Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Официјално го собраа и овој, ај со здравје...

Вака-така добро поминаа периодов. Реално ние тоа топ засилување го имавме зимоска со Кутињо, не ни очекував летово да лупнат којзнае колку пари, ама јас би да тргнат по Видал ако стварно Ковач не смета на него за понатаму. Немаме пргав играч у екипава, онака на ниво на идиот, а плус и малку конкуренција нема да е лошо за Бускетс
Љуби вас мајка:love::love::love:
 
Љуби вас мајка:love::love::love:
Се убаво само што он не е замена за Бускетс, он е Паулињо стил на играч што знае да се уфарли многу добро од втор план, тоа што е пргав немора да значи дека е подефанзивен. :)
 
Се убаво само што он не е замена за Бускетс, он е Паулињо стил на играч што знае да се уфарли многу добро од втор план, тоа што е пргав немора да значи дека е подефанзивен. :)
Океј дека е понапаѓачки ориентиран од Бускетс, ама комотно може да игра ДМФ и сигурен сум дека повеќе за тоа е донесен (на страна шо со денешниов пазар, за ефтино го земаа). Ќе видиме кога ќе почне сезонава..
Другиве кога се враќаат на тренинзи се знае? Ќе бидат во игра за Суперкуп?
 
Видал има само една мана , или се повредува или добива црвен кога е најпотребен
 
Океј дека е понапаѓачки ориентиран од Бускетс, ама комотно може да игра ДМФ и сигурен сум дека повеќе за тоа е донесен (на страна шо со денешниов пазар, за ефтино го земаа). Ќе видиме кога ќе почне сезонава..
Другиве кога се враќаат на тренинзи се знае? Ќе бидат во игра за Суперкуп?
Истово го помислив, дека ќе има кој да го замени Бускетс кога нема да игра.

Меси, Пике, Бускетс, Алба тренираат веќе неколку дена, а денес и Дембеле почна со тренинг. Би требало сите да играат освен Ракитиќ и Умтити. Можеби и Кутињо нема да игра, не е вратен сеуште. Суарез исто не е вратен, но тие би требало да се вратат за брзо.
 
Ме искина со метафората..јас па будала очекував нормален одговор

Глуп си не за друго, не заслужуваш нормален одговор. Ој напрај уште еден акаунт ајде, води го паралелно со овој за да не те откријат толку лесно.
 
Ако стварно донесат уште еден играч од средината (што не ми се верува), тоа веројатно ќе значи дека Валверде ќе игра 4-3-3 со Кутињо на десно крило.
 
Ако стварно донесат уште еден играч од средината (што не ми се верува), тоа веројатно ќе значи дека Валверде ќе игра 4-3-3 со Кутињо на десно крило.

Не би требало лево крило да игра?
 
Глуп си не за друго, не заслужуваш нормален одговор. Ој напрај уште еден акаунт ајде, води го паралелно со овој за да не те откријат толку лесно.

Не знам зошто вреѓаш?..те навредив некаде?..зошто не заслужувам нормален одговор?..мене баш намерата ми беше да ме откријат според аватарот и начинот на пишување ама ти си толку плиток психички што неможиш тоа да го заприметиш.
 
Видал има 31 година и цел живот го мачи коленото.Бил понуден на Сити и Јунајтед и двете екипи одбиле...Не треба да очекуваме премногу од овој тоа е моето мислење.А мислам дека Малком ќе искине и најпаметен потег е тоа што го зедовме
 
Не читај жолта штампа. Нашиве дури докторот што го оперирал го контактирале за да се уверат дека се е во ред.
 
Освен лево крило или напаѓач не гледам што друго би купувале. И мора да е со ЕУ пасош... ќе спукаат уште некој сигурно онака се у еден ден.
Ја мислам некој од Инсиње, Мертенс, Марсијал, Ројс ... :D
Кутињо игра лево на 4-4-2
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom