Полека полека се оформува составот. Гледав хајлајтс и сум позитивно многу изненаден од Пуиг, дефинитивно може да биде голем играч ако му се даде шанса. Тука ни е и Ален, мора да се искористат овие таленти, а не да лупаме милиони на Погба и слични играчи.
Исто Миранда, левото бекче е топ, 99% он ќе биде замената на Алба, а Кукурела можно е да оди и на позајмица. Од другиве, Рафиња одличен, Артур исто, Малком се познава дека има фудбал во дечкото, се снаоѓа добро и лево и десно, ќе ни биде супер засилување. Од Мунир и Пако, дефинитивно Мунир, многу полесно влага во шанси, имаше на утакмицата едно 3-4 и шутчиња од подалеку штета што не се искористија. За Пако, ако има добра понуда може и да се пушти, нема да изгубиме многу.
Одприлика тоа би било тоа.
П.С. Во ,,Спорт" пишува дека Валверде сака уште 2 засилувања. Според мене нема потреба, освен некој искусен напаѓач, корпулентен за без пари место Пако нешто налик Адуриз и тоа би било тоа.
И да, Рафиња никако продавање.