Море сите ги фалите Наинголан и Кеита, а го заборавате според мене најдобриот трансфер на Интер летово - Шиме Врсајко. Тенки бевме таму цела претходна сезона со Дамброзио, така да највеќе очекувам од Врсајко од новиве бар до сега.
Врсаљко бе Паланка, јеботе ВрсаЈко.

Луда работа се паланчани, миЈон место милион (миЉон на нашки), јубов место љубов, само Ј ставаат место љ.
Инаку совршен трансфер период верувам нема ниту една екипа, ама ние и да останеме на овој ростер воопшто не би му замерил на Аусилио. Не плативме многу за ниту еден играч а екипата е значително појачана. Ако го броиме и Кеита како наш играш тогаш од земените веројатно ќе имаме четворица нови стартери, Врсаљко, Азамоа, Раџа и еден од Политано/Кеита пошо искрено се надевам дека Кандрева или ќе си оди или нема терен да помириса. Од овие што ги набројав Врсаљко е земен на позајмица, Азамоа слободен играч, Политано и Кеита се позајмици и само Раџа е купен, а според мене тоа не е скапо затоа што се дадени Сантон, Заниоло и 20тина милиони што за играч од негов калибар е баш онака ниска цена. Ќе беше добро и Лука да го земеме али јебига, Перез не го дава, а и премногу ќе беше да изгубат двајца клучни играчи во едно лето.
Исто да не го заборавам и Де Фрај, дојде како слободен играч а е одлично појачување во одбраната.
Сметам дека сме доста посилни од лани и дека не смееме да си дозволиме некаква патња околу пласманот во ЛШ. За титула не знам, Јуве е прејак, али уз сплет на околности што да не.