Каменос: Договорот од Преспа нема никогаш да се имплементира
Ципрас прима честитки од НАТО сојузниците за решениот спор со името, Каменос се заканува дека членството во алијансата за Македонија е невозможна мисија.
СподелиСподели
Грчкиот двоец на Самитот во Брисел со целосно поделени ставови. Министерот за одбрана Каменос порача дека Преспанскиот договор нема да се имплементира, зашто како што оцени, нема шанса да биде ратификуван во грчкото Собрание, ниту да го преживеел македонскиот референум. Тој во срцето на НАТО и се обрати и на македонската влада.
-Можат да собираат покани и да се сликаат, но во НАТО нема шанси да влезат се додека го користат терминот Македонија, изјавил Каменос пред грчките новинари во Брисел, како што пренесе новинската агенција АНА-МПА и потенцирал дека нема да излезе од Владата на Ципрас, се додека скопското прашање не дојде во грчкиот Парламент.
Ден откако лидерот на опозицијата Мицотакис ги обвини Ципрас и Каменос дека со Договорот од Преспа прво признале македонски јазик и националност, а вчера ја отвориле вратата за членство во алијансата на земјава, денеска се огласи и одговорниот за надворешна политика во Нова Демократија.
-Поканата за Скопје од страна на земјите-членки на НАТО е неотповиклива. Поканата значи отпочнување низа технички и процедурални постапки, кои доведуваат и до конкретни резултати, изјави Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика на Нова Демократија
Освен покана за членство, Грција втор ден ја бранува и дипломатскиот скандал со протерувањето на руските дипломати од Атина, наводно и поради обид да го поткопаат Договорот за името.
-Имаме недостиг на информации, кои засега доаѓаат само од дипломатски извори. Како и да е тоа е сериозен удар за грчко-руските односи. Ние ќе излеземе со став кога ќе имаме официјална информација, вели Кумуцакос.
Агенцијата Ројтерс денеска објави дека двајцата протерани руски дипломати биле ангажирани и во организирањето на протестите против Договорот за името во Грција. Москва експресно возврати со иста мера и протера двајца грчки дипломати од Русија.
Убо кажува човекот може само да се сликаме со поканата. Кој идиот треба да си да подпишеш договор во кој што одкако ќе се самоубиеш ќе ти кажат деака бадиела си се самоубијал.