Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво дечки. Вчера приметив дека на грбот имам 4 испакнати топчиња. Две се поголемки едно до друго на средина на грбот, а две се мали на левата и десната страна од рбетот. Мајка ми вика дека е масно ткиво а и по слики од интернет ми изгледа така.

Сакам да одам и да се прегледам за секој случај, а сакам тоа да биде приватно. Дали би препорачале одење во Филип Втори за ваква работа (на телефон ми кажаа дека ќе ме прегледа ортопед Зафировски) или има некоја подобра варијанта?

Фала ви однапред!
 
Цела недела се осеќам малаксано и ми се спие, главоболки, чувство на замор а буквално ништо немам правено. Исхраната ми е во ред.

Од топлото време е тоа ... и јас кога е температурата преку 30/35 степени се осеќам така, редовно јадам, пијам течности, спијам, но пак сум нон-стоп уморен, малаксан, поспан !
 
Imam problemi so nogata skinat muskul,napraveno hematom vo masnoto tkivo i otok koj pritiska na nervot. Treba da miruvam i po malku da se razoduvam. Dali imal nekoj slicen problem i kolku e toa malku razoduvanje na kolku vreme da stanuvam.
 
Од топлото време е тоа ... и јас кога е температурата преку 30/35 степени се осеќам така, редовно јадам, пијам течности, спијам, но пак сум нон-стоп уморен, малаксан, поспан !
тешете се дека е од времето
 
Здраво, здраво,

Може ли некој да ме посоветува дали е ок да се зимаат следниве суплементи?
proceive.png

Направив спермограм и испадна дека концентрацијата (sperm count) е намалена, и наводно треба да примам некој витамински дотатоци како и вежбање и правилна исхрана ?

Поздрав
 
Некој совет за замастен црн дроб?
Исхрана, диети, приридни намирници за лекување...

Премногу покачени AST и ALT.. триглицериди, холестерол и останато беше во нормала или на граница.
 
Некој совет за замастен црн дроб?
Премногу покачени AST и ALT.. триглицериди, холестерол и останато беше во нормала или на граница.

Доктор ти утврди дијагноза замастен црн дроб?

Што се однесува до исхраната, се она “нормалното“ :icon_mrgr:
Повеќе пати помали оброци (да не оптоварува желудникот), да се исфрли бело брашно/тестенини, сувомеснати преработки, алкохол, пржена храна, шеќер.
На спиење ни под разно со полн стомак.
Внес на овошје и лиснат зеленчук.
Редукција на телесната тежина, редовна физичка активност.
 
Со години во пределот на грбот ми излегуваат акни кои подоцна ми оставаат темни флеки на кожата или пак лузни. Препорачајте ми добар дерматолог (штип, скопје) но не со цени до плафон, кој ќе ми помогне во тој предел да ми се намали или запре излегувањето на акни, како и редукција на флеките и лузните со поагресивни методи како дермоабразија или ласерски третмани. П.с во Скопје колку чинат овие третмани?
 
Доктор ти утврди дијагноза замастен црн дроб?

Што се однесува до исхраната, се она “нормалното“ :icon_mrgr:
Повеќе пати помали оброци (да не оптоварува желудникот), да се исфрли бело брашно/тестенини, сувомеснати преработки, алкохол, пржена храна, шеќер.
На спиење ни под разно со полн стомак.
Внес на овошје и лиснат зеленчук.
Редукција на телесната тежина, редовна физичка активност.
Крвната слика покажа зголемени аст и алт, понеделник ке правам нова и ке посетам интернист да го провери и црниот дроб.
Сум имал стално повисоки "масти".
 
Некој совет за замастен црн дроб?
Исхрана, диети, приридни намирници за лекување...

Премногу покачени AST и ALT.. триглицериди, холестерол и останато беше во нормала или на граница.
Црн дроб беше она што го викаат и џигер?
Ако да, се пиеше од крава нешто, не сум сигурен, 2-3 недели по литар на ден, стакло ти го прави црниот дроб.
 
Црн дроб беше она што го викаат и џигер?
Ако да, се пиеше од крава нешто, не сум сигурен, 2-3 недели по литар на ден, стакло ти го прави црниот дроб.
Да, а најверојатно мислиш на сирутка (цвик) она што останува како течност кога се прави сирење/изварка.
 
Да, а најверојатно мислиш на сирутка (цвик) она што останува како течност кога се прави сирење/изварка.
Офф да, го знам како сурутка а колегава ми го спомна како цвик а првпат го слушнав тој назив.
 
Крвната слика покажа зголемени аст и алт, понеделник ке правам нова и ке посетам интернист да го провери и црниот дроб.
Сум имал стално повисоки "масти".

Нека ти утврди доктор дијагноза, да се утврди причината за премногу покачените AST и ALT, па после ќе зборуваме за исхраната, диетите и природните намирници
 
Пред неколку часа едно куче ме изгреба со забите на прст од раката и притоа се појави и мала раничка од која потече малку крв. На раната ставив ракија за дезинфекција.
Инаку кучето е вакцинирано против беснило и ги има примено сите потребни вакцини.
Прашањето ми беше дали ќе треба да примам некоја инјекција бидејќи имам читано дека после угриз од куче се прима некоја инјекција?
Благодарам однапред. ☺
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom