Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
10.679
Поени од реакции
11.906
Dobro be na kogo teras inat so celive tekstovi, zasto maltretiras vaka .
Staven e istiot tekst pogore, ok e.
Па може некој ден да го снема веб сајтот на кој е објавен текстот, вака ќе си биде сигурен на форумските сервери.

Без поплаки, земи читај и информирај се.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.094
Поени од реакции
81.045
Малку минирање на договорот од страна на Русија. Малку, не многу.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Мислам дека многу се очекува од јавноста од членството во НАТО и ЕУ. Таква атмосфера се создаде од независноста наваму што целата енергија е насочена кон овие две вештачки организации. Се креира погрешен впречаток во јавноста дека нашето опстанување е директно поврзано со членството во овие две структури. НЕ! Нашиот опстанок е исклучиво поврзан со решавањето на внатрешните суштински прашања, врз кои и ЕУ и НАТО имаат мал, скоро никаков импакт. Нивната улога е сведена исклучиво на мониторирање на состојбите. Ние со нашето членство единствено што правиме е приклонување кон нивните политики, пред се од надворешен карактер. Ова важи посебно за НАТО сојузот.

НАТО не поседува ама баш никаква трансформирачка моќ внатре во општеството. Тоа е воен сојуз чие примарно делување е надворешно. Експанзионата политика на НАТО сојузот ги претвора новите членки во вазали, потенцијална мета во услови на глобален конфликт. Правото на неутралност по автоматизам се губи. Секое стапување во војна на НАТО сојузот значи дека по дифолт и ние ќе бидеме во војна а со тоа и легитимна мета. НАТО е инструмент на нејзините најмоќни членки за практицирање на нова форма на модерен колонијализам под друг термин.

ЕУ од друга страна, нејзината трансформирачка моќ врз нејзините членки е ограничена од проста причина што националниот карактер на државите внатре во Унијата е задржан. Секој обид за менување на овој факт доведува до отпор и јакнење на десно ориентираните партии во државите членки. Пример за тоа ви се Унгарија, Австрија, Италија...Велика Британија баш од овие причини ја напушти унијата. ЕУ е слаб сојуз кој што не поседува скоро никакви инструменти за трансформација на општествата на неговоите земји членки кон подобро. Внатре во нив повторно се води своеволна политика, царува корупцијата...

Ние сме стенкнале погрешен впечаток дека ЕУ ги направила Западните членки богати. Австрија на пример кога влезе во Унијата, некаде 90тите, веќе беше развиена и богата земја, со и без ЕУ. Друг фактор кој што треба да се земе предвид е дека ЕУ моментално е бледа сенка на она што беше пред последното големо проширување во 2004. Реално, од оваа дистанца гледано, моментално Унијата стои на климави нозе. Истото е и со цела Европа, целиот континент.

Така да ако некој мисли дека членството во ЕУ ќе не трансформира во модерна и развиена земја преку ноќ, тој човек живее во заблуда.
Ако нашето членство таму беше исклучиво условено од нашите реформски капацитети, а не од менувањето на името и индентитетот, членството во ЕУ ќе се исплатеше за нас. Меѓутоа под овие услови цената која што ја плаќаме и она што МОЖЕБИ ќе го добиеме не коресподира.
 
К

Климатизација

Гостин

Исто така, факт е дека членството во НАТО на Македонија не и менува многу поради 2 причини:
1. НАТО не не’ заштитува во случај на внатрешни немири;
2. НАТО не не’ заштитува од војна меѓу нас и некоја друга негова членка (со кои сме опколени).
Во нашиот случај, НАТО би не’ штитела само од Србија, која и самата е на некој начин зависна економски од европската заедница и ниту има причина ниту волја да не’ нападне. Другите закани (албанското малцинство, соседите наши кои во случај на војна ќе не прегазат како мравки) остануваат. Затоа, чуму влез во НАТО?

А за ЕУ, точно е дека постојат голем број на фондови за развој на сиромашните земји кандидати/членки, дел од кои и моментално ги користиме, но сепак на крајот на краиштата до нас е како тие фондови ќе ги искористиме. Хрватска на ниво на развој и висина на примања е пред и Романија и Бугарија, иако влезе 7 години подоцна. Се’ се сведува на народот кој живее во земјата.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.856
Малку минирање на договорот од страна на Русија. Малку, не многу.
Гледај го малку низ поинaква призма, настапот на грците со максималистички барања кон нас во целост одеше во прилог на агендата МКД да не влезе во НАТО, покрај традиционалните одлични односи на грците со русите, сега катализатор е промената на администрацијата во САД(која има нешто поинаков однос кон РФ од претходната) а каде исклучително е влијателна грчката дијаспора .

Кога требаше да се брои демек кој со кого е, грците на кренаа рака, сега кога договорот од Преспа виси буквално во воздух, тие ги „влошуваат“ односите со РФ преку протерување дипломати токму поради разузнавачки активности околу дотичниот договор.
Веднаш по потпишувањето на договорот со нас, Коиѕијас имаше официјална посета на Москва, колкава е коинциденцијата тука не знам, може само да се шпекулира. Грчката дипломатија е една од највлијателните во Европа, играат игри кои се мислена именка за нас.

Во 2008 околу самитот во Букурешт грците имаа алоцирано енормни средства за воени набавки, тогаш двете најголеми набавки беа со САД и РФ, потоа следеше Франција и Германија. Исклучок беше што САД им донираше употребувана воена опрема, но условот беше да ја репарираат во САД пред да ја подигнат ако добро се сеќавам ;)
Во секој случај Грција и Турција се земји НАТО членки со огромен дел на руска воена опрема и вооружување во својот инвентар т.е арсенал.

Ако некој од нашите соседи е компетентен да ни го напика за век и векови, дефинтивно тоа се грците, настрана шо нивното разузнавање е ептен влијателно и активно а сето тоа е под радарот на јавноста :icon_lol:
Како пред еден век, третина село врховисти, третина србомани и третина гркомани. Кој вели дека е Македонец тепан од сите страни :tapp:
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Maкедонците имаат огромна и неверојатна љубов кон НАТО пактот, да се потсетиме пролетта 1999 год. кога НАТО почнаа воздушни напади врз тогашна Сојузна Република Југославија (Србија и Црна Гора) а се со цел отцепување на Косово (15%) од територијата на Србија, голем дел Македонци ја нападнаа и запалија тогашната Американска амбасада во Скопје и сето тоа го сторија од љубов, исто така стотици Македонци кои стоеја покрај автопатите ги каменуваа конвоите од воени камиони, џипови, тенкови и транспортери на НАТО окупационите сили кои се движеа накај Косово, а имаше и напади и тепање на НАТО војници по некои кафани ширум земјава ... сето тоа нашите граѓани го правеа од преголема љубов кон НАТО, да бидеме реални и денеска ситуацијата не е многу променета од тогаш !
Реално гледано просечниот Македонец нема некоја љубов ниту кон Русија, ниту пак кон НАТО, а ниту пак Русија некогаш имала или има некоја љубов кон нас, а истото важи и за НАТО !
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Исто така, факт е дека членството во НАТО на Македонија не и менува многу поради 2 причини:
1. НАТО не не’ заштитува во случај на внатрешни немири;
2. НАТО не не’ заштитува од војна меѓу нас и некоја друга негова членка (со кои сме опколени).
Во нашиот случај, НАТО би не’ штитела само од Србија, која и самата е на некој начин зависна економски од европската заедница и ниту има причина ниту волја да не’ нападне. Другите закани (албанското малцинство, соседите наши кои во случај на војна ќе не прегазат како мравки) остануваат. Затоа, чуму влез во НАТО?

А за ЕУ, точно е дека постојат голем број на фондови за развој на сиромашните земји кандидати/членки, дел од кои и моментално ги користиме, но сепак на крајот на краиштата до нас е како тие фондови ќе ги искористиме. Хрватска на ниво на развој и висина на примања е пред и Романија и Бугарија, иако влезе 7 години подоцна. Се’ се сведува на народот кој живее во земјата.
НАТО земјите може да се тепат меѓу себе?
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.361
Поени од реакции
37.224
https://republika.mk/936941
Жителите на Ново Село затворени во домовите поради престрелка меѓу две криминални групи.

Тревогата е вклучена и кај бугарската полиција, којашто ја зголемила борбената готовност на својата погранична единица. Паника од мафијашките пресметки има и од двете страни на границата. Локалното население информира дека најверојатно станува збор за криминални групи кои се занимаваат со прекуграничен шверц на цигари.

Неофицијално, вечерва бил уапсен градоначалникот Боро Стојчев на Камен 29, фатен со два џипа полни со цигари.

----------------------------------------------------------------------------------------------------------
FYROM
Ало Мијалков за овие е класа над класите. Овие уште мислат 90тите се, градоначалник шверца цигари преку граница, се пука со џандари сите ќутат не смеат да кажат ништо.

ХК ПУ.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.192
Поени од реакции
8.394
Па може некој ден да го снема веб сајтот на кој е објавен текстот, вака ќе си биде сигурен на форумските сервери.

Без поплаки, земи читај и информирај се.
Се согласувам. Може некој ден, да речеме, во 2027 год. ќе се присетам да му се навратам на текстов и да го препрочитам.
 
К

Климатизација

Гостин
НАТО земјите може да се тепат меѓу себе?
Да. И се случило во 1974 на Кипар, кога се судриле армиите на Турција и на Грција. Договорот со кој се поделил островот на две (фактички северниот дел на Кипар се отцепува) е маскиран како компромис за да се прикрие распад на системот на „слога“ помеѓу сите земји-членки.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Да. И се случило во 1974 на Кипар, кога се судриле армиите на Турција и на Грција. Договорот со кој се поделил островот на две (фактички северниот дел на Кипар се отцепува) е маскиран како компромис за да се прикрие распад на системот на „слога“ помеѓу сите земји-членки.
А од кога е Кипар членка на НАТО?
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Да не заборавиме и нешто друго. Македонија со своите сегашни 100.000.000 евра воен буџет во овој момент би била на дното на табелата подолу. Сите земји членки на НАТО се обврзани да ја достигнат квотата за воен буџет 2% од својот БДП до 2024. Нашиот е само 0,9% од БДП. Под претпоставка дека Северна Македонија би станала полноправна членка на НАТО во 2019, ќе мора да го зголеми својот буџет повеќе од двојно за само 5 години. И тоа под претпоставка да продолжи да расте БДП со стапка од 0,1% колку што порасна првиот квартал годинава.

1531320848220.png
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.094
Поени од реакции
81.045
На Заев му требаат македонските гласови во очи на референдумот. Муслиманиве што го убија момчево ќе го јадат. Барем мене така ми личи:
- Некој им има кажано на овој командант Валтери и на ДУИ да изјават тоа што изјавиле, никако не е тоа затоа што они се демек многу океј.
- Обвинетиве имаат само адвокат по службена должност и се бранат со молчење, а се збори и за постоење на снимка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom