Цивилизацијата и идеолошките матрици

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Јас искрено сега дури ти ја разбрав поентата :icon_mrgr:

Цивилизацијата како што ти кажаа не е константа. Следен стадиум е тотален крах. Во овој период баш си има фатено надолен правец, а колку длабоко ќе паднеме ќе видиме. Ама ич нема да е убаво патувањето.

Не знам како некој би очекувал погорен стадиум кога народот повеќе го интересираат Кардашаини, Мали невести, Касандри, фудбалери, него сопствен развој. Како да очекуваш нешто позитивно кога сме станале паразити, чекаме некој друг да ни реши и основни работи, без да размислиме дали тој "друг" е квалификуван за таа позиција.

А тоа цивилизација на еднаквост ако мислиш и на екононска/имотна, тогаш не си реален, си фантазираш.
Идеалната е, да важи правото за сите, еднакви можности за развој, администрација мал број и совесни.
Не Бафра еднаквост значи еднакви можности, еднакви права.... Не треба да ми е важно каде сум за да успеам....[DOUBLEPOST=1534172468][/DOUBLEPOST]
Ништо не успева тука, нема простор за надеж, секој оптимизам е излишен, освен индивидуален успех и придржување кон некои принципи и морални начела нема зошто човек да се замара со веќе пропаднато општество каде сите си играат нешто, кој си игра политичар, кој газда, кој историчар, кој лекар, кој војник, среќа во несреќа што сме географски дел од Европа инаку сме на ниво на свеста на племињата во Либерија, Јамајка си играше паравојник едно време, стварно што бидна со тие 10.000 што ќе се собиравте, тоа ти се две јаки бригади бре :)
И ти си играше шарен куртон едно време... па еве кај не донесе....
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540

Ништо јас не си играв, не се лути веднаш, факт е дека ти предвидуваше апокалипси, катаклизми, еуромајдани, инвазии, цунами, епидемии и предлагаше формирање паравојска со 10.000 припадници :)
 
B

Bafra

Гостин
Ништо не успева тука, нема простор за надеж, секој оптимизам е излишен, освен индивидуален успех и придржување кон некои принципи и морални начела нема зошто човек да се замара со веќе пропаднато општество каде сите си играат нешто, кој си игра политичар, кој газда, кој историчар, кој лекар, кој војник, среќа во несреќа што сме географски дел од Европа инаку сме на ниво на свеста на племињата во Либерија, Јамајка си играше паравојник едно време, стварно што бидна со тие 10.000 што ќе се собиравте, тоа ти се две јаки бригади бре :)
Ок, ама можеш и да кажеш мислење ЗАШТО е тоа така... А исто ШТО би требало да се промени за да почне да вирее нешто позитивно...

Ќе ја видиш свеста кај ЕУ граѓаните, штом досега не си ја видел. Темава баш се однесува на Западната цивилизација, сепак таа е водичот.

Ништо јас не си играв, не се лути веднаш, факт е дека ти предвидуваше апокалипси, катаклизми, еуромајдани, инвазии, цунами, епидемии и предлагаше формирање паравојска со 10.000 припадници :)
Па не кажал година :P, еве референдумот тешко да успее, останува на парламентот. А таму лесно можат пак да исценираат некој "крвав" неделен ден.

А за катаклизми, па и не погрешил многу. Пожари насекаде, поплави насекаде, земјотреси, многу повеќе активни вулкани, а тек нареден период :cool:
Е за паравојска тоа јбг, како рече Стевче Ј, луѓе се, згрешиле, ништо страшно :D
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Ништо јас не си играв, не се лути веднаш, факт е дека ти предвидуваше апокалипси, катаклизми, еуромајдани, инвазии, цунами, епидемии и предлагаше формирање паравојска со 10.000 припадници :)
Добро ај не се љутам...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Е сега, ти ми даваш пример за напредок на цивилизацијата и кога кажав што се десило во поледните 100 години ти ми викаш дека и претходно не било арно... Каков е тој напредок, ако спориме кога човечката цивилизација била повеќе или помалце насилна ?
Па веќе ти реков дека утопијата е невозможен концепт. Ти под ,,напредок" очекуваш општество каде нема проблеми и манипулации? Да, денес со ракети може да направиш ,,пуздер" некого, но затоа и можеш со една машина и еден човек да собереш храна за илјадници, а тоа е напредок.
Дали мислиш дека ова што ти го заговараш не е подложно на злоупотреба? Дали мислиш дека најголемите партии имаат различна распределеност на образовен кадар или гласачи, па да со оваа промена нешто се смени во позитивна смисла? Како тоа универзитетите или академијата не се подложни на манипулации? Не ли се и денеска овие истите дел од двете партии на власта? Јас викам и да се исклучат необразованите од гласачкиот систем, резултатот ќе биде ист...

Не даваш одржлив модел... Не ги земаш во предвид основните човекови карактеристики... Не правиш временска естимација кога тоа би можело да биде оддржливо....

Дополнително, како со овој систем ќе се намалат тендерашите? Како ќе се сузбие корупцијата?

Патем Менгеле исто така бил многу добар доктор, ако не и најдобар....
Ништо не е отпорно на манипулација, ти упорно заговараш или очекуваш да видиш утописки модели. Што е за тебе одржлив модел? Зошто мора да има временска рамка за да биде валидно? Јас давам идеја, нагласив и во постот дека за механизмите може и вреди да се дискутира. Не нудам јас готов концепт спремен за имплементација.[DOUBLEPOST=1534174119][/DOUBLEPOST]
Тоа научен модел би било добро, но не како што го објасна. Кај нас имаш доктори по разни науки, ама врска немаат од самата дисциплина во која се доктори. Нормално има и исклучоци. Ама ја сфати поентата.
Плус историски луѓето кои допринеле за општеството, науката, воопшто цивилизацијата биле надвор од тогашниот образовен систем или пак мнозинството колеги не ги прифаќало нивните тврдења.
Јас зборувам за систем каде науката и образованието ќе биде на прво место, сигурно не мислев со сегашниов степен и модел на образование да се постигне некаква значајна парадигма во општествените системи.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Па веќе ти реков дека утопијата е невозможен концепт. Ти под ,,напредок" очекуваш општество каде нема проблеми и манипулации? Да, денес со ракети може да направиш ,,пуздер" некого, но затоа и можеш со една машина и еден човек да собереш храна за илјадници, а тоа е напредок.

Ништо не е отпорно на манипулација, ти упорно заговараш или очекуваш да видиш утописки модели. Што е за тебе одржлив модел? Зошто мора да има временска рамка за да биде валидно? Јас давам идеја, нагласив и во постот дека за механизмите може и вреди да се дискутира. Не нудам јас готов концепт спремен за имплементација.
Ок значи тешко дека ќе доспееме до цивилизација во кое етникумот или религијата на човекот не е важна, ниту пак е важно каде ќе се најде за да успее... Ниту пак нема да се плаши дека ќе биде бомбардиран, цивилизација во која секаде ќе има достапно храна, лекарска заштита и сигурност.....

Мојата констатација значи и не се разликува од твојата, се слагаме ли конечно ?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Ок, ама можеш и да кажеш мислење ЗАШТО е тоа така... А исто ШТО би требало да се промени за да почне да вирее нешто позитивно...

Ќе ја видиш свеста кај ЕУ граѓаните, штом досега не си ја видел. Темава баш се однесува на Западната цивилизација, сепак таа е водичот.

Па не кажал година :P, еве референдумот тешко да успее, останува на парламентот. А таму лесно можат пак да исценираат некој "крвав" неделен ден.

А за катаклизми, па и не погрешил многу. Пожари насекаде, поплави насекаде, земјотреси, многу повеќе активни вулкани, а тек нареден период :cool:
Е за паравојска тоа јбг, како рече Стевче Ј, луѓе се, згрешиле, ништо страшно :D
Јас сум само лаик, си има бре МАНУ, Влада, институции за да направат долгорочни стратегии, што ако сега напишам нешто, тоа ќе остане само тука на темата и ништо повеќе.

Според она што гледам, најосновен проблем кој се наметнува е депопулација а најстрашно е што заминуваат највредните, најчесните, најсвесните, оние кои ствараат дополнителна вредност, стручност, дали високообразовани дали занаети не е важно, бегаат сите, не е како пред 60 години кога заминувале од селата мариовски во Гери Индијена да работат. Значи ако физички не можеш да задржиш популација, што да праиме муабет за друго?
Остануваат партиски бактерии и оние кои нешто ги врзува за овој крај, фамилија, друштво, навики, имот па не би да почнуваат од нула на запад, за 10 години нема да има кој да одржува основна инфраструктура, ќе биде забавно.

И сега со тој тренд каква иднина треба да се очекува?
Само меко приземјување да се избегне нешто како Босна цирка 1992, во која форма и да биде, менталитет не се менува со декрет, тоа е генерациски процес 50+ години и тоа ако се започнеше завчера, денес е веќе касно.

Ниту една власт, па и оваа на сељакот муртински кој демек дојде од реален сектор, бизнисмениште ти реков ми рече, не планира да го направи реалниот сектор попривлечен за младите од државно, не планира да скреса даноци на приход и со тоа да стимулира потрошња, подобро нека стават 20% ддв него да чепкаат во приходи, ако народ има повеќе пари повеќе ќе троши, пази дури и наголемува арач на приходи, правила на игра сеуште нема, саатница бе ало, во 2018 немаме саатница, немаме јасни правила за игра, Либерија, а за спроведување на и она малку што го има, курац, клиентелизам, ако си наш=силувај бебиња во колевка, немаш гајле.

Не е страшно нит дефетизам да се признае пораз, пробавме да напраиме држава, општество, се усравме тотално и малку по малку нека се спушта завеса.
Индивидуално, секој за себе, јас би препорачал и покрај се да се одолее да се ухлеби човек на државно и да стане кучка на локален партиски шериф, да држи до некои начела етички барем за себе и свои најблиски, да одржува добри односи со роџаци и пријатели и такви работи, и некако да го преживее крајот, ако останува тука се разбира. Ако се избере патот надвор, тогаш нека се воздржи од пишување носталгични патетики на ФБ.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Не е темата тоа што ти си го пишал, али ајде...

Ептен си песимист, е сега за тебе не било проблем што пред 60 години бегале селаните, проблем е што денеска бегаат .... Па селата бре треба да се основа на Македонското општество, двигател... Зошто би ни била индустрија ако успееме да произведеме квалитетна храна... Ги имаме сите предуслови...

Да се слагам има проблеми бегаат квалитетни кадри, вредни работници.... Но не значи дека останува само шљамот... Ете ти си останал не треба да се пљукаш сам на себе... Генерално овој народ треба само да се насочи исправно.... Па ете види во 1945 година не сме го имале ниту 1/10 од овој кадар што го имаме, а сме биле пред предизвик да изградиме инфраструктура, сега само треба да ја одржуваме......

И сега со тој тренд каква иднина треба да се очекува?
Само меко приземјување да се избегне нешто како Босна цирка 1992, во која форма и да биде, менталитет не се менува со декрет, тоа е генерациски процес 50+ години и тоа ако се започнеше завчера, денес е веќе касно.
Менталитетот го гради и го одржува власта и гласилата... Има една песна од Чорба што вика „гутај шта ти се сервира“... Зарем во САД и во ЕУ не гутаат пропаганди, не гледаат Кардашијани, не постои социјален инжинеринг... Па види им ги политичките кампањи, пљукање обвинување, шпекулации, лажни вести... Што се они поинакви од нас ???

Менталитетот не е проблем само кај нас, туку менталитетот е светски проблем. Чак што више ние овој менталитет го добивме во моментот кога се отворивме како општество.... Токму тој менталитет не и дава на цивилизацијата да се движи напред...

Ниту една власт, па и оваа на сељакот муртински кој демек дојде од реален сектор, бизнисмениште ти реков ми рече, не планира да го направи реалниот сектор попривлечен за младите од државно, не планира да скреса даноци на приход и со тоа да стимулира потрошња, подобро нека стават 20% ддв него да чепкаат во приходи, ако народ има повеќе пари повеќе ќе троши, пази дури и наголемува арач на приходи, правила на игра сеуште нема, саатница бе ало, во 2018 немаме саатница, немаме јасни правила за игра, Либерија, а за спроведување на и она малку што го има, курац, клиентелизам, ако си наш=силувај бебиња во колевка, немаш гајле.
Е добро де, секоја влада буквално секаде во светот прави перипетии со даноците, па и Муртинскиот не е ништо поарен.... Мислиш дека на западот нема даноци? Ги љуштат... они така си го купуваат социјалниот мир... Ги хранат мигрантите :D

Не е страшно нит дефетизам да се признае пораз, пробавме да напраиме држава, општество, се усравме тотално и малку по малку нека се спушта завеса.
Ти ептен предвреме си се предал :) Крајот не е тука, имаме уште борба пред нас, изгубивме клучна битка, но далеку сме сеуште од крајот... Речиси и да не постои народ кој не ги изодел овие чекори... Некој повеќе некој помалце.... Па нека ти текне какви општества беа Романија, Бугарија, Албанија и Грција во споредба со нас, па ете во еден животен век се оправија... Зошто ние би биле поинакви.... Дали овие што ги набројав имаат некаков супериорен менталитет ?

Индивидуално, секој за себе, јас би препорачал и покрај се да се одолее да се ухлеби човек на државно и да стане кучка на локален партиски шериф, да држи до некои начела етички барем за себе и свои најблиски, да одржува добри односи со роџаци и пријатели и такви работи, и некако да го преживее крајот, ако останува тука се разбира. Ако се избере патот надвор, тогаш нека се воздржи од пишување носталгични патетики на ФБ.
Индивидуално јас би ти рекол дека она што нема да те убие, ќе те направи посилен... Зошто да не погледнам назад кон својата татковина ако си отидам негде? Зарем Грците, Евреите, Ерменците, Коптите не гледаат назад??? Зарем ги забораваат своите огништа??

Сосема погрешна теза се всадува во Македонското општество, кoе и така е поделено политички се дели на се повеќе сегменти.... Ова го има само кај нас и во ниедно општество... да се осудива вербална грижа за својата татковина.... Ниедна причина неможе да се најде како оправдување, да го осудиме некој кој се иселил од Македонија за неговиот став за Македонија....

И дај биди фер, не пишуј сега за политичката состојба на Македонија, имаме веќе една тема за тоа...
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ок значи тешко дека ќе доспееме до цивилизација во кое етникумот или религијата на човекот не е важна, ниту пак е важно каде ќе се најде за да успее... Ниту пак нема да се плаши дека ќе биде бомбардиран, цивилизација во која секаде ќе има достапно храна, лекарска заштита и сигурност.....

Мојата констатација значи и не се разликува од твојата, се слагаме ли конечно ?
Многу нешта што од тогашна гледна точка изгледале невозможни, денес се секојдневие.
Не, не се слагам со тебе, мислам дека го потценуваш потенцијалот на човештвото и ја земаш утопијата како репер за своите очекувања.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Многу нешта што од тогашна гледна точка изгледале невозможни, денес се секојдневие.
Не, не се слагам со тебе, мислам дека го потценуваш потенцијалот на човештвото и ја земаш утопијата како репер за своите очекувања.
Многу си грешка за моето гледиште... не го потценувам потенцијалот на човештвото... меѓутоа поентата е да се научиш да пловиш во океанот, а не да сакаш да го пресушиш за да го изодиш...
Утопијата ја земам за репер на цивилизацијата, не онаа утопија на Мор, туку утопија како хармонија на човештвото, од причина што идеологиите на крајот од својот пат би требало да се стремат кон таа хармонија... впрочем тоа е и темата, Цивилизацијата и идеолошките матрици...

Јас само сакам да кажам дека утопијата или хармонијата во овој момент е невозможна, и зошто е тоа така, па колку тоа да го нуди некоја идеологија... и за тоа мораме да сме свесни... пошто барањето на таа утопија не носи во крвави разврски...

Луѓето како луѓе и не секогаш се свесни за своите маани, понекогаш се сочуствителни на своите сограѓани, сонародници, соседи, но понекогаш се себични и похотни... со еден збор непредвидливи .... Но секое човечко битие се стреми кон хармонија и тоа е водилка на секоја една идеологија и според тоа се генерира матрицата на таа идеологија...

Да бидеме свесни за поставеноста на цивилизацијата, значи да ни се прикаже рамката на нашето делување, како народ или како држава. Без да навлегувам во терминологија која може да ја однесе дискусијата во погрешен правец, мислам дека доволна ќе биде мислата на Гоце Делчев „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Бидејќи поделеноста е неизбежен дел од човештвото, бидејќи таа поделеност по нации, класи, раси, религии итн е нешто што во ниеден момент нема да престане да постои (според мене во хармонијата може да постои симбиоза на различноста, а не еднаквост). Ние тие атрибути мораме да ги прифатиме како такви.... Не за џабе го кажав Израелското општество, кое во иста рака дом на Либерали и Конзервативци, Религиозни и Атеисти, Опшстество кое практицира комунизам во кибуците и тежок капитализам и општество во кое народот живее во слога и покрај овие разлики....

Значи они нашле една точка на заедништво, што ги вклопува сите овие различности.... И тоа ги прави успешни.... За разлика од нив, ние сме поделени до коска во секоја сфера, па дури поделбата навлегува длабоко и во меѓуроднинските релации...
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Не за џабе го кажав Израелското општество, кое во иста рака дом на Либерали и Конзервативци, Религиозни и Атеисти, Опшстество кое практицира комунизам во кибуците и тежок капитализам и општество во кое народот живее во слога и покрај овие разлики....

Значи они нашле една точка на заедништво, што ги вклопува сите овие различности.... И тоа ги прави успешни.... За разлика од нив, ние сме поделени до коска во секоја сфера, па дури поделбата навлегува длабоко и во меѓуроднинските релации...
Ако ти е за утеха, Нетанјаху веќе го дели Израелското општество, така да Израел почнува да заликува на Македонија во тој поглед.

Значи доволно е еден владетел кој што ќе ги наруши правилата на игра и спиралата започнува.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Ако ти е за утеха, Нетанјаху веќе го дели Израелското општество, така да Израел почнува да заликува на Македонија во тој поглед.

Значи доволно е еден владетел кој што ќе ги наруши правилата на игра и спиралата започнува.
Тоа не значи дека не треба да се следат успешни примери.... Еврејското општество е бајаги поголемо од Биби и од Израелската држава, за да може внатрешно да се подјаде... Едноставно Биби си ја игра Макијавелистичката улога во моментот... На многумина внатре тоа не им се допаѓа, но ништо таму не е без прецизен план...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Тоа не значи дека не треба да се следат успешни примери.... Еврејското општество е бајаги поголемо од Биби и од Израелската држава, за да може внатрешно да се подјаде... Едноставно Биби си ја игра Макијавелистичката улога во моментот... На многумина внатре тоа не им се допаѓа, но ништо таму не е без прецизен план...
Тешко дека е прецизен план, некогаш работите одат сами од себе.

Инаку Евреите се само посветени на тоа што го работат, а тоа најчесто е барање на нов подобар бизнис.

Направи споредба спрема нашиве луѓе кои бараат само работно место каде што треба помалце да се посветат.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Тешко дека е прецизен план, некогаш работите одат сами од себе.

Инаку Евреите се само посветени на тоа што го работат, а тоа најчесто е барање на нов подобар бизнис.

Направи споредба спрема нашиве луѓе кои бараат само работно место каде што треба помалце да се посветат.
Тоа не е причина да не се учиме на туѓите грешки
Значи доволно е еден владетел кој што ќе ги наруши правилата на игра и спиралата започнува.
Ова е една од причините што демократијата не е добар начин на практицирање на власта...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Многу си грешка за моето гледиште... не го потценувам потенцијалот на човештвото... меѓутоа поентата е да се научиш да пловиш во океанот, а не да сакаш да го пресушиш за да го изодиш...
Утопијата ја земам за репер на цивилизацијата, не онаа утопија на Мор, туку утопија како хармонија на човештвото, од причина што идеологиите на крајот од својот пат би требало да се стремат кон таа хармонија... впрочем тоа е и темата, Цивилизацијата и идеолошките матрици...

Јас само сакам да кажам дека утопијата или хармонијата во овој момент е невозможна, и зошто е тоа така, па колку тоа да го нуди некоја идеологија... и за тоа мораме да сме свесни... пошто барањето на таа утопија не носи во крвави разврски...

Луѓето како луѓе и не секогаш се свесни за своите маани, понекогаш се сочуствителни на своите сограѓани, сонародници, соседи, но понекогаш се себични и похотни... со еден збор непредвидливи .... Но секое човечко битие се стреми кон хармонија и тоа е водилка на секоја една идеологија и според тоа се генерира матрицата на таа идеологија...

Да бидеме свесни за поставеноста на цивилизацијата, значи да ни се прикаже рамката на нашето делување, како народ или како држава. Без да навлегувам во терминологија која може да ја однесе дискусијата во погрешен правец, мислам дека доволна ќе биде мислата на Гоце Делчев „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Бидејќи поделеноста е неизбежен дел од човештвото, бидејќи таа поделеност по нации, класи, раси, религии итн е нешто што во ниеден момент нема да престане да постои (според мене во хармонијата може да постои симбиоза на различноста, а не еднаквост). Ние тие атрибути мораме да ги прифатиме како такви.... Не за џабе го кажав Израелското општество, кое во иста рака дом на Либерали и Конзервативци, Религиозни и Атеисти, Опшстество кое практицира комунизам во кибуците и тежок капитализам и општество во кое народот живее во слога и покрај овие разлики....

Значи они нашле една точка на заедништво, што ги вклопува сите овие различности.... И тоа ги прави успешни.... За разлика од нив, ние сме поделени до коска во секоја сфера, па дури поделбата навлегува длабоко и во меѓуроднинските релации...
Утопија и хармонија се различни категории. Утопијата е неостварлива од проста причина што погрешно претпоставува дека еден систем треба или мора да функционира без проблеми. Хармонијата од друга страна пак е систем каде е постигнат баланс помеѓу проблемите и потребите. И токму тој баланс е она што дава хармоничност.
Причината за неуспехот на комунизмот, фашизмот и сличните тоталитаристички системи е што погрешно поаѓаат од претпоставката дека утопијата е можна и уште по погрешно за нејзин репер земаат идеал што е нечија индивидуална субјективна слика издигната на ниво на совршенство. Тој идеал најчесто не ја отсликува реалноста, се стреми да ја уништи различноста и предизвикува незадоволство и страдање кај поединците што не се пронаоѓаат во него.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom