ајде и од мене мал придонес на темава
повеќето работи се пишани па само ке дополнам
бев сместен во Авлио апартментс, според мене е во најидеалната област во Лефкас. На минута од пешачката зона низ градот а е без галама тој дел, плус таа улица води накај плажите, шо значи нема многу вртење. За пречекот од газдите неам зборови, да не го тупам кој сака подетално нека пишува пп
До сега јас не сретнав некој на темава да пише дека со автобус од Лефкас и Нидри може на Милос и Катизма да се оди, многу битна ствар за оние без превоз, ке намалат денови на рента
Сите оние кои мразат искачување и слично за на Милос имате бродчиња кои ве носат и враќаат преку целиот ден, тргнуваат од Агиос Никитас и можеби тоа ке ви е најпаметната одлука што ке ја направите таму
Реално џабе се мрчеше тука за патиштата кога средени им се, планински предел е па нормално е да има мн кривини, кај Каламици е тесно ама затоа е регулирано со семафор па немате разминувања со коли освен ако некоја камиказа не се убута на црвено
Патот до Јалос е тип топ среден, нов асфалт, заштитни мрежи, само има прееемногу кривини и кога ке се земе у обзир дека плажата не е нишо посебно не вреди тој спуст до доле
Егремни е затворена за коли ама и за пешадија, наредната година ке била средена, преку железни скали ке се стигало до нејзе
лежалки по плаживе биквално на секоја имате, паркинзи исто ама ако немате пари за фрлање ке си паркирате покрај патот ко сите обични смртници
Еве дел од менито од барот Бливи на Порто Кацики цени да видите
За крстатење до островите у близина на Лефкада се врши герила маркетинг, у секое населено и ненаселено место, на плажа, у вода абе бетер од циганиве хакуна матата се
иначе имате три можности Македонија палас, Нидри стар и Ептисос. Сите се горе доле исти, 20е од човек и буквално истите места ги поминуваат
можете да си носите храна и пиење или да купите на брод али изгор е
Се трга од Нидри па се оди до Егремни али не е онаа правата плажа, се излегува на плажа тука едно саат време, за назад застанува на Порто Кацики али не се оди на копно, се плива кратко околу брод. Потоа следува досадниот дел, пловење накај Кефалонија, саат време за јадење, премалку е, додека се симнеш додека одбереш место отиде времето. Потоа се иде на Итаки на преубава плажа
Ппслем Итаки исто доооосаден пат до Меганиси, се навлегува у една пештера, и така се обиколуваат уште два три острови без застанување и пред крај уште на едно местозастанува за фрлање у море
најјако беше што капетанот вика застануваме 40мин на капење од кои 10 губиш у симнување а некои земале чадори местат на плажа
се на се нишо посебно, подобро со помалите бродчиња кои носат до Агиофили, Порто Кацики и Егремни да го изгубиш денот
Sent from my iPhone using Tapatalk