Дискус-хернија(искуства и совети)

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Која ти е дијагнозата?
Пливај и сончај се и апчиња против болка не лекекуваат дискус хернија.
Дијагнозата е Лумбаго Ишијалгија Л4-л5 и Л5-С1

Проблемот е што до сега воопшто редовно не земав терапија, мислев дека од физикална и масажи ќе ми помине. Но, изгледа не било така лесно.

Еве утре имам закажано консултација во 8ми септември, таму имале некој метод со ПРП, па ќе видиме што ќе кажат.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62

Da kazis sto ti rekoja za metodata. I mene me zanima za PRP
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511

Јас ја имам истата дијагноза, прво се заебавав со доктори, ми забранија да тренирам, ми забранија да дигнам се потешко од пенкало и почнам сам да истражувам.
Кај мене имам сколиоза во долниот дел на рбетот уште од мали нозе, поради тоа глутеусот ми беше прилично ослабнат, а затегнати мускулите на кичмата и мускулите на задната ложа на ногата, па со мало невнимание ја направив повредата. Првично се зафатив со корекција на искривувањето на рбетот, зајакнување на глутеусот и ги форсирам повеќе стомачните мускули, симнав некое кило веќе не форсирам во теретана да имам голема мускулна маса и внимавам вежбите што ја вклучуваат кичмата да ги правам перфектно стабилизиран и со совршена изолација. Во моментов ми е многу подобрена ситуацијата, веќе не ми се блокира цела нога при одење дури почнав пак и да трчам до кај 5 км без замор во колкот и без проблем.

Дополнително истегнување на вратило со прстите допрени на земја и целосна контракција во мускулите на нозете и стомакот исто ми помага да ја оправам кичмата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
На пливање ако одите само грбно и слободно ама што повеќе грбно, никако градно и/или пеперутка.
Толку начини на одење не знам, а не на пливање :D
Слаб сум во тој спорт, јас сум самоук и знам машки градно и кучешки да не се удавам :) За жал израснав во град каде што немаше покриен базен, а не лето слабо имав време и единствено можност да поднаучам да пливам беа деновите кога сум одел на одмор, пробав демек да учам правилно пред 4 години на Олимписки али немав време и скапичко ми доаѓаше и тоа и теретаната, па го баталив.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Толку начини на одење не знам, а не на пливање :D
Слаб сум во тој спорт, јас сум самоук и знам машки градно и кучешки да не се удавам :) За жал израснав во град каде што немаше покриен базен, а не лето слабо имав време и единствено можност да поднаучам да пливам беа деновите кога сум одел на одмор, пробав демек да учам правилно пред 4 години на Олимписки али немав време и скапичко ми доаѓаше и тоа и теретаната, па го баталив.
Че ( прилепско че) ти пратам утре туторијали по ПП, не ти треба тренер :)
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Da kazis sto ti rekoja za metodata. I mene me zanima za PRP
Ми го погледна детално магнетот и ми рече дека уште е рано за примена на таква метода. Да продолжам со лекување со вежби, масажи и терапија уште 2-3 месеци и потоа ако болката сеуште постои да направат нов магнет и да се договориме дали ќе одиме со тој метод.

Но, генерално заклучокот на докторот (радиолог) беше дека и тоа е привремено, а не трајно решение. Иначе човек е експерт за таа област кој постојано се едуцира за ова и според моите анализи е еден од подобрите во јавново здравство т.д. топло ви препорачувам да се консултирате со него.

Јас ја имам истата дијагноза, прво се заебавав со доктори, ми забранија да тренирам, ми забранија да дигнам се потешко од пенкало и почнам сам да истражувам.
Кај мене имам сколиоза во долниот дел на рбетот уште од мали нозе, поради тоа глутеусот ми беше прилично ослабнат, а затегнати мускулите на кичмата и мускулите на задната ложа на ногата, па со мало невнимание ја направив повредата. Првично се зафатив со корекција на искривувањето на рбетот, зајакнување на глутеусот и ги форсирам повеќе стомачните мускули, симнав некое кило веќе не форсирам во теретана да имам голема мускулна маса и внимавам вежбите што ја вклучуваат кичмата да ги правам перфектно стабилизиран и со совршена изолација. Во моментов ми е многу подобрена ситуацијата, веќе не ми се блокира цела нога при одење дури почнав пак и да трчам до кај 5 км без замор во колкот и без проблем.

Дополнително истегнување на вратило со прстите допрени на земја и целосна контракција во мускулите на нозете и стомакот исто ми помага да ја оправам кичмата.
Мене, па напротив докторот од Систина ми рече слободно терај си со вежбите и пиј апчиња против болки и ќе се повлече. Јас го сфатив здраво за готово и таман што се опоравив после терапијата, пак ми се појави. Што мислам дека е моја грешка.

Сега и јас ваљда ќе го терам твојов пат со самолекување и самопомош.

Тоа што е интересно кај мене е што до пред 5-6 години имав 135 кг и немав никакви проблеми со кичмата, сега имам 85 и сега се јавуваат проблемиве - што значи дека килажата не е фактор.

Но, дополнителни фактори кои што претпоставувам дека влијаат се лошо седење, лошо спиење и сл.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Ми го погледна детално магнетот и ми рече дека уште е рано за примена на таква метода. Да продолжам со лекување со вежби, масажи и терапија уште 2-3 месеци и потоа ако болката сеуште постои да направат нов магнет и да се договориме дали ќе одиме со тој метод.

Но, генерално заклучокот на докторот (радиолог) беше дека и тоа е привремено, а не трајно решение. Иначе човек е експерт за таа област кој постојано се едуцира за ова и според моите анализи е еден од подобрите во јавново здравство т.д. топло ви препорачувам да се консултирате со него.

Мене, па напротив докторот од Систина ми рече слободно терај си со вежбите и пиј апчиња против болки и ќе се повлече. Јас го сфатив здраво за готово и таман што се опоравив после терапијата, пак ми се појави. Што мислам дека е моја грешка.

Сега и јас ваљда ќе го терам твојов пат со самолекување и самопомош.

Тоа што е интересно кај мене е што до пред 5-6 години имав 135 кг и немав никакви проблеми со кичмата, сега имам 85 и сега се јавуваат проблемиве - што значи дека килажата не е фактор.

Но, дополнителни фактори кои што претпоставувам дека влијаат се лошо седење, лошо спиење и сл.
Не мора да значи, доколку си намалил екстремно брзо може да направиш искривување или некаква повреда на грбот, особено ако само си паднал на килажа и си ги изгубил многу мускулна маса.
Апчиња против болка не лекуваат, тие ти се само начин да ја прикриеш болката за да можеш да функционираш. Лично јас не ги практикувам, само доколку паднам да не можам да мрднам барам апче против болка
Пробај со вежби, земи си појас со фишбајни или со шипки, го има во славеј и медикус хелп и не ти е скап, а помага да ја држиш исправена половината цело време и носи го преку цел ден.
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
1.404
Поени од реакции
3.314
Најлошо нешто е појас, се користи само и само при физичка работа или некоја тешка активност, краткотрајно. Ако твоите мускули грбни и кичма се навикнат на потпората од појасот, при првиот момент кога ке го извадиш можеш да се сјебеш многу јако, затоа што твоите мускули ке бидат ослабнати значително.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
859
Поени од реакции
435
Дијагнозата е Лумбаго Ишијалгија Л4-л5 и Л5-С1

Проблемот е што до сега воопшто редовно не земав терапија, мислев дека од физикална и масажи ќе ми помине. Но, изгледа не било така лесно.

Еве утре имам закажано консултација во 8ми септември, таму имале некој метод со ПРП, па ќе видиме што ќе кажат.
Можно е да имаш спина бифида occulta на тие пршлени Л4-л5 и Л5-С1
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.749
Поени од реакции
23.028
A oti ne probate so spinalna dekompresija. Ima epten lesni vezbi na youtube za koi i ne treba nekoja posebna sprema, uslovi ili spravi i koi mozite da gi pravite bukvalno sekade. Ima i malce poslozeni kade se vkluceni i spravi ama toa veke ako vidite podobruvanje od vezbite. Jas licno koristam edna samodelska sprava ( mozi i da se kupi ama realno i ne nesto posebna za pravenje) i taka na nekolku dena po dve tri minuti vezbam ako mozi toa da se nareci vezbanje. Poveke e na kaj visenje onaka bezveze dve tri minuti i toa e vo globala toa.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Најлошо нешто е појас, се користи само и само при физичка работа или некоја тешка активност, краткотрајно. Ако твоите мускули грбни и кичма се навикнат на потпората од појасот, при првиот момент кога ке го извадиш можеш да се сјебеш многу јако, затоа што твоите мускули ке бидат ослабнати значително.
Затоа му викам паралелно да вежба, појасот е само алатка што ќе му помогне да го среди држењето на кичмата.
 
Член од
22 септември 2017
Мислења
14
Поени од реакции
15
Лозанче е неврохирург, немаш потреба од него ако хернијата не е од висок степен и неизбежна ти е операција. Оди кај физијатар подобро, ќе ти каже што треба да правиш. Јас го препорачувам д-р Зоран од Промедика. Мене многу ми помогна.

Ќе има денови кога ќе имаш болка,а ќе има и кога ќе заборавиш дека си имал дискус хернија. Пешачи повеќе, избегнувај долго седење, пливај и прави редовно вежби за затегнување на грбот и истегнувања (ова кога ќе се ослободиш од болката).

Здраво и од мене.
Се изначитав доста искуства. Секој со својот проблем :)

На кратко мојот е следниот:

Се повредив при вежбање - пред три месеци. По неколку дена завршиш на ургентен во Систина, докторката ме испаничи дека сум пред операција. Утрето отидов кај д-р Лозанче во Систина и ми рече супер си - немаш гајле, пиј апчиња за смирување на болка и дојди за еден месец на контрола.

Во меѓувреме правев терапии во Козле, малку ми олесна, но краткорочно.

Мислев дека сум го решил проблемот отидов да се качувам на Водно и болките пак се вратија.

Повторно отидов кај Лозанче, ми рече немаш гајле - супер си. Пливај и сончај се (ова ми е чудно и го имам во официјален документ) и ќе ти се повлече болката.

Во меѓувреме болката сеуште ја има, а се зголемува кога подолго време сум во кола.

Некој совет/решение за мојов проблем?
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Ајде една консултација: периодов бев на една масажа, почнав редовно да земам терапија (неуробион + магнезиум секоја вечер) и болката речиси целосно исчезна. Но, она што ме мачи е постојано во пределот на кичмата и во десната нога осеќам висока температура, од што е тоа? и на што е резултат? Има некој искуство со ова?
 
Член од
28 ноември 2012
Мислења
91
Поени од реакции
46
Здраво на сите и јас се соочив со овој проблем дискус хернија точно 1 Јуни така ми почна летото мене работам и живеам на Малта како електричар немам толку тешка физичка работа, првите 4 дена имав страшни болки пиев волтарен кој ми беше препишан од докторот од мојата фирма со што он заклучи дека е ишијас нерв ( Sciatica nerve ) и дојди до заклучок дека со 10 15 дена одмор ке се смири. После четвртата ден болкитр се намалија и пошнав да се движам но сепак повекето од времето одмарав и примав терапија после 5 дена со минимални болки се свиткав како подјаден ѓеврек рацете ги влечев по земјата бев во клиника ме буцнаа и исто пак да одмарам когс наредниот де веке не ја чуствував десната нога немав сила ме буцаа уште што не акоксија волтарен кетонал и незнам уште што на 16 јуни а напуштив Малта со тоа што бев префрлен во клиника со брза помош чаршави и перници кинев од болка, ги замолив да ми направат некој коктел од инекции кој што ке се смири болката и затоа што летав за Мк со надеш дека ке наидам на подобро иако овие во Малта ми закажаа магнетна за после 8 месеци. Кога стигнав дома со ум на сите што ги слушав и читав на тука на форумот бев кај Туран и уште каде не состојбата се вчоши скос немпшев да стапнам на ногс од болка. Направив магнетна проватно и специјалистот ми рече дека сум 100% критичен случај ми препорача операција одма но не се нафатив ми рече ако престанеш да мокриш операција мора да се направи во рок од 24 часа. Бев во скопје седев во стан на братучедка читав и читав на форумот и барав ќаре вечерта одлучив да одам кај Др. Свето се јавив и ми закажаа преглед утредента кога Др. Симона сестра на Др. Свето ја виде снимката ми рече дека се би направила да ме врати вп нормала затоа што е критичен случајот дури се мислеше дали да ме почне со терапија. Терапијата почна веднаш која траеше 9 дена првите 5 дена примав секое утро и секоја врчер тромадол 10мг и не се секавам на другата но сепак се случуваше да не спијам по 15 саати од болка после 6 ден болките почнаа да се намалуваат и со апчиња затоа што пред тоа пиев цела рака и немаше никаков ефект. Денес 6 јули ми ја направија првата екстензија при што тука беше и др. Свето па срекно се испративме еве ме 2 дена без тромадоли акоксии дијзепами и што не :vozbud::чда:

Се движам исправенп имам уште 4 екстензии неделно по една...се надевам дека ке се вратам во нормала сега само имам некое тапо затегнување на моменти но го игнорирам па што сака нека биде не пијам апче :facepalm:....

Сакам да го пофалам прекрасниот персонал кој работи во клиниката ( AMSAD PREVENTIVA ) на др Свето која се наоѓа на Jordan Mijalkov, Skopje 1000 на самата раскрсница која води кон државна болница на семафорите вртите левo.

Вреди да се проба и многу благодарност до членот кој неколку страници наназад бил спасен од екипажот на клиниката...

Среќно и се надевам на некој кe му дадам утеха со постот.

Само храбро и поздрав :duel::masa:[DOUBLEPOST=1530935102][/DOUBLEPOST]
Лозанче е неврохирург, немаш потреба од него ако хернијата не е од висок степен и неизбежна ти е операција. Оди кај физијатар подобро, ќе ти каже што треба да правиш. Јас го препорачувам д-р Зоран од Промедика. Мене многу ми помогна.

Ќе има денови кога ќе имаш болка,а ќе има и кога ќе заборавиш дека си имал дискус хернија. Пешачи повеќе, избегнувај долго седење, пливај и прави редовно вежби за затегнување на грбот и истегнувања (ова кога ќе се ослободиш од болката).
читај јас што напишав исто активен во фитнес центар
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom