Не е темата тоа што ти си го пишал, али ајде...
Ептен си песимист, е сега за тебе не било проблем што пред 60 години бегале селаните, проблем е што денеска бегаат .... Па селата бре треба да се основа на Македонското општество, двигател... Зошто би ни била индустрија ако успееме да произведеме квалитетна храна... Ги имаме сите предуслови...
Да се слагам има проблеми бегаат квалитетни кадри, вредни работници.... Но не значи дека останува само шљамот... Ете ти си останал не треба да се пљукаш сам на себе... Генерално овој народ треба само да се насочи исправно.... Па ете види во 1945 година не сме го имале ниту 1/10 од овој кадар што го имаме, а сме биле пред предизвик да изградиме инфраструктура, сега само треба да ја одржуваме......
Менталитетот го гради и го одржува власта и гласилата... Има една песна од Чорба што вика „гутај шта ти се сервира“... Зарем во САД и во ЕУ не гутаат пропаганди, не гледаат Кардашијани, не постои социјален инжинеринг... Па види им ги политичките кампањи, пљукање обвинување, шпекулации, лажни вести... Што се они поинакви од нас ???
Менталитетот не е проблем само кај нас, туку менталитетот е светски проблем. Чак што више ние овој менталитет го добивме во моментот кога се отворивме како општество.... Токму тој менталитет не и дава на цивилизацијата да се движи напред...
Е добро де, секоја влада буквално секаде во светот прави перипетии со даноците, па и Муртинскиот не е ништо поарен.... Мислиш дека на западот нема даноци? Ги љуштат... они така си го купуваат социјалниот мир... Ги хранат мигрантите
Ти ептен предвреме си се предал
Крајот не е тука, имаме уште борба пред нас, изгубивме клучна битка, но далеку сме сеуште од крајот... Речиси и да не постои народ кој не ги изодел овие чекори... Некој повеќе некој помалце.... Па нека ти текне какви општества беа Романија, Бугарија, Албанија и Грција во споредба со нас, па ете во еден животен век се оправија... Зошто ние би биле поинакви.... Дали овие што ги набројав имаат некаков супериорен менталитет ?
Индивидуално јас би ти рекол дека она што нема да те убие, ќе те направи посилен... Зошто да не погледнам назад кон својата татковина ако си отидам негде? Зарем Грците, Евреите, Ерменците, Коптите не гледаат назад??? Зарем ги забораваат своите огништа??
Сосема погрешна теза се всадува во Македонското општество, кoе и така е поделено политички се дели на се повеќе сегменти.... Ова го има само кај нас и во ниедно општество... да се осудива вербална грижа за својата татковина.... Ниедна причина неможе да се најде како оправдување, да го осудиме некој кој се иселил од Македонија за неговиот став за Македонија....
И дај биди фер, не пишуј сега за политичката состојба на Македонија, имаме веќе една тема за тоа...
Па добро може да е оф-топик до некаде а можеби и не е, технички сепак и РМ е дел од цивилизација некаква, вероватно спој помеѓу западна (20%), источна пост-комунистичка слав трак сут олигархија (40%) и ориентална (40%), ако се лажеме дека имаме повеќе заедничко во навики, кујна, пристап кон животот, вредности со граѓани на Осло и Париз него со луѓето по Сирија и Анадолија тогаш ок, можеме да се лажеме ама Балкан секогаш ти бил граница, Аустрија и буквално изградиле граница да се штитат од отомански наезди
Реалноста не наведува на песимизам туку на помирување со ситуацијата, тоа е што е, не е трагедија, мал милион народи имале држави и сега ги немаат а можно е како Либерија, да остане Македонија да живурка некако па ете демек опстојуваме, коров, пиреј а-у и така Либерија 200 години...........си постои. Си постои бе.
Не реков дека селаните биле помалку вредни, туку дека нивното заминување во никој случај не е исто како она што се дешава денес, немаме ни толку популација како тогаш, нит се раѓаат деца ко тогаш, нит ништо. Полесно е за едно општество да надокнади 20 земјоделци него 20 лекари специјалисти, сфаќаш?
За да правиш споредби треба да имаш одреден број параметри кои се слични или исти, не можеме да реплицираме историски услови нит менталитети ниту меѓународни и економски состојби кои биле некогаш, сега да одиме назад кон историја е попусто, Коптите имале држава сега имаат ништо, Израел напраил ова во 1948 а пред тоа 100 години ционисти работеле на случај, Романија вака или онака денес, ама Романија имаше 22 милиона а сега има 18 така да драстичниот пад од популација 1989-2018 нема да ги убие, исто донекаде и Србија и Бугарија иако и тие се движат во пропаст, ние имавме 2,064,000 жители во најславни денови (1991) а денес власта побрзо ќе ги ебе децата на сред плоштад во Скопје него да напраи попис, од тоа беа 1,29 милиони Македонци денес ако се милион ќе биде изненаџење, значи немаме протор за луксуз ко Романија.
Албанија и Косово се дно на Европа и таму ќе останат (во случај да не им преземеме примат) и тие имаат депопулација, срање се, со мала поправка дека Албанија сепак има страшен напредок од бидување Северна Кореја, не знам колку си возрасен и дали паметиш сцените во 90-ти кога ги отворија границите и пешки народ доаѓаше и стоеа пред излози како хипнотизирани, со скапани заби осмех парадентоза, со конопна врвца наместо каиш, лик од 75 годишњак а тоа матурант.
Али толку им е границата, светот ги повлече напред и тоа е тоа, оттука натаму ќе си бидат срање.
Трето ако имаш толку ниска популациона основа многу побрзо ѓаолот ќе си дојде по свое.
Значи нема, не постои начин да се спасе ова општество затоа што е умрено, готово е, никакво е, зло е, не знам како имаш оптимизам и зошто, не сум сигурен дека и би сакал да опстане, што курац бре ќе ми е РМ? Ете наведи 3 работи 1991-2018 кои биле ок, образовни реформи, здравство, базични спортови се развиле здрава младина а-у, економија, нешто од нешто, ајде три барем.
Како што кажав, меко приземјување без премногу масовни гробници би било премија.[DOUBLEPOST=1534259029][/DOUBLEPOST]
Ме насмеа да си ибиш тоа. Сме имале МАНУ
.
Епа ете ги имаш сите тие што ги наброја и уште многу повеќе, АМА пак немаме напредок, што е проблемот ....
Значи тие набројаните
се неефикасни. Ај што не се ефикасни, ама и трошат бре премногу. Еве пример МАНУ, нема што да земаат толкави плати, тоа треба да биде еден вид престиж за да членуваш. Платата вади си ја на друго место, во тоа што те бива, може некој паушал или трошковник.
Или направи ги ефикасни или отстрани ги, а не да чекаш ЕУ/НАТО/Господ и ќе видиш како е убаво да се живее во Македониа.
Нема потреба од саатнина, "невидливата рака" на која и се потсмевате, веќе почнува да воспоставува рамнотежата. Помалку водоводџии, автоматски тие што остнаале, си дигаат цената на услугата, а бидејќи немаш голем избор, ќе си платиш за нивното знаење. Помалку млади, автоматски се зголемува дневницата на сезонските работници, хигиеничарките веќе им нудат и по 15.000 . Квалитетни работници, паметните газди си ги плаќаат сразмерно.
За иднината кој ќе одржава основна инфраструктура не се секирај, бидејќи имаш 180.000 администрација. Кога државата ќе навлезе во поголеми проблеми, кога народ ќе почне да негодува што премногу го оданочуваат, му земаат по разни основи, ќе мора да намали бројот на паразити. Е тие паразити, ќе мора да научат да работат и основни работи ако сакаат леб на маса а и кредити да отплатат.
Единствено кои лапаат повеќе него што заслужуваат се администрација/ политичарите а и тие го уништуваат системот за да функционира нормално и хармонично. Државата ти е како човечки организам. Колку повеќе паразити имаш, не го намалуваш нивниот број, поголеми проблеми ти се јавуваат и на крај ќе скинеш конците.
Притоа секој рестарт, означува почеток на ново, значи 1 назад, 2 напред. Само да не утнеме правецот или па троа појќе назад .
Е да бе, тие цело време се во национална криза, од времето на фараоните, а сите имале куќи, добиток, златници
.
Бафра жити све, најдобронамерен предлог, земи книга, хартиена, читни, и види таму Адам Смит што и како, тоа преџвакано што гледаш на Јутјуб нема да ти каже ништо реално, која црна невидлива рака на пазар во земја со граници 100*120 км, без можност за мобилност на работната сила, не е ова Англија 1851 па ќе седне на железница од Шефилд и ќе се пресели од еден слам во друг слам во Ковентри, тие патишта цивилизациски се погубни, готово е, милиони луѓе умреле по рудници, фабрики, штрајкови биле косени со тешки митралези буквално, рудари бомбардирани со авијација, таква била раката на пазарот во САД и ВБ во славните времиња на кои мастурбираат либертаријанци, значи не знаеш ништо за раката на пазарот и за реалните ситуации кои довеле до пораст на стандардот.
И сеа ќе ги реплицираме тие услови и за некои 300 години ќе имаме пристоен стандард нели? Пошто сите најразвиени земји на светот имаат минимални саатници, не гледаат клипчиња доволно.
И тоа како е потребна саатница, мининална, со пропишани саати кои ќе бидат прекувремени и тоа да се имплементира со драконски казни, генерации поштени луѓе кои работат од јутра до сутра се осудени да живуркаат за да работат а не обратно, ако како општество во 2018 немаме цивилизациски консензус дека за трудот, па макар и бил наједноставен и монотон и потценет=треба да следи надокнада во висина која нема да го компромитира животот и здравјето, тогаш нема за што да правиме муабет, нек иде РМ на гробишта и нек си ебе матер.