Мислам дека и ова НАТО е некако преценето, му се припишуваат некакви моќи кои се вон негов домен. На пример драстично подобрување на економската слика во државата. Неспорно, капиталот бара сигурност, тоа е факт. Но еве пример Албанија од кога стана членка на НАТО некако не беше преплавена со странски инвеститори и не доживеа економски бум, како што некој овде се обидува да ги прикаже придобивките од членството во оваа организација. Што значи освен сигурноста тука има и некои други работи кои што не се во ингеренција на НАТО, како што се: добри закони, владеење на правото, добра јавна администрација, низок степен на корупција, добар образовен систем...кои што пак се исто толку важни за инвеститорите колку што е важна и безбедноста.