Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
- Член од
- 1 ноември 2011
- Мислења
- 8.603
- Поени од реакции
- 15.409
НА ПЕРО ИВАНОСКИ – ТИКВАР – УЧЕСНИК ВО НОАВМ И УЧЕСНИК НА АСНОМ
На 27 јуни 2018 година почина Перо Иваноски – Тиквар.
Перо Иваноски Тиквар е роден на 28 април 1920г во Прилеп, во занаетчиска безимотна фамилија. Гимназија завршил во Прилеп. Од својата тринаесета година работи како калфа. Во 1935г како напреден младинец, станал член на СКОЈ, а наредната 1936г го истакнал црвеното знаме на Маркови кули во Прилеп. За член на КПЈ е примен во 1938 година. Организационен секретар на Месниот комитет во Прилеп бил од 1940 година, кога се среќава со Светозар Вукмановиќ – Темпо и Кузман Јосифовски - Питу. Во април истата година станал организационен секретар на Покраинскиот комитет на КПМ. Во 1940 година бил иабран за член на ПК и за делегат на Петтата земска конференција на КПЈ во Загреб и присуствува на истата. Во 1941г во време на фракционерските борби, застанал на страната на Методија Шаторов - Шарло. Согледувајќи ги грешките на политиката на Шарло, се приклучил на новоизбраниот ПК на КПМ.
Во 1942г станал секретар на МК Скопје и член на Покраинскиот штаб. Истата година, излегол во партизани на качанички терен, а потоа и на велешкиот терен каде станува член на оперативниот штаб. Во 1942г е затворен од бугарската полиција и осуден на 15г затвор. Во Идризово издржал 27 месеци затворска казна, сѐ до 27 јули 1944г кога со група затвореници успеал да избега. По бегството од затворот, на кумановски терен се приклучил како борец на Третата МНОУ Бригада. Како борец на бригадата учествува во борбите на Табановце, Глишиќ, Лојане, Кратово. На 2 август 1944г е избран за член на АСНОМ и учествува на Собранието во Манастирот Прохор Пчински.
Со формирањето на 11-та МНО Бригада на 29 август 1944г во село Пелинце – Кумановско, бил политички комесар на Бригадата, до 25 септември 1944 година. Како борец на Бригадата учествувал во борбите на Страцин на 5 септември, потоа ослободувањето на Кратово и Пробиштип на 8 септември 1944г. Учествува во разоружувањето на бугарската дивизија кај с.Довезенце и ослободувањето на Свети Николе. На 20 септември 1944г во с.Горно Врановци, велешко, влегува во состав на Трета МНОУ Бригада. Како борец на оваа бригада на 28 септември 1944г влегува во состав на 48-та македонска народноослободителна дивизија и станува политички комесар на дивизијата.
Учествува во ослободувањето на западниот дел на Македонија. По ослободувањето учествува во обновување на земјата како успешен општественик и стопанственик.
Како член на Сојузот на борците на Македонија 1941-1945, активно учествува во неговата работа во зачувување и негување на придобивките од државотворната Народноослободителна и антифашистичка борба.
Неговото учество во македонската револуционерна борба е од големо значење. Сојузот на борците на Македонија на последното простување му благодари за целиот живот и дело.
Нека му е вечна слава.