Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
БРИКС а сите се тепаат да возат Германски автомобили, сите гледаат амерички филмови, трчаат по долари и евра...вадат Бугарски за да одат да живеат во земјите на Запад...
Немам слушнато некој да се тепа да оди да живее во Бразил, Русија, Индија, Кина или во ЈАР.
Инаку чарето држи вода, само кој ќе се најде јунак да го споведе како што велиш ти, во пракса.
Кој ментален склоп е ова, тоа е чудо едно... Настрана тоа што Бафра никаде не спомнува Брикс како алтернатива... Вака да те прашам... Дали знаеш колкав пазар е Бразил, Русија Индија, Кина и ЈАР за Германската автомобилска индустрија.... И пази сеа... бмв и Мерцедес ич кур не ги боли што ете Македонците вадат пасош и одат во западните земји, овие пак своите автомобили ги продаваат и во БРИКС...
Овој мајндсет е уништувачки за Македонската економија....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Епа значи треба да се запне, да се тргне корупција, да се работи поштено, да се изгради висока национална свест, правото да профункционира и све ќе биде како што треба.... а тогаш нема да ни треба ЕУ ни НАТО... тогаш ќе си бидеме богати и без нив....Тогаш ќе си изградиме самите све тоа што ни треба и метро и чуда... Без да ни даваат квоти, без да ни даваат услови, без да не тераат да примаме бегалци... и што е најважно без да не уценуваат да го смениме името...
Eве ти еден лајк за романтикава што ја пишуваш ако ништо друго :)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Не, не. Слободни стрелци се, кои се надеваат на руски пари. Или некоја инсталација на наша служба. Ама не па и дека Русија е нешто заинтресирана да се огради.
Зошто би се оградила од некој кој гаи симпатии кон нив... Јас дури верувам и дека редовно се во комуникација со амбасадорот на Русија во Скопје, ама искрено неверувам дека има некакви сугестии или слично... Пошто и кај нив има доста резерви, може секој да се протне така и да направи контраефект.... Јас мислам дека Русија игра доста суптилно кај нас....
 
B

Bafra

Гостин
Јас сакам во БРИКС, од каде тоа? БРИКС јас го гледам како пазар алтернативен на ЕУ (иако самостални не значи дека ќе го изгубиме ЕУ пазарот), а не како организација во која би се зачлениле.
Ти можно е да работиш нешто со програмирање или поврзано со ајти секторот па затоа немаш претстава за трговија, пазар, локација, логистика :D

Од земјите во БРИКС што тоа можеш да им понудиш... :toe: А и да најдеш нешто да им понудиш, транспорт до таму и време и цена ќе ти бидат проблем. Затоа остај алтернативи, концентрирај се на тоа што си напишал за нас самите да засукаме ракавите (y) .

NEOM градот што ќе го градат Саудиска Арабија и Израел можда таму има работа за тебе ;)

Социјализам велиш не го бидувало, еве дојде капитализам.
Пак ќе ти повторам: НЕМАМЕ капитализам.
Затоа ти пишувам, немаш претстава од реалноста од економски аспект, од други области можда.

Јунак не треба, туку свеста кај народот да се смени, а тоа е невозможна мисија, паметните и вредните си заминаа или чекаат пасош па да заминат :D


Така е Грција и Бугарија сами си направиле држава и се ослободиле од Турците. (y)
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.312
Поени од реакции
8.800
Во таков случај Москва сериозно би размислила да се вклучи во македонската политичка сцена. Не преку кловнови како Бачев.
Уште поинтересно ќе биде во таа претпоставена ситуација каквa ќе биде реакцијата на Владата бидејќи денешната одлука на советот ја продаваат (или бар се обидуваат) како датум за почеток на пристапните преговори...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Ти можно е да работиш нешто со програмирање или поврзано со ајти секторот па затоа немаш претстава за трговија, пазар, локација, логистика :D

Од земјите во БРИКС што тоа можеш да им понудиш... :toe: А и да најдеш нешто да им понудиш, транспорт до таму и време и цена ќе ти бидат проблем. Затоа остај алтернативи, концентрирај се на тоа што си напишал за нас самите да засукаме ракавите (y) .

NEOM градот што ќе го градат Саудиска Арабија и Израел можда таму има работа за тебе ;)
Реков, не верувам дека пазарот во ЕУ ќе се изгуби ако останеме надвор од ЕУ ... Но зошто да не октриваме и нови пазари... Го спомна Израел, незнам дали знаеш, но Израелски компании се доста присутни во Индија и во Русија колку што знам јас... и како инвеститори и како вендори и како продавачи....земја со низок степен на развој е многу подобра за соработка и инвестиција, пошто опсегот потребен за економски раст е поголем и има поголема побарувачка ...
Но да се вратам... јас преферирам квалитет пред квантитет... на пример висок квалитет во прехранбената индустрија е основа која може да ни пружи брз економски развој...Инвестирање во брендови, здрава и органска храна и така натака.. Е сега проблемот со земја во транзиција се олигарсите, кои не препознаваат можности, пошто нивниот капитал не е стекнат во класичен капитализам туку во тендерашки постсоцијализам, со чест на исклучоци нели.. и за нив секое вложување надвор од градежната индустрија претпоставува ризик...
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Кој ментален склоп е ова, тоа е чудо едно... Настрана тоа што Бафра никаде не спомнува Брикс како алтернатива... Вака да те прашам... Дали знаеш колкав пазар е Бразил, Русија Индија, Кина и ЈАР за Германската автомобилска индустрија.... И пази сеа... бмв и Мерцедес ич кур не ги боли што ете Македонците вадат пасош и одат во западните земји, овие пак своите автомобили ги продаваат и во БРИКС...
Овој мајндсет е уништувачки за Македонската економија....
Знам колкави пазари се земјите на БРИКС, знам и кој е нивниот потенцијал, знам и за нивоата на економски раст кој што го доживуваат последниве децении. Знам дека Кина има реални шаниси и да ги помине и САД по основ на големина на БДП.

Меѓутоа исто знам дека најголемиот дел од извозот ни оди во земјите на ЕУ, претежно во Германија. Исто знам дека логистички гледано земјите на ЕУ ни се пазар поблизок од на пример Бразил. Географски сме во Европа, цел регион е или во ЕУ или претендира да стане дел од ЕУ. Културолошки сме поблиску до Западот од колку до Кина или Индија, макар што сме сеуште гомно народ. Најголем дел од дијаспората ни се наоѓа или во САД, Канада, Австралија или во Западна Европа. Најголем дел од странските инвестиции во државава доаѓаат од Германија.
Ако одиме по логика број на население, до крајот на векот Африка ќе го дуплира бројот на жители, тоа не значи и дека ќе бидат побогати.

Културолошки Западот сеуште доминира. Таа поп култура беше и една од причините зошто комунизмот пропадна.
Западот не е сјаен, но која алтернатива ја имаме? Една рака земја сме со еден куп малцинства.[DOUBLEPOST=1530056985][/DOUBLEPOST]
Пак ќе ти повторам: НЕМАМЕ капитализам.
Затоа ти пишувам, немаш претстава од реалноста од економски аспект, од други области можда.
Не ми збори за реалноста, посебно не од економски аспект, ја живеам секој ден. Ја знам и твојата реалност, барем во онаа во која што живееш и каде работникот е преблагодарен за 200 евра плата оти можи и ич! Таа твојата реалност е дистописка за обичниот човек.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Знам колкави пазари се земјите на БРИКС, знам и кој е нивниот потенцијал, знам и за нивоата на економски раст кој што го доживуваат последниве децении. Знам дека Кина има реални шаниси и да ги помине и САД по основ на големина на БДП.

Меѓутоа исто знам дека најголемиот дел од извозот ни оди во земјите на ЕУ, претежно во Германија. Исто знам дека логистички гледано земјите на ЕУ ни се пазар поблизок од на пример Бразил. Географски сме во Европа, цел регион е или во ЕУ или претендира да стане дел од ЕУ. Културолошки сме поблиску до Западот од колку до Кина или Индија, макар што сме сеуште гомно народ. Најголем дел од дијаспората ни се наоѓа или во САД, Канада, Австралија или во Западна Европа. Најголем дел од странските инвестиции во државава доаѓаат од Германија.
Ако одиме по логика број на население, до крајот на векот Африка ќе го дуплира бројот на жители, тоа не значи и дека ќе бидат побогати.

Културолошки Западот сеуште доминира. Таа поп култура беше и една од причините зошто комунизмот пропадна.
Западот не е сјаен, но која алтернатива ја имаме? Една рака земја сме со еден куп малцинства.
Ок ај пишав прееска и пак ќе пишам.... Имав можност да работам во Израелска компанија која имаше доста соработка со Индија, Русија, Филипини, Сингапур и Турција... Ајде Турција е блиску до нив, меѓутоа што е со Индија и Русија.... Индија и Русија и се исто далеку како и нам... И Евреите претежно имаат дијаспора во западните земји и менталитетот им е западен иако се гомно народ нели....

Не иде логиката ако има дупло народ дека ќе се побогати, туку логиката е дека тој што ќе ги снабдува со храна ќе биде побогат... тој што ќе ги снабдува со Автомобили и енергенси ќе биде побогат.... Тој што им го држи транспортот ќе биде побогат... Тој што им ја држи телеком индустријата ќе биде побогат и така натаму.... Тоа е пазар, не те интересира дали се богати или не.... туку дали можеш да го пласираш твојот производ или услуга....

Зарем на Карлос Слим му е блиску Македонија што го држи телекомот тука кај нас... И мислиш го интересира дали луѓето се селат од тука и дека одат на запад, а не у Русија или кај него у Мексико...

Цел свет живее по западни правила... Дури и Русија е западна земја... Кина и Индија живеат во западен систем, создаден во Европа...

Западот не е сјајен исто како и истокот... Но не се сјајни дека ние чекаме од бога росица... Да работевме овие 27 години како што треба, а не да чекавме да ни даде ЕУ... До сега ќе бевме буквално Швајцарија....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Можеш ли да ме негираш во тоа што го пишав? Тоа е дефиниција за успех...
Јас не реков дека не е добро тоа, само нема да се случи кај нас тоа.

Овој народ упорно греши 27 години и не гледам дека му се сменил умот :)
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.414
Јас не реков дека не е добро тоа, само нема да се случи кај нас тоа.

Овој народ упорно греши 27 години и не гледам дека му се сменил умот :)
тоа е
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Ок ај пишав прееска и пак ќе пишам.... Имав можност да работам во Израелска компанија која имаше доста соработка со Индија, Русија, Филипини, Сингапур и Турција... Ајде Турција е блиску до нив, меѓутоа што е со Индија и Русија.... Индија и Русија и се исто далеку како и нам... И Евреите претежно имаат дијаспора во западните земји и менталитетот им е западен иако се гомно народ нели....

Не иде логиката ако има дупло народ дека ќе се побогати, туку логиката е дека тој што ќе ги снабдува со храна ќе биде побогат... тој што ќе ги снабдува со Автомобили и енергенси ќе биде побогат.... Тој што им го држи транспортот ќе биде побогат... Тој што им ја држи телеком индустријата ќе биде побогат и така натаму.... Тоа е пазар, не те интересира дали се богати или не.... туку дали можеш да го пласираш твојот производ или услуга....

Зарем на Карлос Слим му е блиску Македонија што го држи телекомот тука кај нас... И мислиш го интересира дали луѓето се селат од тука и дека одат на запад, а не у Русија или кај него у Мексико...

Цел свет живее по западни правила... Дури и Русија е западна земја... Кина и Индија живеат во западен систем, создаден во Европа...

Западот не е сјајен исто како и истокот... Но не се сјајни дека ние чекаме од бога росица... Да работевме овие 27 години како што треба, а не да чекавме да ни даде ЕУ... До сега ќе бевме буквално Швајцарија....
Тоа што ти си го сретнал и видел во поразвиените земји ти е ефект на глобализација. И вистина, секоја земја бара нови пазари за пласман на своите производи и истовремено и земји од каде што ќе може да црпи суровини за да ги направи тие производи. Тоа се ти е во доменот на глобалните снабдувачки синџири каде што главна улога играат ТНК - транснационалните компании. Тие имаат седиште пример во Германија, дизајнот на производот се развива во Италија, суровините се набавуваат од Индија, финалниот производ се склопува во Кина, за маркетинг е задолжена некоја Х компанија од САД, дистрибуција врши друга фирма...се тоа ти е еден голем глобален синџир, значи збориме за глобални компании. И каде се наоѓаат топ 10 те најголеми транснационални компании? Изгуглај. 80% од нив потекнуваат од Западните економии, пред се САД и Западна Европа. Кај нив е сконцентриран најголемиот дел од светскиот капитал. Најбогат светски пазар моментално е ЕУ. Брои некаде над 500 милиони жители и Кина моментално се тепа логистички да се поврзи со него.

Каде сме ние во целата оваа приказна? Што имаме ние да понудиме на светот, реално? Гајбите со домати на Димитров по се изгледа. Ефтина работна рака, друго ништо. Не дека немаме потенцијал економски да растеме, не велам ни дека треба источните пазари во целост да ги отфрлиме, напротив. Но сепак наш главен императив треба да бидат пазарите на ЕУ, таму се стреми цел свет, од таму треба да земаме пример. Географски ни се најблиску исто и култоролошки. Ние сме мала земја, тоа е најдалеку моментално каде што можеме економски да фигурираме, европскиот пазар.

Премногу сме мали за економски да бидеме интересни за земјите од Брикс. Единствено геополитички а тоа скоро никогаш не излегло добро за нас.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Како со бојкот на референдумот ќе се зачува името!? Нема повторно да се случи Центар каде се пропагираше народот да не излезе на референдум, само сега позицијата на ДМПНЕ е многу покомплицирана. За време на референдумот во Центар беа на власт и контролираа речиси се’, а денес немаат вистински политички лидер кој ќе ја обедини партијата, имаат само 4-5 општини и климава пратеничка глупа. Речиси сите албанци ќе ти излезат и ќе гласаат За, башка тоа што и голем дел од македонците (и останатите малцинства) ќе гласаат за истата опција. Како и да рачунаш, референдумот ќе биде успешен ако се удри на опцијата бојкот. Но по моја логика мора да го направат облигаторен. Ова е битно и суштинско национално прашање и за истото мора да се изјасни секој граѓанин. Секако тоа е фрлање на коцка и ризикување за бош затоа што има и неутрални граѓани кои не знаат како ќе се изјаснат по даденото прашање. Тоа е едната празнина, а другата е во тоа што нема простор за полнење на кутиите, па така нема да има потреба да вадиме политичари од вреќи или пак за шпекулираме за евентуални фантоми, кои постојат и циркулираат, но не знаеме во кој обем и боја. :)
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Ај можда за 150 години коа ќе отпочнат смена на името у Поларна Македонија ќе не примат у ЕУ. Абе у уста да ги ебам има некој нормален и со муда да каже не мењам име без ЕУ??? Кој курац можда у 2019 ќе сме добиеле покана, у уста да ги ебам у 2019. Со ова никад нема да им успее Референдум, никад, макар Радмила и Фрчко Меџународна .бројале гласови.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.316
Поени од реакции
11.686
Ќе излезе глупио и поткупен Мицко на референдум,а потоа местенките се неизбежни.
Кој идиоти се комуњариве на чело со @Zarniwoop ќе видете деновиве,кога нивните главни аргументи за ЕУ им пропаѓаат.ПОВТОРНО со главата во ѕид ќе го подржуваат слепо предавникот.Пошто така се програмирани,на се да се оди контра и до крај.Поголеми корупкари и од најпростите сендвичари сте.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom