Почина Петар Ивановски-Тиквар

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
НА ПЕРО ИВАНОСКИ – ТИКВАР – УЧЕСНИК ВО НОАВМ И УЧЕСНИК НА АСНОМ

На 27 јуни 2018 година почина Перо Иваноски – Тиквар.
Перо Иваноски Тиквар е роден на 28 април 1920г во Прилеп, во занаетчиска безимотна фамилија. Гимназија завршил во Прилеп. Од својата тринаесета година работи како калфа. Во 1935г како напреден младинец, станал член на СКОЈ, а наредната 1936г го истакнал црвеното знаме на Маркови кули во Прилеп. За член на КПЈ е примен во 1938 година. Организационен секретар на Месниот комитет во Прилеп бил од 1940 година, кога се среќава со Светозар Вукмановиќ – Темпо и Кузман Јосифовски - Питу. Во април истата година станал организационен секретар на Покраинскиот комитет на КПМ. Во 1940 година бил иабран за член на ПК и за делегат на Петтата земска конференција на КПЈ во Загреб и присуствува на истата. Во 1941г во време на фракционерските борби, застанал на страната на Методија Шаторов - Шарло. Согледувајќи ги грешките на политиката на Шарло, се приклучил на новоизбраниот ПК на КПМ.
Во 1942г станал секретар на МК Скопје и член на Покраинскиот штаб. Истата година, излегол во партизани на качанички терен, а потоа и на велешкиот терен каде станува член на оперативниот штаб. Во 1942г е затворен од бугарската полиција и осуден на 15г затвор. Во Идризово издржал 27 месеци затворска казна, сѐ до 27 јули 1944г кога со група затвореници успеал да избега. По бегството од затворот, на кумановски терен се приклучил како борец на Третата МНОУ Бригада. Како борец на бригадата учествува во борбите на Табановце, Глишиќ, Лојане, Кратово. На 2 август 1944г е избран за член на АСНОМ и учествува на Собранието во Манастирот Прохор Пчински.
Со формирањето на 11-та МНО Бригада на 29 август 1944г во село Пелинце – Кумановско, бил политички комесар на Бригадата, до 25 септември 1944 година. Како борец на Бригадата учествувал во борбите на Страцин на 5 септември, потоа ослободувањето на Кратово и Пробиштип на 8 септември 1944г. Учествува во разоружувањето на бугарската дивизија кај с.Довезенце и ослободувањето на Свети Николе. На 20 септември 1944г во с.Горно Врановци, велешко, влегува во состав на Трета МНОУ Бригада. Како борец на оваа бригада на 28 септември 1944г влегува во состав на 48-та македонска народноослободителна дивизија и станува политички комесар на дивизијата.
Учествува во ослободувањето на западниот дел на Македонија. По ослободувањето учествува во обновување на земјата како успешен општественик и стопанственик.
Како член на Сојузот на борците на Македонија 1941-1945, активно учествува во неговата работа во зачувување и негување на придобивките од државотворната Народноослободителна и антифашистичка борба.
Неговото учество во македонската револуционерна борба е од големо значење. Сојузот на борците на Македонија на последното простување му благодари за целиот живот и дело.
Нека му е вечна слава.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.050
Поени од реакции
12.592
Бог да го прости !!!

Навреме си починал, за да не биде сведок на срамот и велепредавството кои се случуваат и допрва ќе се случуваат во Македонија, а кои ја помножуваат неговата жртва за Македонија и за Македонците не со една НУЛА, туку со ДВЕ НУЛИ.

Петар Ивановски - Тиквар
28 април 1920 - 27 јуни 2018

Лесна му земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 
Последно уредено:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.868
Поени од реакции
17.657
Иначе тој е последниот жив делегат од АСНОМ. Лесна му земја
 
Член од
16 февруари 2018
Мислења
37
Поени од реакции
6
Учествува во разоружувањето на бугарската дивизија кај с.Довезенце ....
:pos::pos::pos:

90% от полицаите и военните во Вардарска МКД през 1944 г. се родени во МКД.
Во БГ се повлекуваат 3-4000 војници.

Моритури нихил ниси бене!!
НО
Според:
Милевски, Стиле. Борци за Македонја: револуционер по професија. Сеќавања 1941/1944, Скопје 1994, с. 42.

Тиквар е кажал:
јас ке го обесам мојот татко.“
Татко му "соработник со окупаторот".

Според Македонска енциклопедија, том I. Скопје, Македонска академија на науките и уметностите, 2009. ISBN 978-608-203-023-4. с. 590.
След ВСВ Тиквар е член на ОЗНА - југославска тајна полиција, која-што ги уништи Ченто, Шатев и т.н.

Мнооого има да четете историја за ВСВ, ама мноооого.
 
Последно уредено:

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Tikavar
prv direktor na RŽ Želzarnica Skopje -Skopje
pati skopj ene greška
ime na fabrikata bilo.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom