ATP тенис - општа дискусија

Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Нов слем, нов чоук на Зверев.
Ко на АО шо му се деси, 2-1 у сетови водеше, 5ти сет губи 6-0.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.037
Поени од реакции
106.829

Не знам што чека со ангажирање на нов тренер, вака само се срами и си ја уништува самодовербата. Лендл или Бекер, сеедно, двајцата ќе му донесат многу во однос на она што е сега.
 
Член од
13 јануари 2014
Мислења
410
Поени од реакции
259
[DOUBLEPOST=1530998834][/DOUBLE[DOUBLEPOST=1531001840][/DOUBLEPOST]

Катастрофална грешка на судијата
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Не знам што чека со ангажирање на нов тренер, вака само се срами и си ја уништува самодовербата. Лендл или Бекер, сеедно, двајцата ќе му донесат многу во однос на она што е сега.
Нека го зима Бекер.
Штета ваков талент да не се искористи, со оглед на тоа каква организација има Германија во спортов, особено во фудбал и тенис (милион академии имаат). Бекер главен тренер, и физио и цел тим, ко државен проект нека се заангажираат за дечково. Многукратен слем материјал, тапка у место веќе 2 години ради менталитет. Ајде балканец да беше ќе сфатев, ама Германија ваков пропуст ако напраи нека се утепаат. Сфаќам дека индивидуален спорт е, али ваков играч никад нема да добијат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.037
Поени од реакции
106.829
Нека го зима Бекер.
Штета ваков талент да не се искористи, со оглед на тоа каква организација има Германија во спортов, особено во фудбал и тенис (милион академии имаат). Бекер главен тренер, и физио и цел тим, ко државен проект нека се заангажираат за дечково. Многукратен слем материјал, тапка у место веќе 2 години ради менталитет. Ајде балканец да беше ќе сфатев, ама Германија ваков пропуст ако напраи нека се утепаат. Сфаќам дека индивидуален спорт е, али ваков играч никад нема да добијат.
Не е само ради менталитетот, шампионски менталитет има Саша, проблемот е во одредени финеси кои го коштаат многу на ГС турнирите. Првиот аспект е континуитетот, Саша многу потешко се носи на три добиени сета отколку на два, многу често му варира квалитетот на играта, де добар, де лош, де очаен, де прејак. Вториот аспект е форхендот, очајно го користи тој удар, многу слабо напаѓа кратки топки. Третиот и најбитен е сервисот, ликот дозволува некогаш по 2-3 пати да го изгуби сервисот во еден сет, нешто што е недопустливо за играч висок скоро два метра. Ја сум за да го земе Лендл, сите што биле сведоци на тренинзите на Мареј кажуваат дека со јазикот до земја заминувал од секој можен тренинг, впрочем затоа и освои три Слема и стана број 1.
 
Има шампионски менталитет, ама кога ќе се исклучи нема назад. Не може бе од 0-1 у сетови, доаѓаш у водство 2-1, и до крај на мечот земаш три гема?! Кога ќе почне да тоне, тоне до крај. А не е ниту физички проблемот, ниту ништо друго, освен психата. Истово му се деси на АО. На Рим со Рафа одлично играше, му заврна и гем не зема до крај... Константно истите работи му се дешаваат.
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.867
Каков срам се издеси кај новак и едмунд, и тоа у доста битен момент од четвртиот сет, две брејк шанси за новак, топчето паѓа 2 пати на половината на едминд по што овој го враќа и зема поен у ситуација кога топчето падна во аут ...
Судијава нит едното нит другото го гледа, новак се буни, па бара челенџ, му вика идиотов касно е не може ... : ))))
на крај го изгуби тој поен, али подоцна направи брејк и го доби мечот, момент кој можеше да биде и пресвртница али едмунд имаше сили само за еден сет асално да игра, после тоа падна, новак од друга страна подигна ниво на игра и до крај си тераше во исто темпо али многу пати знаеле вакви ситуација матер да му ебат, мада ова веќе беше преседан што е срам за едно вакво натпреварување.
 
И си заборавил да спомнеш дека Едмунд у мрежа улета. Три причини имаше да му го одземат поенот.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Каков срам се издеси кај новак и едмунд, и тоа у доста битен момент од четвртиот сет, две брејк шанси за новак, топчето паѓа 2 пати на половината на едминд по што овој го враќа и зема поен у ситуација кога топчето падна во аут ...
Судијава нит едното нит другото го гледа, новак се буни, па бара челенџ, му вика идиотов касно е не може ... : ))))
на крај го изгуби тој поен, али подоцна направи брејк и го доби мечот, момент кој можеше да биде и пресвртница али едмунд имаше сили само за еден сет асално да игра, после тоа падна, новак од друга страна подигна ниво на игра и до крај си тераше во исто темпо али многу пати знаеле вакви ситуација матер да му ебат, мада ова веќе беше преседан што е срам за едно вакво натпреварување.
Што те чуди, тие Британците се луди. Не знам кој судија беше во прашање, но општо организраторите не ги перцепираат многу Новак и Рафа. Нешто му одат по кејф на Федерер, ликот нема играно надвор од централен терен 15 години колку и да има конкуренција во дневниот програм за мечеви кои попрво би заслужиле да се најдат на централен терен.
Дополнително на тежина добива тоа што се играат само по 3 мечеви дневно на централниот терен и секогаш има место за Федерер, а Новак играше на селски терен против Зебаљос, мангупот Зверев кој не може да мрдне на грен слемовите, лабаво истиот ден беше распределен на Court No.1.
Некој ќе каже, па кај сакате да игра кога 8 пати го има освоено турнирот, бла бла бла, Надал го освои Ролан Гарос 11 пати, па секоја година барем 2 пати игра на Сузан Ленглен.
И не е ова моја критика, туку многу тенисери имаат критикувано за протекциите кои ги добива Роџер, посебно тука на Вимблдон, а за воља на вистината и во Мелбурн играше само во вечерен термин, греота е човекот, да не се мачи.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.233
Поени од реакции
4.409
Федерер 1.8 за да освои , Ѓоковиќ/Надал/Дел Потро 6/7/8.
Па не може да е толку фаворит
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Федерер 1.8 за да освои , Ѓоковиќ/Надал/Дел Потро 6/7/8.
Па не може да е толку фаворит
Може. Неговата половина е тешка боранија. Најголема опасност му се Иснер или Раонич во евентуално полуфинале, значи само на еден од овие двајца може да налета бидејќи и двајцата се во иста четвртина. Од друга страна сите други се на долната половина и меѓусебно ќе се јадат, а и фактот што стариот не се соочи со ниту една брејк топка во првата недела на слемот.
Пред почеток на турнирот и пред да биде излезен жребот, имаше квота околу 2.75 за освојување.
Рафа пред излегување на жреб на Ролан Гарос имаше квота 1.40 за освојување на турнирот. :pos:
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.867
Можеби е пишано на темава ама ме мрзи да проверувам, во случај да не е, на ус опен ќе се воведе мерење на време ко во кошарката за нападите, и ова ќе се однесува за сервисите. Не се консултирани тенисерите за ова, малце дебилно и глупо, но тоа е.
Новак и Рафа најмногу ќе бидат изиритирани од ова.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Ич не е дебилно ни глупо, ќе го гледам Новак како го тапка топчето пола минута или Надал како го чеша газот 20 секунди. Одлично е што им текнало да го воведат ова.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Ич не е дебилно ни глупо, ќе го гледам Новак како го тапка топчето пола минута или Надал како го чеша газот 20 секунди. Одлично е што им текнало да го воведат ова.
И што ти мислиш дека е правилно после 20тина 30тина удари и тоа не колку да се пребаци него снажни удари,ко што имаше вчера меѓу Ноле и Надал да мора одма по завршување на поенот за 30 секунди да отсервира? Па да му ебам мајката бе луѓе се без воздух остануваат во размените целата сила ја даваат и да ги ограничи некој 30 секунди одма да отсервира без сила без ништо.Ајде остај тоа,ама коа ќе почне да титка 5,4,3,2,1 ќе видиш колку тенисери ќе бидат под притисок што побрзо да отсервираат,немаат сите брзо изведување на сервис,ќе видиш колку повеќе сервис грешки ќе има со самото титкање на времето и правењето притисок на играчот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom