Криза настанува кога се губи ДОВЕРБАТА. Во моментот кога ќе почне да губи доверба, тогаш добиваш стампедо. Сдс пред некоја година пуштија патка, дека денарот ќе губи вредност па народ почна да вади орочените и конвертира па доста имаа загуби.
Инаку државните долгови од секогаш биле причина за големи економски кризи. Ама ќе си прогласи банкрот и иде од почеток
Е сега викаш не гледаш криза дека би имало, доколку нема надворешни шокови.
1.Зашто тогаш би имало кај нас криза?
2.Како би се одразила таа криза кај нас?
3.И најважно како да заштитиме сегашната вредност која ја имаме?
Ќе ти одговорам на сите прашања по ред.
Основа на 99% кризи е негативен биланс на тековна сметка кој е повисок од износот на странски инвестиции. Исклучок од ова правило се замји кои се ептем моќни, тие можат да си приуштат дефицити.
Мекрантилизмот и тоа како жив. Единствен систем појак од капитализмот е меркантилизмот. И тоа во ист оној облик од 17 век.
1. Криза по оваа дефиниција на тековна сметка не настанува само од државни кредити во странство. Значи по истава дефиниција и со 0 државно трошење можеш да имаш криза ако приватниот сектор истресе глупост и нето зема кредити во странство во туѓа валута...Т.е. ако кредитите кои се земаат од странство се повисоки од она што се инвестира во странство или им се позајмува на странци.
2. Како би се одразила криза кај нас. Како и во секоја друга држава. Зависи од резервите и од тоа дали одговорот на таа криза е адекватен
Ако кризата потекнува од државен сектор, најчесто се молат меѓународни фондови за помош, и драстично се намалува трошење. Со други зборови отпуштања.
Ако кризата потекнува од приватен сектор, државата најчесто ги превзема долговите од приватниците сакала нејкела и пак моли за помош и драстично намалува државно трошење.
Со други зборови отпуштања, пукање на меури ако ги има.
Ама ако конкретната држава има големи резерви, фино лепо ќе потроши дел од тие резерви и нема да треба никого да отпушта. Работите полека ќе се средат.
3. Заштита на вредност. Како и во секоја војна треба да имаш јака тврдина со дебели и високи зидови да не може ниедна артилерија да ја пробие. Во превод значи големи резерви добро диверзифицирани во вид на девизи, сопствеинички удели, хартии од вредност, злато или други суровини, и големи побарувања во вид на кредити према странци кои знаеш дека мораат да плаќаат. Дали ентитетот е поединец, фирма или држава, заштитата е таа.
Ќе повторам
Мекрантилизмот и тоа како жив. Единствен систем појак од капитализмот е меркантилизмот. И тоа во ист оној облик од 17 век.
[DOUBLEPOST=1535921366][/DOUBLEPOST]пс. по истава дефиниција на голема тврдина и големи резерви довербата на шака шпекулатори нема врска. Ако си јак и имаш резерви т.е. тврдина не ти треба ничија доверба. Они кои изгубиле доверба на долг рок завршуваат во загуба, затоа што на погрешна страна се кладеле.