B
Bafra
Гостин
Зачудувачки, владата на Груевски што толку јако го водеше пи-арот додека владееше, денеска не знае ни да ги презентира позитивните работи што ги направила за Македонија. За време на нивното владеење, БДП е дуплиран од 5 на 10 милијарди евра, невработеноста е намалена од 38 на 22%, платите и пензиите се зголемени за околу 80% додека инфлацијата за периодот била околу 25%, што претставува реален раст на стандардот од околу 45%. Уште поимпресивно е што сето тоа е направено за време на најголемата економска и финансиска криза на нашата генерација, среде стагнантно европско и регионално опкружување. Сегашнава влада во позитивна конјуктура и растечки економски амбиент успева да стагнира.
Привлекувањето на странските инвестиции во економските зони беше еден од најголемите економски успеси на владата на Груевски. Не можеш да ги зголемиш платите ако не се зголеми побарувачката за работна сила. Исто така, се отворија многу можности за кооперантски домашни фирми да се вклучат во ланците на набавка. Огромна штета е што таман фатија залет и створија некаков успех и референци и со политичката криза сето тоа пропадна. На БДП од 10 милијарди евра, оваа година фирмите од економските зони ќе извезат накај 2,2 милијарди, па вие видете колкав е нивниот придонес за националната економија!
Оваа тема ви е за фалење на Грујо потезите од аспект на економијата.Браво Гриме секоја чест !!!
Тоа е тоа . . . Кој сака ќе свати . . . На политичките полтрони неможеш со сила да им ставиш у глава . . . Независен и реален став е осуден од двете страни . . . Омразата го засенува разумот . . .
Се си е на место . . . .
Вистинска дијагноза . . . .
Јас со години се залагам да не ја мешаме политиката со економијата . . . но партиските мегафони беа гласни плукачи . . .
Денес кога бројките се НУЛА,1 ќутат и постираат глупости колку УЈП собрало пари и сл. Живеат во надеж дека само што не тргнало,се крстат во Нато, а не сфаќаат дека патот им е згрешен . . .
Одвај го чекам денот кога ќе дојдат убавите економски показатели, па да видам колкаво теле сум бил . . . . .
p.s.
Секој што плука по странските ивестициии во слободните економски зони и бившите политиките на привлекување на истите не разбира економија . . . . Затоа Ние денес немаме НОВИ ФАБРИКИ, а Србија има . . .
Пред да дојде Дрекслермаер во Кавадарци луѓето земаа по 7-8000 денари, во ИГМ 12.000 , денес сите земаат над 14.000 денари плус храна и превоз . . . .
Зошто Анѓушев во Брако не им даде плата на работниците над 15.000 денари ???
Е сега Вие како големи познавачи дај објаснете ја и другата страна од неговите потези или по вас нема такво нешто
Еве да прашам: Која е ЦЕНАТА, што Македонија ја плаќа и ЌЕ ја плаќа за таа форма на странски инвестиции.
Се расфрлате со бројки за раст, а никако да кажете паралелно колку пораснал ДОЛГОТ.
Ако на некој му иде супер, нели треба да намалува долгот.
И зашто тогаш берзата немаше обрт.
Еве и посликовита корелација имате со Ердоган и неговите претходни потези а која е цената која сега СИТЕ ќе ја платат.
@bosko007 за берза и акции имаш осет, ама за државни економски политики си тутурутка . На работите се гледа целосно а не да изиграваш партиски полтрон