 70% од деловите во фиат се српски.
Да не е смешно ќе е трагично . . .

Инаку за плетачите на кабли . . . после македонија откако видоа дека тука ги плукаат зошто не давале по 500 евра плата . . . истите тие Дрекслермаер и Кронберг Ш. отвориа фабрики во Србија . . . Таму сега плетат кабли илјадници луѓе и БДП им расте +4,8% . . .
А Ние ќе филозофираме како не биле корисни и ќе стоиме во место со НУЛА,1%.
Затоа на Србите им пораснаа платите за 20%, а ние дремеме . . .

Зошто тие „плетачите на кабли да даваат повеќе од 250 евра“ кога Брако на Анѓушев дава 200 евра ??? Кога ќе почне Анѓушев да плаќа по 500 евра тие сигурно ќе плаќаат по 600 евра . . .

p.s.
Ова е моја последна реплика . . . премногу лажни бројки и информации пласираш . . Не вреди на секое да те демантирам . . .
А дека СДИ ја влечат сега македонската економија пишува и во извештајот на НБРМ и не за џабе сега цела влада оди на сликање во зоните бидејќи само таму нешто се случува . . .
 
Член од
5 јуни 2017
Мислења
126
Поени од реакции
90
https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/ad-ohis-vo-stechaj-prodaden-za-71-milioni-evra-na-firma-od-juzhnoafrikanskata

За ова ѓубре некој платил 7,1 милиони евра, а кој е тој, допрва ќе видиме.
Од написот на мене ми остана нејасно на кого платил купувачот 7.1 милиони евра и за што конкретно. Се споменуваат како доверители СТБ и КМБ ама ова богзнае од кога е отпишано во билансите

Sent from my GT-I9500 using Tapatalk
 
Член од
9 мај 2017
Мислења
352
Поени од реакции
635

Во првата реченица имаш точно инфо за што се платени овие 7,1 милиони, тие немаат никаква врска со било какви побарувања од СТБ и КМБ, кои најверојатно претходно си го имаат наплатено својот дел, од она што го имале како залог, преку извршни решенија.
Мене ми беше чудно, па и се уште ми е, кој дава толкава сума пари за плац на кој има линдан кој треба да се дислоцира, и неколку скапани хали во кои може само да се снимаат филмови за распадот на СФРЈ и сл.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060

Ja гледав ОХИС додека беше на МСЕ, единствена фирма со негативна сметководствена вредност беше. Ама мислам ваљда дека тоа беше со побарувањата на сите доверители...сега пишува дека дел се отстранети од стечајната маса. Како и да е не сум ги прочитал извештаите на ОХИС, може сеуште ги има на СЕИНЕТ или на некое друго место.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Денес е прв ден како тргувањето трае до 14.00
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Deneska si dokupiv TNB. , mislam deka ovaa stagnacija na 14 000.den. nema uste dolgo da trae.(y)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Kolkav e delot od tie smesni 7.1 miliona na KMB a kolkav na STB?
Веројатно продажбата на делот од Охис е влезена во извештајот до 30/06 зошто значителна беше корекцијата кај СТБ во графата загуба поради оштетување на средства.

Ако разбрав добро тоа е независно од овие 7 милиони.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom