Само за 2ри е преполн Охрид, не дека е нешто убав туку дека сите журки се тогаш нели, ај згора на тоа годинава сите инстаграм инфлуенсерки го запоседнаа Охрид, ми ја отекоа пајпата со тоа кај да јадиме што да правиме ти реков ми рече. Абе Охрид е сестро, максимум што можеш да правиш е да кисниш во кладилница, да поднесиш данок во ујп или да имаш брачед во урбанизам што ќе ти среди за легализација на парцела.
Ај не е важно, одам со мачето на кубанкине куба либре сабота, кејфот и беше голем да играла на латинска музика ова она, и ај си реков пошо периодот на гужва седам подалеку од Охрид, кај баба ми, ќе палам кола и одам да барам место накај стадион. Армин имаше настап вечерта, си реков ќе ризикувам ако треба кај паднатине борци ќе ја паркирам, ама одам, инает ме фати. Гужва, затка, дечурлана нема игла кај да се фрли, коли на сите страни, кога гледам на кружниот пред Билјанини, едно, едно факинг место за кола, доволно големо колку за мојата кола, ни сантиметар повеќе ни сантиметар помалку, требаше паралелно да се паркирам, пуштам 4 жмигавци на сред туристичка, и велам на мачето излегувај за овој момент возев цел живот, ќе ти ебам и паралелно и све, калап ми доаѓаше, собрав сили зедов воздух, без многу маневри, без пот, жглап, влегување од прва, и ајде мачето да частиш џими, па ќе частам шо ќе прам, дури поубо е чувството и од клецкање.