Кире јас не сум на берза само за 40%, јас играм долгорочно. Мене ми е поубаво да земам секоја година по 15% отколку еден месец 40% . . .
Берзата ја поебаа во 2006/07 неписмени битанги што купуваа СТИЛ и РЖ, а не Грујо . . . Грујо излегуваше на ТВ и ги предупредуваше луѓето за ризикот, а Чомовски, ХаџиМишев, газдите на фактор.мк неоправдано ја билдаа . . . .
овие последните и сега тоа го прават преку нивниот портал . . . .
Јас немам ништо против НАТО, но имам против такви како тебе што ја пласираат таа приказна и заведуваат народ . . .
Откако ќе експлодира балонот НАТО никој жив нема да ја врати берзата следните 2-3 години . . .
1.
Татко ти и останатите што земале кредити за да се коцкаат на берза се ТИЕ неписмени битанги за кои пишував горе, тие се оние што ја срушија берзата . . .
2.
Ти веруваш во Заев зошто дома ти переле памет со години, а не дека гледаш некој реален напредок. Кажи една инвестиција од тие 200 компании кога ќе почне да работи, гледај нека вработуваат барем 300 луѓе и да не е Џонсон Мети ???
Каква е економијата зборува фактот дека 2 година сме на НУЛА . . .
https://www.youtube.com/watch?time_continue=141&v=JbT9dv_GUUg
(еве еден од СДСМ зборува за тоа, немора мене да ме читаш и слушаш)
Нека донеси Заев 5 фабрики по 1000 вработени, нека не крева даноци и акцизи и ете јас ќе станам негов фан. . . . Но знам дека Љубе, Самка, Шапурич не се способни тоа да го сторат. Министрите во влада се тотално неспособни затоа нема резултати. Тие се таму поради политички заслуги, а не поради способност . . .
Јас го пишувам само она што го гледам без емоции . . . . Груевски го почитувам дека намали даноци и дека вработи 170.000 луѓе и донесе доста фабрики, а не дека ми е зет за братучетка . . .
p.s.
Од 2014 до 2016 година многу поискусни инвеститори извозија акции на кои имаа ќар по 100/150% годишно (ТНБ, СТБ, ППИВ, Тетекс, ПКБ, ОХБ ) и за тоа никаков политичар не беше заслужен. Како што и денес за овој раст никаков политичар не е заслужен . . . .
Во тој период од 3 години направивме по 400 - 500% добивка и за тоа не е заслужен Груевски . . . . туку ние самите кои верувавме во тие фирми и инвестиравме кога никој за берза не зборуваше. . . И сега чекаме некој ваков Ултрас да му утрпиме по некоја акција и мирно да се пензионираме.
Прашај го Грими колку акции од СТБ има купено на 130 денари ???
Јас имам ТНБ купувано на 1700, ОХБ на 950 денари, СТБ на 190 денари ???
Прашај го Декис колку луѓе купувале Тетекс кога тој првично почнал да го собира на 300 денари . . .
Така да брат нас не ни е потребно НАТО . . . Нато им треба на оние со СТИЛ акции.
А татко ти што не ги вратил парите 10 години значи дека не ги разбирал работите. И јас изгубив првично цел стан на берза, но седнав, учев едно 2-3 години и после се ми се врати многукратно . . . Искоцканиот стан ми донесе неколку нови станови . . . . Но пази Стил го продадов со 15% загуба, Млаз со 70% загуба, Кабли Неготино одвај се извлеков . . . и си купив СТБ . . . .
Се е школо само треба да сакаш да учиш . . .
А кога ќе се јават некои поискусни фраери кои сакаат да те подучат не се инаети туку гледај нешто да купиш.