- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.417
- Поени од реакции
- 7.111
Утре почнува У20 ЕХФ шампионатот во Скопје. 11 репрезентации, само шампионот оди во елитата. Според тоа целта е едноставна - потребна е титула иако конкуренцијата и не е баш наивна. Сепак, со оглед на реномето, целите но и домашниот терен, се освен финале мислам би било неуспех, а пласман под 4то место катастрофа. За жал од притисокот нема да можат да избегаат младите ракометари.
Главен фаворит на првенството веројатно е Швајцарија, која со оваа генерација го освои 13тото место на ЕП за кадети во 2016та и како таква беше најјаката екипа која "испадна" еден ранг подолу. Останата конкуренција за првото место би требало да доаѓа од Белорусија, Украина и Италија. Интересно е дека од 5те главни фаворити (тука ја сметам и нашата репрезентација) дури 4 се во нашата група (сите освен Белорусија), така што освен првиот со Велика Британија, практично ќе треба да ги победиме сите конкуренти за да славиме на крајот. Евентуално од втор план може да се уфрлат Фарските острови и Финска (особено што има отворено место за полуфинале во другата група) но не верувам дека некој надвор од тие 5 екипи може да го освои шампоинатот.
Како и да е ова се младински натпреварувања. Се е можно.
Се на се, не знам што да очекувам од нашите. Од една страна има одредена длабочина во екипата и нема очигледна голема слабост, но од друга нема ни некој изразен лидер од повисока класа за кој би можеле да бидеме сигурни дека ќе може да повлече кога не оди. Ќе видиме, не сум преголем оптимист, но би требало да бидиме во конкуренција. Само не знам дали домашниот терен ќе ни биде доволен за да ја победиме пред се Швајцарија која е доста сериозна екипа.
П.С. Ист ваков шампионат се игра и во Црна Гора, а ЕП е во Словенија.