Цивилизацијата и идеолошките матрици

B

Bafra

Гостин
Ова е една од причините што демократијата не е добар начин на практицирање на власта...
А каде сега имаме демократија во вистинска смисла, па што викаш не е добра за практицирање ... Ние а и останатиот свет имаме републиканско уредување , кое во 99% случаеви преминува во олигархија.

И што толку го возвишуваш Израел, кога е вештачка творевина и вештачки одржувана. Евреите да, вредни се, упорни, дисциплинирани, ама не за џабе се распослани низ светот. Плус единствено нешто што се сложни е што си наоѓаат заеднички непријател т.е. светот бил против нив. Ко шќиптарите кај нас, сложни се, додека Македонецот им служи како вештерка за плашење. Тргни го тој елемент, ќе видиш како нивната слога се распаѓа. Во Косово и Албанија не се нешто баш сложни. Исто и во Израел, има меѓусебни несогласувања, ама вниманието им е насочено према моќните Палестинци.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Утопија и хармонија се различни категории. Утопијата е неостварлива од проста причина што погрешно претпоставува дека еден систем треба или мора да функционира без проблеми. Хармонијата од друга страна пак е систем каде е постигнат баланс помеѓу проблемите и потребите. И токму тој баланс е она што дава хармоничност.
Ако под Утопија го подразбираш буквално општеството на Мор тогаш ќе видиш дека уствари самото тоа општество е хармонично, поентата на Мор е хармонијата. Но јас под утопија не мислев на моделот на Мор, туку мислев на различен модел кон кој се залага различна идеологија, пошто очигледно имаме проблем со терминологијата, затоа го изедначив со хармонија

Причината за неуспехот на комунизмот, фашизмот и сличните тоталитаристички системи е што погрешно поаѓаат од претпоставката дека утопијата е можна и уште по погрешно за нејзин репер земаат идеал што е нечија индивидуална субјективна слика издигната на ниво на совршенство. Тој идеал најчесто не ја отсликува реалноста, се стреми да ја уништи различноста и предизвикува незадоволство и страдање кај поединците што не се пронаоѓаат во него.
Секоја една идеологија, на крајот е егоцентрична и се спроведува по сликата на тие што ја носат таа идеологија (нели господ го создал светот по свој лик) и ги зема како репер нивните атрибути. Во некои општества спротивностите се исмејуваат, во некои се криминализираат, а во некои едноставно се ликвидираат.[DOUBLEPOST=1534237106][/DOUBLEPOST]
А каде сега имаме демократија во вистинска смисла, па што викаш не е добра за практицирање ... Ние а и останатиот свет имаме републиканско уредување , кое во 99% случаеви преминува во олигархија.
Па тоа е она што сакам да го кажам, секој идеолошки ситем колку да ни се чини идеален, е склон на злоупотреба. Самата идеологија кога ќе влезе во системот се прилагодува на владеењето на силата.

И што толку го возвишуваш Израел, кога е вештачка творевина и вештачки одржувана. Евреите да, вредни се, упорни, дисциплинирани, ама не за џабе се распослани низ светот. Плус единствено нешто што се сложни е што си наоѓаат заеднички непријател т.е. светот бил против нив. Ко шќиптарите кај нас, сложни се, додека Македонецот им служи како вештерка за плашење. Тргни го тој елемент, ќе видиш како нивната слога се распаѓа. Во Косово и Албанија не се нешто баш сложни. Исто и во Израел, има меѓусебни несогласувања, ама вниманието им е насочено према моќните Палестинци.
Не го возвишувам Израел.... туку сакам да кажам дека во одредено време на национална криза, они решиле да се научат да пловат после подолго време и успеале во тоа... Може доста позитивно искуство да се земе за некои од нивните методи... поготово од бизнис моделите и фондациите...
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Малце ми е непријатно што ваква вест ќе постирам тука, но од друга страна темава зборува за национализам како вредности во подем во европа, па би сакал да споделам еден гомнар претседател на антиемигрантска партија од Норвешка.



https://www.fakulteti.mk/news/14082018/minister-si-dade-ostavka-poradi-mobilen-telefon

Норвешкиот министер за рибарство Пер Сандберг поднесе оставка по признавањето дека ги прекршил владините безбедносни протоколи во текот на одморот во Иран минатиот месец.

Toj најпрвин не ги известил колегите каде оди на одмор, а со себе го носел службениот владин мобилен телефон, поради што бил укорен од страна на премиерката Ерна Солберг бидејќи ги прекршил прописите на владата за патување.

Сандберг, кој е челник на антиимиграциската партија Напредок, бил критикуван и внатре во партијата затоа што во Иран ја носел и својата девојка, 28-годишната Бахарех Летнес, која е родена во Иран и која норвешкото државјанство го добила пред десет години.

Малцинската коалициска влада на Солберг, во која се вклучени конзервативците, партијата Напредок и либералите, ја загуби популарноста кога јавноста дозна за патувањето на Сандберг.

Премиерката истакна дека веднаш побарала од министерот да го предаде мобилниот телефон на безбедносните служби за да го проверат, но пак беше мета на критики од страна на другите партии во парламентот кои ја доведоа во прашање способноста на владата да се грижи за националната безбедност.

Владата бара од министрите да ја известат канцеларијата на премиерката за тоа каде патуваат, независно од дестинацијата. Исто така, забрането им е користење на службените мобилни телефони во земји со кои Норвешка нема воспоставено безбедносна соработка.

Нов министер за рибарство е Харалд Том Несвик, исто така од партијата Напредок.

Mорските плодови се вториот најголем извозен производ од Норвешка, по нафтата и гасот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако под Утопија го подразбираш буквално општеството на Мор тогаш ќе видиш дека уствари самото тоа општество е хармонично, поентата на Мор е хармонијата. Но јас под утопија не мислев на моделот на Мор, туку мислев на различен модел кон кој се залага различна идеологија, пошто очигледно имаме проблем со терминологијата, затоа го изедначив со хармонија


Секоја една идеологија, на крајот е егоцентрична и се спроведува по сликата на тие што ја носат таа идеологија (нели господ го создал светот по свој лик) и ги зема како репер нивните атрибути. Во некои општества спротивностите се исмејуваат, во некои се криминализираат, а во некои едноставно се ликвидираат.[DOUBLEPOST=1534237106][/DOUBLEPOST]
Па тоа е она што сакам да го кажам, секој идеолошки ситем колку да ни се чини идеален, е склон на злоупотреба. Самата идеологија кога ќе влезе во системот се прилагодува на владеењето на силата.
Моделот на Мор е класичен комунизам, на неговиот остров нема приватна сопственост, нема брави на вратите а луѓето на секој 10 години ги заменуваат куќите и се ротираат. Тоа е толку очигледно наивно, смешно и неодржливо што дури ни денешниве деца не би го сватиле сериозно. Тоа не е хармонија.
Според мене, егоцентричноста се решава со систем кој нема централна догматична идеологија, туку на индивидуата и е дозволено да живее на свој начин се додека со тоа не го загрози истото на останатите. Се друго со тек на време развива тенденција да наметне унифицирање на општеството а тоа неизбежно создава незадоволство и конфликти.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.345
Поени од реакции
84.555
Менталитетот не е проблем само кај нас, туку менталитетот е светски проблем. Чак што више ние овој менталитет го добивме во моментот кога се отворивме како општество.... Токму тој менталитет не и дава на цивилизацијата да се движи напред...
.
Скроз не.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Тоа не е причина да не се учиме на туѓите грешки

Ова е една од причините што демократијата не е добар начин на практицирање на власта...
Мој поглед на светот е дека не секоја нација е спремна или зрела или и одговара одреден тип на општествено уредување.

На пример, демократијата е идеална за протестантите и атеистите, монархијата за католиците, православните си бараат олигархија, кинезите еднопартиско општество какво што се сега.

Се разбира овде има многу предрасуди, но и не сум далеку од вистината.

За мене најиделно општество би била целосна децентрализација или анархија од типот на општественото уредување на словените.
 
B

Bafra

Гостин
Јас сум само лаик, си има бре МАНУ, Влада, институции за да направат долгорочни стратегии, што ако сега напишам нешто, тоа ќе остане само тука на темата и ништо повеќе.
Ме насмеа да си ибиш тоа. Сме имале МАНУ :lolzz: .

Епа ете ги имаш сите тие што ги наброја и уште многу повеќе, АМА пак немаме напредок, што е проблемот ....
Значи тие набројаните се неефикасни. Ај што не се ефикасни, ама и трошат бре премногу. Еве пример МАНУ, нема што да земаат толкави плати, тоа треба да биде еден вид престиж за да членуваш. Платата вади си ја на друго место, во тоа што те бива, може некој паушал или трошковник.
Или направи ги ефикасни или отстрани ги, а не да чекаш ЕУ/НАТО/Господ и ќе видиш како е убаво да се живее во Македониа.

Нема потреба од саатнина, "невидливата рака" на која и се потсмевате, веќе почнува да воспоставува рамнотежата. Помалку водоводџии, автоматски тие што остнаале, си дигаат цената на услугата, а бидејќи немаш голем избор, ќе си платиш за нивното знаење. Помалку млади, автоматски се зголемува дневницата на сезонските работници, хигиеничарките веќе им нудат и по 15.000 . Квалитетни работници, паметните газди си ги плаќаат сразмерно.
За иднината кој ќе одржава основна инфраструктура не се секирај, бидејќи имаш 180.000 администрација. Кога државата ќе навлезе во поголеми проблеми, кога народ ќе почне да негодува што премногу го оданочуваат, му земаат по разни основи, ќе мора да намали бројот на паразити. Е тие паразити, ќе мора да научат да работат и основни работи ако сакаат леб на маса а и кредити да отплатат.

Единствено кои лапаат повеќе него што заслужуваат се администрација/ политичарите а и тие го уништуваат системот за да функционира нормално и хармонично. Државата ти е како човечки организам. Колку повеќе паразити имаш, не го намалуваш нивниот број, поголеми проблеми ти се јавуваат и на крај ќе скинеш конците.
Притоа секој рестарт, означува почеток на ново, значи 1 назад, 2 напред. Само да не утнеме правецот или па троа појќе назад . :icon_lol:

Не го возвишувам Израел.... туку сакам да кажам дека во одредено време на национална криза, они решиле да се научат да пловат после подолго време и успеале во тоа... Може доста позитивно искуство да се земе за некои од нивните методи... поготово од бизнис моделите и фондациите...
Е да бе, тие цело време се во национална криза, од времето на фараоните, а сите имале куќи, добиток, златници :D .
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Според мене, егоцентричноста се решава со систем кој нема централна догматична идеологија, туку на индивидуата и е дозволено да живее на свој начин се додека со тоа не го загрози истото на останатите. Се друго со тек на време развива тенденција да наметне унифицирање на општеството а тоа неизбежно создава незадоволство и конфликти.
Да се разбереме, секоја идеологија наметнува догма. Значи претставува унитарен модел кон кој се стреми општеството, а тоа самото по себе е догма.

Е сега и во денешното општество е дозволено на индивидуата како што викаш да живее на свој начин се додека со тоа не го загрози истото на останатите, тоа е неспорно, меѓутоа тој момент „додека со тоа не го загрози истото на останатите“ е варијаблен... Во некои општества загрозување е жените да не носат бурка, а во некои загрозување е пак ако носиш бурка... Тие ограничувања и слободи се наметнати со морални и законски норамтиви, а тие секако оставаат простор за злоупотреба.

Значи идеологоијата јас ја гледам како детален нацрт на некој поглед или стремеж на идеално општество.. Но секоја една идеологија се базира на позитивни човекови атрибути, според нели сопственото видување и наметнува етички нормативи за истите, а кога ќе влезе во системот и законски. Тука настануваат проблемите, пошто човекот генерално се води од природните пориви како алчност на пример.

Па доколку еден систем ја земе во предвид човековата алчност и личните интереси на единката ги испреплете со државните или националните или на тие од групата, тогаш би имале еден поуспешен систем, без разлика дали збориме за фирма, нација или држава.[DOUBLEPOST=1534240681][/DOUBLEPOST]
Е да бе, тие цело време се во национална криза, од времето на фараоните, а сите имале куќи, добиток, златници :D .
Они иако гетоизирини, немале национална стратегија...зошто и како побогу нацистите им го одзеле богатствотоо и ги однеле речиси доброволно у смрт... додека ционистите и пред тоа ги викале да се иселат во Палестина...[DOUBLEPOST=1534241244][/DOUBLEPOST]
Мој поглед на светот е дека не секоја нација е спремна или зрела или и одговара одреден тип на општествено уредување.

На пример, демократијата е идеална за протестантите и атеистите, монархијата за католиците, православните си бараат олигархија, кинезите еднопартиско општество какво што се сега.

Се разбира овде има многу предрасуди, но и не сум далеку од вистината.
Во европа(освен Шпанија ) протестантите се претежно монархии, а католиците и православните републики....
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да се разбереме, секоја идеологија наметнува догма. Значи претставува унитарен модел кон кој се стреми општеството, а тоа самото по себе е догма.

Е сега и во денешното општество е дозволено на индивидуата како што викаш да живее на свој начин се додека со тоа не го загрози истото на останатите, тоа е неспорно, меѓутоа тој момент „додека со тоа не го загрози истото на останатите“ е варијаблен... Во некои општества загрозување е жените да не носат бурка, а во некои загрозување е пак ако носиш бурка... Тие ограничувања и слободи се наметнати со морални и законски норамтиви, а тие се секако оставаат метод на злоупотреба.

Значи идеологоијата јас ја гледам како детален нацрт на некој поглед или стремеж на идеално општество.. Но секоја една идеологија се базира на позитивни човекови атрибути, според нели сопственото видување и наметнува етички нормативи за истите, а кога ќе влезе во системот и законски. Тука настануваат проблемите, пошто човекот генерално се води од природните пориви како алчност на пример.

Па доколку еден систем ја земе во предвид човековата алчност и личните интереси на единката ги испреплете со државните или националните или на тие од групата, тогаш би имале еден поуспешен систем, без разлика дали збориме за фирма, нација или држава.
Носење на бурка не загрозува никого, за разлика од задолжителното носење бурка. Во првиот случај, бурка носи само онаа жена што сака да носи, тоа не ги приморува останатите да го прават истото. Во вториот случај, каде носењето бурка е задолжително за сите жени, има повреда на слободата на оние што не сакаат да носат. Неможе овие две ситуации да се поистоветуваат. Првиот случај е право на избор, со тоа останатите не се приморани на ништо, во вториот се приморани.
Догма е правило или закон што е неменлив и кон кој треба поединците да се прилагодат. Не дека нема такви општества, но далеку од тоа дека секоја идеологија резултира со догма. Се додека законот ја препознава менливоста на човечкото општество и ја препознава потребата да се прилагодува на него, нема место за догма.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Во европа(освен Шпанија ) протестантите се претежно монархии, а католиците и православните републики....
Тоа не значи дека им одговара тоа како уредување.

Протестанти само во Британија се монархии, но тие се колевка на западнава демократија.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Тоа не значи дека им одговара тоа како уредување.

Протестанти само во Британија се монархии, но тие се колевка на западнава демократија.
Данска, Норвешка, Холандија, Шведска... сите се овие монархии..
 
B

Bafra

Гостин
Они иако гетоизирини, немале национална стратегија...зошто и како побогу нацистите им го одзеле богатствотоо и ги однеле речиси доброволно у смрт... додека ционистите и пред тоа ги викале да се иселат во Палестина...
Тоа секаде им го правеле низ Европа. И од Шпанија им одземале богатството, и од Англија и други. А кралот снема пари, одма дежурен виновник богатите, а не неговото расипничко трошење. Сега истото нели гледаш и кај нас го прават. Како државата троши повеќе, треба повеќе од негде да земе, па ги обвинува имотните дека тие се виновни за посиромашните. Посиромашните толку им сече и полесно им е да се свртат против поимотните. Настанува калакурница, поимотните и попаметните бегаат па останува рајата. Рим од милионски град спаднал на само 50.000.

Е така @jamajka се уништуваат цивилизациите и така идеме надоле, наместо нагоре.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Носење на бурка не загрозува никого, за разлика од задолжителното носење бурка. Во првиот случај, бурка носи само онаа жена што сака да носи, тоа не ги приморува останатите да го прават истото. Во вториот случај, каде носењето бурка е задолжително за сите жени, има повреда на слободата на оние што не сакаат да носат. Неможе овие две ситуации да се поистоветуваат. Првиот случај е право на избор, со тоа останатите не се приморани на ништо, во вториот се приморани.
Не споредив такви случаи, туку да е забрането да се носи бурка, и да е задолжително... Не го дадов примерот за да ги поистоветам, туку да ти кажам дека секој слободите и правата различно ги сваќа....


Догма е правило или закон што е неменлив и кон кој треба поединците да се прилагодат. Не дека нема такви општества, но далеку од тоа дека секоја идеологија резултира со догма. Се додека законот ја препознава менливоста на човечкото општество и ја препознава потребата да се прилагодува на него, нема место за догма.
Секоја идеологија се базира на догма... Догма во една држава е уставот (не и кај нас нели)... Но тоа не значи дека догмата не е подложна на промени сама по себе па дури и во најконзервативните општества, во договор со тие што се носители на власта....некогаш позитивно, некогаш негативно...[DOUBLEPOST=1534242486][/DOUBLEPOST]
Тоа секаде им го правеле низ Европа. И од Шпанија им одземале богатството, и од Англија и други. А кралот снема пари, одма дежурен виновник богатите, а не неговото расипничко трошење. Сега истото нели гледаш и кај нас го прават. Како државата троши повеќе, треба повеќе од негде да земе, па ги обвинува имотните дека тие се виновни за посиромашните. Посиромашните толку им сече и полесно им е да се свртат против поимотните. Настанува калакурница, поимотните и попаметните бегаат па останува рајата. Рим од милионски град спаднал на само 50.000.

Е така @jamajka се уништуваат цивилизациите и така идеме надоле, наместо нагоре.
Не го спорам јас тоа, и се слагам со тебе... Меѓутоа и имотните тука имаат вина... не секогаш се понашаат човечки.
А за Евреите поентата ми е тригерот..пресвртницата.... ама пак ќе кажам они не се тема тука, тоа ти е како еден пример...
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Не е темата тоа што ти си го пишал, али ајде...

Ептен си песимист, е сега за тебе не било проблем што пред 60 години бегале селаните, проблем е што денеска бегаат .... Па селата бре треба да се основа на Македонското општество, двигател... Зошто би ни била индустрија ако успееме да произведеме квалитетна храна... Ги имаме сите предуслови...

Да се слагам има проблеми бегаат квалитетни кадри, вредни работници.... Но не значи дека останува само шљамот... Ете ти си останал не треба да се пљукаш сам на себе... Генерално овој народ треба само да се насочи исправно.... Па ете види во 1945 година не сме го имале ниту 1/10 од овој кадар што го имаме, а сме биле пред предизвик да изградиме инфраструктура, сега само треба да ја одржуваме......



Менталитетот го гради и го одржува власта и гласилата... Има една песна од Чорба што вика „гутај шта ти се сервира“... Зарем во САД и во ЕУ не гутаат пропаганди, не гледаат Кардашијани, не постои социјален инжинеринг... Па види им ги политичките кампањи, пљукање обвинување, шпекулации, лажни вести... Што се они поинакви од нас ???

Менталитетот не е проблем само кај нас, туку менталитетот е светски проблем. Чак што више ние овој менталитет го добивме во моментот кога се отворивме како општество.... Токму тој менталитет не и дава на цивилизацијата да се движи напред...




Е добро де, секоја влада буквално секаде во светот прави перипетии со даноците, па и Муртинскиот не е ништо поарен.... Мислиш дека на западот нема даноци? Ги љуштат... они така си го купуваат социјалниот мир... Ги хранат мигрантите :D



Ти ептен предвреме си се предал :) Крајот не е тука, имаме уште борба пред нас, изгубивме клучна битка, но далеку сме сеуште од крајот... Речиси и да не постои народ кој не ги изодел овие чекори... Некој повеќе некој помалце.... Па нека ти текне какви општества беа Романија, Бугарија, Албанија и Грција во споредба со нас, па ете во еден животен век се оправија... Зошто ние би биле поинакви.... Дали овие што ги набројав имаат некаков супериорен менталитет ?




Индивидуално јас би ти рекол дека она што нема да те убие, ќе те направи посилен... Зошто да не погледнам назад кон својата татковина ако си отидам негде? Зарем Грците, Евреите, Ерменците, Коптите не гледаат назад??? Зарем ги забораваат своите огништа??

Сосема погрешна теза се всадува во Македонското општество, кoе и така е поделено политички се дели на се повеќе сегменти.... Ова го има само кај нас и во ниедно општество... да се осудива вербална грижа за својата татковина.... Ниедна причина неможе да се најде како оправдување, да го осудиме некој кој се иселил од Македонија за неговиот став за Македонија....

И дај биди фер, не пишуј сега за политичката состојба на Македонија, имаме веќе една тема за тоа...
Па добро може да е оф-топик до некаде а можеби и не е, технички сепак и РМ е дел од цивилизација некаква, вероватно спој помеѓу западна (20%), источна пост-комунистичка слав трак сут олигархија (40%) и ориентална (40%), ако се лажеме дека имаме повеќе заедничко во навики, кујна, пристап кон животот, вредности со граѓани на Осло и Париз него со луѓето по Сирија и Анадолија тогаш ок, можеме да се лажеме ама Балкан секогаш ти бил граница, Аустрија и буквално изградиле граница да се штитат од отомански наезди :)

Реалноста не наведува на песимизам туку на помирување со ситуацијата, тоа е што е, не е трагедија, мал милион народи имале држави и сега ги немаат а можно е како Либерија, да остане Македонија да живурка некако па ете демек опстојуваме, коров, пиреј а-у и така Либерија 200 години...........си постои. Си постои бе.

Не реков дека селаните биле помалку вредни, туку дека нивното заминување во никој случај не е исто како она што се дешава денес, немаме ни толку популација како тогаш, нит се раѓаат деца ко тогаш, нит ништо. Полесно е за едно општество да надокнади 20 земјоделци него 20 лекари специјалисти, сфаќаш?

За да правиш споредби треба да имаш одреден број параметри кои се слични или исти, не можеме да реплицираме историски услови нит менталитети ниту меѓународни и економски состојби кои биле некогаш, сега да одиме назад кон историја е попусто, Коптите имале држава сега имаат ништо, Израел напраил ова во 1948 а пред тоа 100 години ционисти работеле на случај, Романија вака или онака денес, ама Романија имаше 22 милиона а сега има 18 така да драстичниот пад од популација 1989-2018 нема да ги убие, исто донекаде и Србија и Бугарија иако и тие се движат во пропаст, ние имавме 2,064,000 жители во најславни денови (1991) а денес власта побрзо ќе ги ебе децата на сред плоштад во Скопје него да напраи попис, од тоа беа 1,29 милиони Македонци денес ако се милион ќе биде изненаџење, значи немаме протор за луксуз ко Романија.
Албанија и Косово се дно на Европа и таму ќе останат (во случај да не им преземеме примат) и тие имаат депопулација, срање се, со мала поправка дека Албанија сепак има страшен напредок од бидување Северна Кореја, не знам колку си возрасен и дали паметиш сцените во 90-ти кога ги отворија границите и пешки народ доаѓаше и стоеа пред излози како хипнотизирани, со скапани заби осмех парадентоза, со конопна врвца наместо каиш, лик од 75 годишњак а тоа матурант.
Али толку им е границата, светот ги повлече напред и тоа е тоа, оттука натаму ќе си бидат срање.

Трето ако имаш толку ниска популациона основа многу побрзо ѓаолот ќе си дојде по свое.

Значи нема, не постои начин да се спасе ова општество затоа што е умрено, готово е, никакво е, зло е, не знам како имаш оптимизам и зошто, не сум сигурен дека и би сакал да опстане, што курац бре ќе ми е РМ? Ете наведи 3 работи 1991-2018 кои биле ок, образовни реформи, здравство, базични спортови се развиле здрава младина а-у, економија, нешто од нешто, ајде три барем.

Како што кажав, меко приземјување без премногу масовни гробници би било премија.[DOUBLEPOST=1534259029][/DOUBLEPOST]
Ме насмеа да си ибиш тоа. Сме имале МАНУ :lolzz: .

Епа ете ги имаш сите тие што ги наброја и уште многу повеќе, АМА пак немаме напредок, што е проблемот ....
Значи тие набројаните се неефикасни. Ај што не се ефикасни, ама и трошат бре премногу. Еве пример МАНУ, нема што да земаат толкави плати, тоа треба да биде еден вид престиж за да членуваш. Платата вади си ја на друго место, во тоа што те бива, може некој паушал или трошковник.
Или направи ги ефикасни или отстрани ги, а не да чекаш ЕУ/НАТО/Господ и ќе видиш како е убаво да се живее во Македониа.

Нема потреба од саатнина, "невидливата рака" на која и се потсмевате, веќе почнува да воспоставува рамнотежата. Помалку водоводџии, автоматски тие што остнаале, си дигаат цената на услугата, а бидејќи немаш голем избор, ќе си платиш за нивното знаење. Помалку млади, автоматски се зголемува дневницата на сезонските работници, хигиеничарките веќе им нудат и по 15.000 . Квалитетни работници, паметните газди си ги плаќаат сразмерно.
За иднината кој ќе одржава основна инфраструктура не се секирај, бидејќи имаш 180.000 администрација. Кога државата ќе навлезе во поголеми проблеми, кога народ ќе почне да негодува што премногу го оданочуваат, му земаат по разни основи, ќе мора да намали бројот на паразити. Е тие паразити, ќе мора да научат да работат и основни работи ако сакаат леб на маса а и кредити да отплатат.

Единствено кои лапаат повеќе него што заслужуваат се администрација/ политичарите а и тие го уништуваат системот за да функционира нормално и хармонично. Државата ти е како човечки организам. Колку повеќе паразити имаш, не го намалуваш нивниот број, поголеми проблеми ти се јавуваат и на крај ќе скинеш конците.
Притоа секој рестарт, означува почеток на ново, значи 1 назад, 2 напред. Само да не утнеме правецот или па троа појќе назад . :icon_lol:



Е да бе, тие цело време се во национална криза, од времето на фараоните, а сите имале куќи, добиток, златници :D .
Бафра жити све, најдобронамерен предлог, земи книга, хартиена, читни, и види таму Адам Смит што и како, тоа преџвакано што гледаш на Јутјуб нема да ти каже ништо реално, која црна невидлива рака на пазар во земја со граници 100*120 км, без можност за мобилност на работната сила, не е ова Англија 1851 па ќе седне на железница од Шефилд и ќе се пресели од еден слам во друг слам во Ковентри, тие патишта цивилизациски се погубни, готово е, милиони луѓе умреле по рудници, фабрики, штрајкови биле косени со тешки митралези буквално, рудари бомбардирани со авијација, таква била раката на пазарот во САД и ВБ во славните времиња на кои мастурбираат либертаријанци, значи не знаеш ништо за раката на пазарот и за реалните ситуации кои довеле до пораст на стандардот.
И сеа ќе ги реплицираме тие услови и за некои 300 години ќе имаме пристоен стандард нели? Пошто сите најразвиени земји на светот имаат минимални саатници, не гледаат клипчиња доволно.

И тоа како е потребна саатница, мининална, со пропишани саати кои ќе бидат прекувремени и тоа да се имплементира со драконски казни, генерации поштени луѓе кои работат од јутра до сутра се осудени да живуркаат за да работат а не обратно, ако како општество во 2018 немаме цивилизациски консензус дека за трудот, па макар и бил наједноставен и монотон и потценет=треба да следи надокнада во висина која нема да го компромитира животот и здравјето, тогаш нема за што да правиме муабет, нек иде РМ на гробишта и нек си ебе матер.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Па добро може да е оф-топик до некаде а можеби и не е, технички сепак и РМ е дел од цивилизација некаква, вероватно спој помеѓу западна (20%), источна пост-комунистичка слав трак сут олигархија (40%) и ориентална (40%), ако се лажеме дека имаме повеќе заедничко во навики, кујна, пристап кон животот, вредности со граѓани на Осло и Париз него со луѓето по Сирија и Анадолија тогаш ок, можеме да се лажеме ама Балкан секогаш ти бил граница, Аустрија и буквално изградиле граница да се штитат од отомански наезди :)

Реалноста не наведува на песимизам туку на помирување со ситуацијата, тоа е што е, не е трагедија, мал милион народи имале држави и сега ги немаат а можно е како Либерија, да остане Македонија да живурка некако па ете демек опстојуваме, коров, пиреј а-у и така Либерија 200 години...........си постои. Си постои бе.

Не реков дека селаните биле помалку вредни, туку дека нивното заминување во никој случај не е исто како она што се дешава денес, немаме ни толку популација како тогаш, нит се раѓаат деца ко тогаш, нит ништо. Полесно е за едно општество да надокнади 20 земјоделци него 20 лекари специјалисти, сфаќаш?

За да правиш споредби треба да имаш одреден број параметри кои се слични или исти, не можеме да реплицираме историски услови нит менталитети ниту меѓународни и економски состојби кои биле некогаш, сега да одиме назад кон историја е попусто, Коптите имале држава сега имаат ништо, Израел напраил ова во 1948 а пред тоа 100 години ционисти работеле на случај, Романија вака или онака денес, ама Романија имаше 22 милиона а сега има 18 така да драстичниот пад од популација 1989-2018 нема да ги убие, исто донекаде и Србија и Бугарија иако и тие се движат во пропаст, ние имавме 2,064,000 жители во најславни денови (1991) а денес власта побрзо ќе ги ебе децата на сред плоштад во Скопје него да напраи попис, од тоа беа 1,29 милиони Македонци денес ако се милион ќе биде изненаџење, значи немаме протор за луксуз ко Романија.
Албанија и Косово се дно на Европа и таму ќе останат (во случај да не им преземеме примат) и тие имаат депопулација, срање се, со мала поправка дека Албанија сепак има страшен напредок од бидување Северна Кореја, не знам колку си возрасен и дали паметиш сцените во 90-ти кога ги отворија границите и пешки народ доаѓаше и стоеа пред излози како хипнотизирани, со скапани заби осмех парадентоза, со конопна врвца наместо каиш, лик од 75 годишњак а тоа матурант.
Али толку им е границата, светот ги повлече напред и тоа е тоа, оттука натаму ќе си бидат срање.

Трето ако имаш толку ниска популациона основа многу побрзо ѓаолот ќе си дојде по свое.

Значи нема, не постои начин да се спасе ова општество затоа што е умрено, готово е, никакво е, зло е, не знам како имаш оптимизам и зошто, не сум сигурен дека и би сакал да опстане, што курац бре ќе ми е РМ? Ете наведи 3 работи 1991-2018 кои биле ок, образовни реформи, здравство, базични спортови се развиле здрава младина а-у, економија, нешто од нешто, ајде три барем.

Како што кажав, меко приземјување без премногу масовни гробници би било премија.
Добро батка, ама морам да кажам дека многу влијае во твојата анализа твоето лично незадоволство. Јас те сваќам кои се условите во кои живееме и на кое дереџе не донесоа оние, на кои ние им даваме моќ. Пер, те разбирам си се мачел си учел што и да си учел, и на крајот син му на некој е пред тебе и финансиски и во социјален статус, а типот гној... Но да знаеш во модерно општество ти си тој што треба да се бори за себе, не општеството.... Еве мене ми е супер во Македонија, ми смета тоа што владее општа беда, ама генерално мене лично ми е супер... И пошто јас сум успеал, верувам дека има место за сите да успеат... И што повеќе Македонци успеваат тоа подобро ќе ми биде и мене... Но секако мора да го смениме мајндсетот и да си помагаме меѓусебно, наместо да си ги вадиме очите... ако е тоа некако можно... Пошто на крајот моќна групација, чинат моќни поединци..Исто е и со државата, а државата сме сите ние....

Затоа пер, место да кукаш, земи напрај план како да успееш... Па дури и ако тоа значи да си одиш од државата... Пошто без разлика каде си, и без разлика дали сега ја презираш државава или не, на крајот ти пак ќе бидеш дел од нас. И ако си успешен ќе влијаеш позитивно за сите нас, дури и без да кажеш еден збор....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom