- Член од
- 31 март 2008
- Мислења
- 2.598
- Поени од реакции
- 1.931
Французите се такви - следат правила, норми, закони... од мали така се учат, што е и добро за државата. И си ја сакаат државата и го користат до максимално правото на глас. Критикуваат и се жалат нон стоп, а државата им е предобра и нуди одлични можности за успех, дури и ако си странец.malce burn za retardite sto mislat `smeni ime, vlezi vo EU`
https://www.dw.com/mk/е-сега-е-капитулација/a-44444325?maca=mk-Twitter-sharing
Но баш тоа критикување постојано на државата носи кон смена и поправање на нефункционалностите во француското општество.
Макрон не е ништо поразличен. Француз е и верува силно во Европската Унија. Цела кампања му се базираше на неа и на борба против синдикатите кои имаат монополи во државата. Еве ја Железницата на Франција штрајкува со месеци по 2 дена во неделата баш против тие реформи кои сака да ги прави.
Затоа и ќе ја блокираат Македонија, додека не се поправи самата од внатре. Не можат да си дозволат нов вирус да влезе во ЕУ, како што беше случајот со Бугарија и Романија. Ај Бугарите не питачат по улица, но Романциве... на секој ќош пари бараат а не работат!
Чисто за споредба - на факултет бројот на Французи изразен во % е многу помал од бројот на Македонци во Македонија изразен во % кои препишуваат на испит, или пробуваат да мамат на некој начин... бидејќи после 2 години не можат да се запишат никаде во Франција на студии, ако ги фатат. И да знаеш дека навистина казнуваат ако те фатат како мамиш.
Дава многу помош државата ако знаеш каде да ја побараш. Има огромна помош за студентите еве конкретно, само да си мотивиран да учиш. Од социјален аспект поставено е како бајка ако споредеме со системот во Македонија.
Но овде не учат да бидат во партија, овде учат за да имаат знаење. Тоа е таа разлика.