Читав вчера постари мислења на форумов... Гледам кога растеа стб, тнб, пкб, ппив... и слични х3, х4, х5 сте биле паметни инвеститори кои се разбираат од берза, експерти за читање финансиски извештаи.
Сега кога кбм расте, и тоа само 10% има пазарна повеќе од бук (гореспоменатите банки имаат и до 30%) одма прогнозирате крах, меур било, црни сценарија, пирамиди... Не другари очи ќе ви извадеа билансите и бројките со години навака. Добивката на кбм беше помала само заради големите резервации, и прашање на време беше кога тоа ќе почне да се ослободува и да се ефектуира на нето добивката. Дури и да не ослободува, само да престане трендот на зголемување на резервациите, добивката ќе биде во најмала рака како на останатите две банки. Имате биланс на успех за 2017ма тргнете ги двете исправки и ќе добиете бројка од 55 МИЛИОНИ ЕВРА. Тоа е страшно голем потенцијал, доколку нема големи економски шокови, КБМ ќе си гази во наредните години.