Немој да ме сватиш погрешно, но сите сме биле со маки во овие 27 години, кој помали, кој поголеми.. Тоа не е причина да престанеш да се бориш, пред се за себе, па за своите најблиски. Тоа е вистинската борба...Кога една група луѓе се бори за тоа...и притоа да успее меѓусебе да ги испреплете личните интереси едни со други... кои секако треба да се културно блиски... Ако погледнеш на запад, во Франција на пример разликата меѓу две говорни подрачја е поголема помеѓу разликата од Македонија, Бугарија, Хрватска, Србија, Босна, Црна Гора...
Тоа што го прави заедништвото, се меѓусебно испреплетени интереси....Кои беа проблематичните во таа држава? Албанците и Словенците, зошто едноставно беа различни, помалце или повеќе... Иако можам да кажам дека Словенија најмногу добила од таа федерација.... А сега гледам дека и Албанците во голема мера највеќе искористија од тоа. Хрватите крв дадоа во таа битка, на Албанците им ја извоија САД. И во Хрватска има национализам иначе, мислам дека поголем на овој од Албанците... Не е проблем национализмот како убедување, туку е проблем како го експонираш. Некој ете си мисли дека ако си националист, мораш војна да правиш и да убиваш. Кај го пишува тоа? Од кои книги сте читале? (не се однесува лично)
Како и секој систем и тој е склон на злоупотреба, зарем што се прави во името на демократијата? Не ли мислиш, ако си погледнеш едно 200-300 години нанапред, тогашното општество какво мислење би имале за ширењето демократија? Мислиш ќе бидеш изземен од вина на историјата ако учествуваш во тоа? Ова важи за сите граѓани во Македонија, ако сите заедно одлучиме да сме неутрални во овој свет, ќе си бидеме неутрални....Тогаш ни името мора да се смени, ниту пак Албанците ќе ја гледаат земјата како туѓа....И што е најважно, студената војна ќе ни беше нешто за што се чита во весници, а не да го осетиме тоа на грб... Но мислам дека се ова само желби и ништо повеќе...
Штетата е направена и нема враќање сега... Сега е прашањето дали воопшто можеме да се преброиме кои сме Македонци, дека некако им стана страв, а можеби и срам да се наречат Македонци. Интернационалисти.... И? Чувството е поважно од вистината? Како така бе? Од мода? Од Што? Ќе креваме светска револуција? Дајте оладете малку бе деца... Секоја револуција носи исто срање на крај... Мислам ок би било да пробаме, арно амо носи страшно многу жртви и најпрво ги јаде своите деца... Мислам дека прво треба да подзачистиме во нашиот двор... Искрено мене прво што ми доаѓа на памет кога ќе прашам некого на која националност припаѓа, да рече интернационалист... дека човеков има сериозен проблем на самодоверба... Зошто и како, незнам... Можеби си мислат, дека ако речат дека се Македонци, ќе ги обвинат дека се националисти
Балансот е во мајндсетот на луѓето, ако ги учиш дека со соседите треба да сме блиски и да се почитуваме... Види сега пак ќе ти кажам... Југославија беше федерација на 5
национални држави и Босна, слоганот бил Братство-Единство, кој сам по себе истакнува
мултинационална државата.... Викаш успеале да бидат во заедништво во одреден дел од историјата и оставиле трага.... Не ли е тоа балансот за којшто збориш ... Национализам е негување на културата, уметноста, на сите во таа држава им беше дозволено да си ја негуваат традицијата, дури во голема мера ја дозволија религијата за разлика од другите комунистички општества... неможеме да наметнеме баланс ако ги умртвиме националните чувства, така ствараме конфликт.... Е сега кога ќе речам баланс не мислам за примерот да ја дадам Југославија.. Туку општо како се постигнало меѓунационален баланс кој се одржувал одреден период ...
Прво треба да утврдиме дека Македонец е генетска и културна предиспозиција, а не чувство на припадност... Треба да утврдиме и дека Македонец не значи по правило Националист.... туку ете знам и многу Македонци, што се интернационалисти нели
.... И на крај да утврдиме дека националист е само човек кој ја поштува националната култура, традиција, уметност... пред другите (религијата).. све друго завршува со муабет дека сите комунисти биле како сталин....
Има големи разлики во различни времиња, различни услови, геополитичка поставеност, Германија предизвика две светски поради низа околности, не дојде тоа туку така. Значи имаш параметри кои значајно се разликуваат од земја до земја, од регион до регион, па економија и милион други работи, затоа Југа направи каков-таков баланс, имајќи во предвид дека овдешни племиња се колеа долго време.
Германија ги умртви националните осечаји на баварство (а чак и 1919 имало востание за сеценија на таа екс-држава) саксонство, пруство, хесенство, хановеранство и многу други локални осечаји кои си постоеле и си биле сосема легитимни. Новиот национални осечај, Германец, стапи на сцена и со релативно меки методи се дојде до она што е и беше Германија. За жал, малку забегаа да почнаа да трипаат дека се виша раса, дека се најјаки на свет и дека други народи требало да им служат па знаеш што бидна.
Италија уште подрастично, Венецијано значело нешто, јак осечај, битен, култура, моќ, Џеновез да не праиме муабет, Флорентино исто, Пармеџано исто, Наполитано сите тие си имале држави заедно со Папската во Рим кои пак се сметале за дадени од Бог. Значи не Ватикан него многу поголема држава имало. Сето тоа веќе не постои освен како регионална култура понекаде ама нема повеќе такви национални осечаји. Сега се сите Италиано.
Така требаше да биде и во Југа, сега знам дека нема да ти се допаѓа тој концепт но грешката беше што не се работеше доволно на тој случај, Јужнословени наместо Срби, Хрвати, Словенци, Македонци, Црногорци, Босанци и други.
Денес пример Малешевец е Македонец, па така и Македонец ќе беше Југословен, како што Баварец е Германец денес и Флорентино е Италијан, регионални осечај наместо национални, кој ќе биде над локалните, обединувачки.
Не постои генетика кај националниот идентитет, никаква
Иначе новиот свет немаше да има нации никогаш, Чилеанац и Новозеланџанин немаше да постојат пошто ќе ги сјебуваа гени и ќе им правеа чудни осечаји
Не сум сигурен дека и постои некаков консензус кои карактеристики мора да ги има одредена група за да се нарече нација.
Тоа си во право за зачувување на традиција, но реалноста е чудна, јас би рекол дека е побитно тоа да биде локално, значи локални луѓе кои им значи нешто одреден објект или артефакт или песни и народни творештва, локални причи.
Кога станува збор за национално, тогаш е проблем, пропаѓаат милион средновековни објекти и други значајни наоди,
@LordDragonII мислам еднаш објаснуваше како и колку било реставрирано и зачувано за време на Југа а колку 1991-2018. Колку собирачи на народно творештво имало во Југа а колку во РМ?
Она со Скопје 2014 не го ни споменувам, тој кич и шунд кој служи за смеа по светот и за пополнување на оф-шор сметки.
Па вии вака.... првин беше вака:
За после да биде овака :
Значи ако си ме послушал тогаш и не си се залетал да купиш доларос, а ги купиш сега ќе си заштедел/заработил.
Епа тоа што го збориш е советот на Адам Смит на кој му се исмејувате. Државата треба само да внимава да владее правото и безбедност. Се друго треба да се намали а голем број државни органи, комисии, регулаторни тела и да се укинат целосно.
А со социјализмот не знам зашто повторуваш "what if", кога имаме примери, а тоа се Западните држави. Како на почетокот почнале со развојот... Ниту една не применила социјализам на почетокот. Која е цената што ја плати СФРЈ и СЕУШТЕ ја плаќаат земјите од СФРЈ.
Западните земји и тие си легнаа на бајките и ветувањата од социјализмот, па затоа сега се во огромни проблеми. Наместо напредок на секое поле, кај нив имаме назадување.
Наместо во нагорна насока да иде цивилизацијата, обратно е. Се величат девијантни појави, се уништуваат сите нормални вредности итн итн.
Проблемот е што дозволивме администрација која е неписмена, неморална, мрзлива, безидејна, да диктира правецот по кој треба да се развива општеството.
Резултатите веќе се гледаат и се јасни. Жалосно е што народ не се освестува и пак остава статус кво.
За трансформацијата што ја збориш, требаше ама не бидна и сега си ја плаќаме сметката. А странците немој да мислиш дека па многу знаат или па дека добро ти мислат.
А така не може, тоа е некако, како да кажам, педерски, цитирај ги и твоите мислења во чиј контекст јас сум коментирал. Пошто имаше и кај тебе навредливи зборови, вака демек јас сум лошиот а ти добар и фин, кремец
Разликата од читање на Смит и слушање за Смит на видео од 10 минути е очигледна, не знам како да ти објаснам. Настрана што (како и Маркс) и за Смит времето покажа дека не е Месијата.
Невидливата рака на пазарот не успева во места во кои веќе имаш снажно зацементирана олигархија која на располагање има полиција, војска, тајни служби и во џеб го има правосудство.
А неаме ни Колт Писмејкер и Винчестер 73 па да делиме правда надвор од законот, не е ова САД со непрегледни прерии и сите почнуваат од нула, раката на пазарот си е ок, но кога се работи за човечки суштества, не смее да се чекаат 300 години за евентуално тоа да им го подигне стандардот и безбедноста при работа.
Добивката секогаш се дели на три дела, една е за газда/акционери, друга е за трудот, трета е за држажвата (даноци и давачки). Ти застануваш на страна на газдите по секоја цена, доживувајќи се како дел од нив, тоа е проблемот, јас добронамерно посочувам иако можеби претерувам со груби изрази.
Како што ти кажав, невидливата рака и не била така невидлива пошто тенкови, авиони, митралези, пушки, топови и слични уреди биле секогаш на располагање да се намали колачот кој оди кај трудот. Во САД и УК работеле 7 годишни деца по рудници а штрајк често значело ангажирање на државата на страна на газдите/акционерите кои секогаш си лобирале во своја корист. Државата која према Смит не треба да се меша многу, секогаш се мешала на страна на газдите/ационерите иако била платена како од нивна така и од страна на трудот преку даноци.
Ихааа, долга и крвава е таа прича како делот од колачот кој припаѓа на трудот бил доведен до денешно ниво, преку илјадници лешеви, ранети, инвалиди, сирачиња...
Ама Смит не можел да предвиди тоа, не бил пророчица.