R.I.P. Oliver Dragojević

  • Креатор на темата Креатор на темата Atomic™
  • Време на започнување Време на започнување
А баш сабајлево го зборевме со татко ми. :place:
 

RIP, мислам дека човекот се бореше со рак последнава година, еден од ретките пејачи од Екс Ју чија музика ми се допаѓала...
 
Еден од ретките кој остана доследен на изјавеното дека нема шанси да настапува во Србија, за што и повише го ценам, него дино мерлин кој тропаше глупости дека никогаш нема да стапне во Србија, а одржа 5-6 концерти после војната. Инаку еден од ретко најдобрите поп пејачи на просторите на еск-Ју. Почивај во мир легендо
 
Бог да го прости !!!

https://www.24.mk/pochina-oliver-dragojevikj

Почина Оливер Драгојевиќ

29.07.2018 | 11:08

204630.jpg


Познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ починал вчера на 71 годишна возраст, по една година борба со ракот на градите.

Веста ја објави „Слободна Далмација“, откако им била потврдена од семејството на Оливер.

Роден во Вела Лука на островот Корчула, Драгојевиќ растел како уличен музичар за туристите, по што завршил музичко училиште во Сплит. Првпат настапил во 1961 година, на Сплитскиот детски фестивал, по што го формира бендот Батали. Во 1970-ите настапувал низ цела Европа, а од средината на оваа декада датираат и неговите први хитови и соработката со композиторот Зденко Руњиќ, кој е автор на песните каок „Романца“ и „Опрости ми папе“.

Во текот на својата карирера Оливер Драгојевиќ објави преку 30 албуми, а настапувал и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол и сиднејската Опера.

https://kajgana.com/pochina-oliver-dragojevikj

Почина Оливер Драгојевиќ

29. јули 2018 - 9:22

Сплит, 29 јули 2018 (МИА) - Познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ починал вчера на 71 годишна возраст, по една година борба со ракот на градите.

img-404651.jpg


Веста ја објави „Слободна Далмација“, откако им била потврдена од семејството на Оливер.

Роден во Вела Лука на островот Корчула, Драгојевиќ растел како уличен музичар за туристите, по што завршил музичко училиште во Сплит. Првпат настапил во 1961 година, на Сплитскиот детски фестивал, по што го формира бендот Батали. Во 1970-ите настапувал низ цела Европа, а од средината на оваа декада датираат и неговите први хитови и соработката со композиторот Зденко Руњиќ, кој е автор на песните каок „Романца“ и „Опрости ми папе“.

Во текот на својата карирера Оливер Драгојевиќ објави преку 30 албуми, а настапувал и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол и сиднејската Опера.

Оливер Драгојевиќ
7 декември 1947 - 29 јули 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Последно уредено:


Svirajte noćas za moju dušu dok se ne razdani....

Почивај во мир Оливер.
 
Чао Скалинада и Малинконија...
------------
многу екс Ју пеачи отодоа оваа година на иста возраст.Мики,Кемал...
ама и некој генерали,пуковници и потпуковници,за жал на 93-95-98 год.
во што е тајната „Доживети стоту“, а ги има уште близу стотка.
 
Телеграма со сочувство од премиерот Заев за смртта на Оливер Драгојевиќ
Премиерот Зоран Заев до граѓаните на Хрватска упати телеграма со сочувство за смртта на легендарниот музички уметник Оливер Драгојевиќ.

Изразувајќи сочувство до Владата во Хрватска, Хрватската амбасада во Македонија и обожавателите ширум регионот и светот, Заев во телеграмата наведува дека загубата на Оливер Драгојевиќ е заедничка, но оти неговите музички дела се вечни.


– Загубата е голема и заедничка. Низа генерации растеа и живеejа со песните на великанот на хрватската музика, кој со својата големина ги освои срцата на милиони луѓе од поранешните југословенски простори, но и на Балканот и во светот. Оливер Драгојевиќ физички веќе не е меѓу нас, но безвременската музика и емоциите коишто му ги подаде на светот, е тоа што го направи обожуваниот музичар вечен, исто како и неговото дело. Нека почива во мир познатиот хрватски, регионален и светски музичар, Оливер Драгојевиќ, напиша Заев во телеграмата упатена до амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ.

Овај гест е многу невообичаен за шеф на влада да изразува сочуство на друга влада за смрт на пејач. Но во ред, добар гест.
 
Еден од ретките кој остана доследен на изјавеното дека нема шанси да настапува во Србија, за што и повише го ценам, него дино мерлин кој тропаше глупости дека никогаш нема да стапне во Србија, а одржа 5-6 концерти после војната. Инаку еден од ретко најдобрите поп пејачи на просторите на еск-Ју. Почивај во мир легендо
И у што е тука големината жити све? Музичари треба да се големи луѓе, над политики, над омрази...

Мене лично ми беше побааги антипатичен као лик и досаден као пејач, ама мислев да не коментирам....додека не го прочитав ова и го видов на вести сега пред малку. Сабајле гледав на истава телевизија како Васил Хаџиманов и Матија Дедич како беспрекорно соработуваат, прво како луѓе, па после како музичари.
Имал овој некој личен мотив тоа да не го праи или белградската публика не го есапела за жив? Што е причата?
 
Еден од ретките кој остана доследен на изјавеното дека нема шанси да настапува во Србија, за што и повише го ценам, него дино мерлин кој тропаше глупости дека никогаш нема да стапне во Србија, а одржа 5-6 концерти после војната. Инаку еден од ретко најдобрите поп пејачи на просторите на еск-Ју. Почивај во мир легендо
LoL, кој нормален ги споредува нив двајца.
Каков црн ДиноМерлин...Ме изнасмеја.
 
Тажен ден за хрватската музика.

Музичка легенда на балканските екс ју простори кој знаеше со песните да не растажи и да не развесели. Ретко ќе се роди некој како него, а неговите песни и како лик ќе се памти многу долго.

Пеач од старата екс ју гарда уметници кој имаше песни со најдобрите текстови што сум ги слушнал. Со еден збор песни ПОЕЗИЈА.

Мене ми беа први цд-а албуми од Оливер кој татко ми ги имаше купено од него и со кој практично се запознав со хрватската и екс ју музика од другите држави.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom