Ако не можете да издржите неколку дена минус 3% тогаш другарчиња не сте за берза. Извадете си ги парите орочете си ги во банка на 2 % камата годишно и бидете среќни ако инфлацијата во годината е помала. И не замарајте со апокалиптични сценарија за земјава, берзата...
Што да ви кажам на тие што продавате КБМ на 4 и 900, дека банката има "плен" оваа година од околу 40м ЕУР?! По пазарна цена на акција (5к) банката излегува дека вреди 180 М додека СТБ 275м колку за споредба, книговодствената и пазарната денес на кбм се егал. Другите големи банки се 25-30 % повисока пазарна цена во однос на бук. Мислите глупави се тие што купуваат деновиве на црвено? Зашто е толку голем прометот со акцијата? Како паѓа цената секој ден прометот е се поголем. Ве издриблаа кога идеа во плус 3, 5, 7, 10% ве дриблаат и деневиве кога се во црвена боја цените. Давам мое мислење, не сугерирам на никому ништо, секој сам нека одлучи. Испаничивте со ТНБ кога намали дивиденда, испаничивте со Гранит кого продававте на 700ден, паничите и сега со КБМ и МПТ!
Некој погоре пиша дека поминале 6 илјади акции во првиот саат на тргување на КБМ, тоа е промет од 30М а така крах не мириса.