По лева сообракајна лента насока Центар- нас. Лициче на крстосницата со ул. Никола Карев семафорите не работат. Застанувам и пропустам возила што се движат по булевар 3-та Македонска Бригада (крстосницата кај амбуланта Пролет ...)Навлегувам лево кон ул Никола Карев (кон Нова железничка станица) и во тој момент во десната страна ме удира кола се вртам 2 пати од ударот удирам во трето возило. Во записникот место вртење двапати полицаецот пишува се занесе и на моето прашање зошто не пишува дека колата двапати се заврте од ударот ми вели дека е тоа вообичаен термин. Возачот што ме удри во записникот тврди дека јасум го удрил, а кај мене оштетени се двете десни врати кровот десниот праг и задното десно крило. Се активира перничето.. Возилото што ме удри има оштетено преден браник, десен фар, предна хауба, предна украсна маска. За возилото што ме удри полицијата што го правеше увидот ми рече дека не е битно со која брзина се движело и што нема траги од кочење. Во предвид се зема правило на десна страна и може било лоша проценка но јас сум бил крив. Ваше мислење. Удрен сум во средина од возилото што јасно се гледа од фотографиите што ги имам и не ми е јасно како во средина на кола некој те удира од десна страна а тврди дека ти си го удрил. Зошто ме убедуваа дека за ситуацијата „се вртев двапати„ вообичаено е да се напише „се занел„. Јас го почитував правилото на десна страна затоа и пропуштив возила што доаѓаат од мојата страна но во мојот видик го немаше возилото кога вртев. Јас веке бев длабоко навлезен која го почуствува ударот. По ударот со брзина на светлоста возачот што ме удри се развртеа по телефони и пред да дојде увидната полиција без алко тест дојде возило и ги однесоа некаде. Наводно во болница каде е направен алко тест инаку возачот работи во здравство. Уште еден куриозитет времето во записникот 22 часот а сообракајката се случи околу 21 часот. Мојот мобилен беше празен. Ги молев тројцата полицајците што дојдоа веднаш по несреката да ми дадат мобилен да се јавам дома да дојде моето семејство и не сакаа да ми дадат да се јавам. Срека случајно помина жена која се смилува и ми позајми телефон да се јавам дома. Ве мола за совет.