Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен ги утнав датумиве онда :D

Мислев распоредот оди според тоа која екипа во кој шешир е, не знаев дека отпосле се одредува која екипа е Team 1 vs Team 2 (според мене ова е Прв шешир вс Втор..ама не било така :D )

Ок, уште побрзо ќе се деси онда ова..така да..јеј.

Инаку картите за со Бенфика реваншот за ЛШ беа од 10ина евра до 50 евра.

Претпоставувам за утакмица со Челзи горе доле слични ќе бидат, ваљда малце поскапи.

Што значи карти зад гол не верувам повеќе од 30-40 евра да се....

Може и у Софију и у Солун да се иде, не е проблем :D
Што ќе гледаме во Софија бе ? :D

Лудогорец е во група со Леверкузен, Цирих и АЕК Ларнака :D[DOUBLEPOST=1535770033][/DOUBLEPOST]upload_2018-9-1_4-46-59.png

На Тумба Стадион играат...

Овој да не е сеоска верзија на Под Тумбе Кафе? :D
 
Nieden kvaliteten strim ne mozham da ubodam, jebemti kablovka i satelitska i sve.
 
Ептен ми е мило што се ослободивме од Конте кој што играше "анти-фудбал" и сега може да уживаме во маестралната игра што се вика "играч подава до друг играч се додека противниците не се здосадат до смрт"

Ептен кул тактика, порано имаше менаџери што сакаа да се бранат, а имаше и менаџери што сакаат да напаѓаат. Ама тоа е демоде бе Џони...

Ме радува што го адаптираме фудбалот на Шпанија од последниве неколку ЕП и СП, и што пробуваме нешто ново.

Ретко на кој му текнало да го здосади противникот до смрт.

Ете минатата утакмица толку многу ги здосадивме што паднаа психички и ни дадоа пенал и си дадоа автогол.

Се надевам и оваа ќе се здосадат порано и ќе си дадат автогол или ќе направат пенал.

Оdlicen proekt (y)
 
Четири натпревари, четири победи :cuc:

Се знае дека сите вакви клубови ќе ни играат со 11 играчи зад топка. Во такви натпревари или мора да дадеш брз гол во првите 10 минути, или смирено да си ја чекаш шансата затоа што многу ретко се случува цели 90 минути да изиграат без грешка во одбрана.

Хазард реши да шутне и ете.
Два гола и две асистенции во четириве натпревари од кои само на два беше стартер.
Педро ептен се вклопува во системов на Сари, исто и Алонсо секогаш ипасен пред гол.

Одлично (y)
 
Топ, топ, топ.

Само да не се повтори Палас од лани кога прва победа против нас им беше после интернационална пауза...

Да ги тепаме Кардиф следно коло и на коњ сме.

Супер старт, вакви мечеви кај што лесно може и прв да примиш гол па да се мачиш цело време против вакви зезнати екипи се ептен битни.

Ептен ми се допаѓа што на старт почнавме квалитетно, ова беше клучот за добра сезона.

Ќе видиме против посериозни екипи што ќе правиме, ама победа против сосема зезнати екипи ко Бурнамаут,Њукасл и Хадерсфилд не носи на прав пат. Плус и Арсенал ги тепавме што ни е директен конкурент. Топ.

Особено е супер што имаме ептен дупки во играта а пак победуваме. Се надевам нема ептен да паднеме и до крај на декември ќе си бидеме во топ4.[DOUBLEPOST=1535817813][/DOUBLEPOST]
Се знае дека сите вакви клубови ќе ни играат со 11 играчи зад топка.
И фала богу за тоа :D
Тамам кога ќе почнеме против екипи што не играат со 11 играчи зад топка ќе го јадеме стапот :D

Челзи-Евертон 7+ ќе биде :D
 
Забелешки за позицијата на Канте денес?
Колку топки одзема и пресече, и колку пати беше супер во офанзива, пренесување на топката. Почнува да им покажува на сите дека не е само играч кој знае само да одзема топки, туку и дека е доста добро технички поткован. 32 милиони :cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Системов на Сари многу подобро му одговара на Педро отколку на Вилијан. Годините во Барса под водство на Гвардиола (кој играше сличен фудбал) си го прават своето..
 
Разлика помеѓу системот на Сари и системот на Пеп може да се види со оваа статистика:

Челзи минатата недела против Њукасл:

15 шута

3 шута во рамки на гол (од кој еден е пенал. чинам автоголот не се смета, ама можеби и сум грешка)


Сити денеска против Њукасл:

24 шута

8 во рамки на гол


Ama bratce, Njukasl epten defanzivno igraa, ne mozes protiv niv

Еве статистика и на Њукасл:

Њукасл против Челзи:

6 шута

2 во рамки на гол

Њукасл против Сити:

3 шута

2 во рамки на гол

Значи..не сме најјаки ни во нападот ни во одбраната.

(лол денеска Њукасл имаа ист број на шутеви во рамки на гол (без пеналот наш) колку ние против нив :ROFLMAO: )
Среќа Канте и Џоргињо се сосема солидни инаку ни во средината немаше да не бива :D[DOUBLEPOST=1535826452][/DOUBLEPOST]
Kako igravme? Ne gledav.
Онака, бољи од минатата недела.

Имаа Бурнемаут свои шанси, ама генерално ние го контролиравме цел меч.
Прво полувреме ништо не се дешаваше.

Во второ падна одбраната на Бурнемаут пошто пробаа демек направат нешто, па им се рашири одбраната така и имавме простор за да ги решиме.

Алонсо и Хазард најдобри кај нас беа денеска.

Нешто слично ко утакмицата со Хадерсфилд ако ја имаш гледано.

Мората поприсутен беше тука него ли против Њукасл, имаше некоја улога во играта, ама не стигна до некоја шанса.

Заслужена победа и покрај тоа што не блескавме ептен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom